На листата на фаворити на СДСМ се Спасовски, Шекеринска, Пендаровски, Димитров
„Поминува Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Ѓорѓи Филипов, Имер Селмани, поминуваат и други личности. Јас сум демократ човек, јас секако ќе влијаам на овие одлуки ако претходно било што соопштам рано. Сите анализи им се достапни на оние што одлучуваат, сите, буквално сите анализи и верувам дека ќе донесеме паметна одлука, се работи за државата наша“, изјави Заев, прашан што покажуваат анализите кој поминува и кај албанското гласачко тело и кај неопределените.
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, пред состанокот во седиштето на партијата рече дека разгледуваат десет клучни кандидати, а четири се фаворити согласно анкетите.
