Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2019

Анѓушев - Економијата бележи раст, невработеноста се намалува

0
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, изјави дека економијата во земјава бележи континуиран раст, дека се раздвижени активностите во сите сектори, а тоарезултира со значително намалување на невработеноста и зголемен притисок на пазарот на труд за покачување на просечните плати. Тој денеска на прес-конференцијата го презентираше моделот за поддршка за изградба на нови фотонапонски електрани на државно и приватно

земјиште.


Анѓушев потсети дека Владата ја презема економијата со негативна стапка на раст од -1,7 отсто, а сега, според податоците во последниот квартал на 2018 година стапката на раст изнесува 3,7 отсто.


„Индустријата е сериозно раздвижена, во јануари 2019 година бележиме раст на индустриското производство од над 12 отсто, а во земјоделството бележиме пораст на насадени површини, очекуваме позитивни бројки кога станува збор за раст на

Бруто домашниот производ во 2019 година“, рече вицепремиерот Анѓушев.


Во однос на намалувањето на невработеноста и зголемувањето на платите, вицепремиерот изјави дека очекува дополнително намалување на стапката на невработеност, како и раст на платите, како резултат на отворање на нови работни места, пред сè, во приватниот

сектор.


 














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *