Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2017
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31

Новости за 20.12.2017

Сенатот на САД ја усвои даночната реформа

SlobodnaEvropa.mk 

Сенатот на САД ја усвои нацрт фискалната реформа и даночните олеснувања што ги вети претседателот Доналд Трамп. Претходно тоа беше сторено и во Претставничкиот дом. Откако мина во Сенатот во кој како и во Претставничкиот дом републиканците имаат мнозинство нацрт законот се враќа на финално гласање во Претставничкиот дом кој треба да заседава во текот на денов.

Владата го утврди законот за ратификација на Договорот со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Како што информира владината прес-служба, Предлог-законот ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија. Овој договор го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август годинава во Скопје и ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван во парламентите на двете земји.

Петровски: Ако се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ тој ќе биде нелигитимен

SlobodnaEvropa.mk 

Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата, изјави за телевизијата Телма дека целосно ги поддржува предлозите на група истакнати членови за нефаворизирање на кандидат за претседател, за одложување на Конгресот и за колективно претседателство на партијата. Според Петровски, фаворизираниот кандидат е генералниот секретар Христијан Мицковски и тој нема поддршка од членството на партијата, а доколку се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ викендот во Валандово тој ќе биде нелигитимен.

Усвоен буџетот на Грција, владата вели последен со финансиска помош

SlobodnaEvropa.mk 

Грчките законодавци синоќа со мнозинство гласови го одобрија буџетот на земјата за 2018 година. Владата вели дека тој ќе биде последен со услови од меѓународните доверители за финансиска помош на земјата. Овие услови ја држеа Грција во состојба на строго штедење скоро осум години.

Џафери во посета на Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Делегација на Собранието на Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, престојува во тридневна посета на Албанија. Предвидено е претседателот на Собранието, Џафери, за време на посетата да има средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, со претседателот на албанскиот Парламент Грамоз Ручи, заменикот на претседателот на Владата, Сенида Меси и со лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша. Џафери ќе го посети и Пустец... Читать дальше...

Времето денеска: претежно сончево

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени. Во Скопје ќе биде Претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *