Англискиот град Солсбери деконтаминиран од Новичок
Воените специјалисти ја предадоа контролата на локалната власт врз последната локација поврзана со нападот, односно домот на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во градот, изјави бригадниот министер Дејвид Саутал. Домот на Скрипал беше една од 12 потенцијално контаминирани локации.
