Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2019

Германската Амбасада реагира на изјавата на Мицкоски за Нирнбершките процеси

0
Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, смета Амбасадата на СР Германија во Скопје.


Во својата писмена реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која судењето за случајот „27 април“ го спореди со Нирнбешките процеси, амбасадата наведува дека „со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“.


“Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи”, се наведува во посмената реакција на германската Амбасада.


Амбасадата на Сoединетите Држави во Северна Македонија вчера реагираше на, како што оцени, потпалувачките изјави на политички лидери што предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершките процеси.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *