Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2019

Србија шеста во светот по бројот на заболени од морбили

0
УНИЦЕФ соопшти денеска дека бројот на случаите на морбили се зголемува со алармантно ниво ширум светот, а предводници се 10 земји каде се регистрирани три четвртини од новите случаи на мали сипаници.


Во периодот меѓу 2017 и 2018 година најголемо зголемување на бројот на случаите на мали сипаници имало во Украина 30 338 заболени, потоа Филипини 13 192, Бразил 10 262, Јемен 6641, Венецуела 4.916, нашиот северен сосед Србија со 4355 е на шестото место, следуваат Мадагаскар 4307, Судан 3496, Тајланд 2758 и Франција со 2269 случаи во тој период.


„Ова е повик за будење. Имаме безбедна, ефикасна и евтина вакцина против многу заразна болест, вакцина која зачувува речиси еден милион животи секоја година во текот на последните две децении. Овие случаи не се случија преку ноќ. Недостиг на акција денеска, значи катастрофални последици за децата утре“, изјави Хенриета Форе, извршен директор на УНИЦЕФ.


На глобално ниво, 98 земји пријавиле повеќе случаи на мали сипаници во 2018 година.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *