Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Новости за 06.02.2018

Во напади во близина на Дамаск загинале најмалку 45 цивили

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 45 цивили загинале денеска во воздушни напади на руски и сириски воздухопловни сили врз бунтовничка енклава недалеку од Дамаск, соопштуваат активисти. До нападите доаѓа на еден ден откако 28 луѓе загинаа во владините напади во северозападната провинција Идлиб. Сириската опозициска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопштува дека во текот на денешниот ден биле бомбардирани десет градови во источна Гута, во близина на Дамаск.

Грчкото МНР ја поздрави одлуката за автопатот и аеродромот

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот. Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, стои во соопштението, јавува дописникот на МИА од Атина. „Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и... Читать дальше...

Касами останува претседател на Беса, одлучи Судот

SlobodnaEvropa.mk 

Основниот суд го одби барањето на дел од членството на движењето Беса, да се промени името на претседателот на партијата, со што Биљал Касами останува претседател на партијата. Судот постапуваше по барањето на дел од членството, кое на Централен совет го смени Касами и на негово место го именуваше Неџбедин Каремани. Двете фракции одржаа прес конференции по одлуката на судот. За приварзаниците на Касами, одлуката на судот им става крај на шпекулациите. За другиот табар, пак, спорот за добивање на легитимитет се уште не е завршен. Читать дальше...

Николоски - Со преименувањето на аеродромот и автопатот не добиваме ништо

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО ДПМНЕ не гледа иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот фејсбук профил. Тој реагираше по прес -конференцијата на премиерот Зоран Заев, кој рече дека на владина седница донеле одлука автопатот кој води до Грција да се преименува во Пријателство, а аеродромот Александар Велики, да се вика Меѓународен аеродром Скопје. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во статусот прашува дали оваа постапка од страна на премиерот е дел... Читать дальше...

Советот на Битола не изгласа поскапување на водата, но таа ќе поскапи

SlobodnaEvropa.mk 

Битолскиот совет не изгласа поскапување на водата, но за неколку месеци таа и онака ќе поскапи, зашто одлуката не ја носи Советот, туку Регулаторната комисија за енергетика. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за поскапувањата.

Иран отфрла преговори за нуклерната програма

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани отфрла повторно да се преговара за програмата за нуклеарно наоружување, велејќи дека не сакаат да создадат оружје за масовно уништување. Иранскиот претседател, исто така, потврди дека не може да се преговара за договорот за нуклеарна програма склучен меѓу Техеран и светските сили во 2015 година. Иран тврди дека нивната нуклеарна програма е само за мирољубиви цели, додека Соединетите Американски Држави и други земји тврдат дека земјата се обидува да развие нуклеарно оружје. Читать дальше...

Заев: прифаќаме географска одредница за името

SlobodnaEvropa.mk 

На прес конференцијата во Владата посветена на стратегијата на ЕУ за Западен Балкан премиерот Зоран Заев рече дека се подготвени за географска одредница без да открие детали во интерес на преговорите за решавање на спорот за името. Тој ги објави и донесените одлуки за преименување на автопатот во Пријателство и скопскиот аеродром во Скопје

Заев: За Македонија е прифатлива географска одредница

SlobodnaEvropa.mk 

Ние сме подготвени на географска одредница за името, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. Но во име на успехот на преговарачкиот процес со Грција за спорот со името, тој не сакаше да коментира повеќе. Затоа, вели Заев, се пристапува со доза на внимателност. Премиерот изјави дека на владина седница е донесена одлука автопатот кој води до Грција да се вика „Пријателство“, а аеродромот Александар Велики, да се преименува во Меѓународен аеродром Скопје. Заев вели дека е оптимист... Читать дальше...



ЕУ балканска стратегија: Реформи и решавање на споровите

SlobodnaEvropa.mk 

Стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан е составена од 6 иницијативи кои се однесуваат на владеење на правото, безбедност и миграции, социјално-економскиот развој, транспорт и енергетска поврзаност, како и дигитална агенда и помирување и добрососедски односи. Но, како што порачаа од ЕУ, освен реформите, потребно е и решавање на отворените прашања.

Пред Уставен оспорен Законот за амнестија

SlobodnaEvropa.mk 

До Уставниот суд е поднесена иницијатива за оценување на уставноста на Законот за амнестија. Иницијативата ја поднесе адвокатот Сашко Дукоски. Тој смета дека треба да се преиспита членот три од Законот. Адвокатот оценува дека осудениците се дискриминираат и не добиле еднакво право според највисокиот правен акт и законите. Во оспорениот член пишува дека амнестијата не ги опфаќа осудените за убиство, силување и педофилија, за кривични дела против изборите и гласањето, за посредување во вршење проституција... Читать дальше...

Останува на сила одлуката на британскиот суд за апсење на Асанж

SlobodnaEvropa.mk 

Останува на сила одлуката на британскиот суд за апсење на основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Судијката Ема Арбутнот ја потврди одлуката донесена пред пет години за налог за апсење на Асанж. Таа постапуваше по барање на адвокатите на Асанж налогот за апсење да биде поништен, бидејќи за него повеќе не важи потерницата од Шведска. Шведското обвинителство се откажа од истрагата против него по обвиненијата за силување и го повлече барањето да биде испорачан во таа земја. Но судијката рече дека не е убедена дека налогот треба да биде повлечен. Читать дальше...

Стратегија на ЕК: Значителен напредок на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија прави забележли напредок на евроинтеграцискиот пат и Европската комисија (ЕК) е подготвена да изработи препорака за отворање на преговори врз основа на исполнети критериуми, се вели во Стратегијата на ЕК за Западен Балкан која на заедничката прес-конференција денеска ја претставија високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Во извештајот се посочува дека сите земји од Западен Балкан имаат... Читать дальше...

Кривичниот суд примил над 2.500 барања за амнеситја

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот суд согласно Законот за амнестија до денеска примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица, од нив две третини се решени и вратени до затворите, истакна на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Судот Иван Џолев. Ова не е вкупна бројка на осудени лица, додаде тој, туку бројка на барања, појаснувајќи дека од еден осуденик може да бидат поднесени и повеќе барања, како и дека барањата опфаќаат не само целосна, туку и делумна амнестија. Според Џолев, направен е увид во... Читать дальше...

Кривичниот суд примил над 2.500 барања за амнестија

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот суд согласно Законот за амнестија до денеска примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица, од кои две третини се решени и вратени до затворите, истакна на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Судот Иван Џолев. Ова не е вкупна бројка на осудени лица, додаде тој, туку бројка на барања, појаснувајќи дека од еден осуденик може да бидат поднесени и повеќе барања, како и дека барањата опфаќаат не само целосна, туку и делумна амнестија. Според Џолев, направен е увид во... Читать дальше...

МО: Поинтензивна соработка меѓу армиите на САД и Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија и САД имаат сеопфатна и континуирана соработка во областа на одбраната и заедничка заложба е таа соработка да биде уште поинтензивна, особено во делот специјалните сили на двете армии, заклучиле на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на командата за специјални операции на САД во Европа генерал-мајор Марк Шварц, соопшти македонското Министерство за одбрана. Министерката Шекеринска порача дека по подобрувањето на политичката состојба фокусот е ставен на стратешките цели... Читать дальше...

Годишно од рак умираат над 3.800 луѓе, најмногу во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија во 2016 година од рак починале 3.882 лица, повеќето мажи, најмногу заболени од карцином на бели дробови, а скопскиот регион предничи со абнормални заболувања, соопшти денеска Институтот за јавно здравје по повод 4 февруари – Светскиот ден за борбата против ракот. Според податоците, стапката на морталитет се движи од 183.3 на 100 илјади население во 2010 година на 187.3 во 2016 година, а после скопскиот регион кој е со најголем морбидитет следен е пелагонискиот со 126.2 жители на 100... Читать дальше...

Ердоган: САД работат против интересите на Турција во северна Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

САД работат против интересите на Турција, Иран и можеби на Русија во северна Русија, каде што испраќаат воени пратки во регионот контролиран од курдските сили, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.  Тој потенцира дека нема да им верува на САД ако изјават дека ќе испратат 5.000 камиони и 2.000 транспортни авиони со оружје наменети за борбата против Исламската држава.  Во меѓувреме и турскиот вицепремиер Бекир Боздад изјави дека Курдите од единиците Сили за заштита на народот... Читать дальше...

На 2 март ќе се одржи ново рочиште за случајот „Сопот“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за случајот „Сопот“ денеска почна од почеток поради смена на судскиот совет. На судењето беа присутни шестмина од десет обвинети кои се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на она што го кажале на претходните рочишта, додека не четворица ќе им се суди во отсуство бидејќи не се достапни за органите на прогонот. Следното рочиште е закажано за 2 март на кое исказ треба да дадат пет полициски службени лица. Во изјава за медиумите адвокатот Насер Рауфи рече дека доколку... Читать дальше...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во посета на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари неколкудневна работна посета во Вашингтон придружуван од партиска делегација, соопшти партиската прес-служба. Во соопштението се вели дека во текот на посетата Мицкоски ќе се сретне со повеќе претставници на Белата куќа, Стејт департментот и членови на Претставничкиот дом и Сенатот. Мицкоски исто така ќе се обрати на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат и ќе присуствува на молитвен појадок кој се одржува под... Читать дальше...

Атина побара одговори, а Скопје засега молчи

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Еуроњуз побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име. Од владата и од МНР најавија реакции во текот на денот.

Атина побара транспарентност, Скопје одговори со оптимизам

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Еуроњуз побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име. Од македонската влада соопштија дека јавноста била целосно информирана, а дека решение на спорот за разликите за името со Грција е можно.

Путин формално регистриран како претседателски кандидат

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин формално е регистриран како кандидат за претседателските избори во Русија на 18 март. Централната изборна комисија денеска го регистрираше Путин на точно два месеци откако тој ја објави неговата намера да се кандидира за четврти мандат. Во услови на висок рејтинг, високи се очекувањата Путин да победи на изборите. Анализите велат дека Путин е подготвен да обезбеди најголема можна победа, со цел да го зајакне мандатот кој е можно да биде негов последен. Уставот... Читать дальше...

Повисок кредитен рејтинг, пониски камати

SlobodnaEvropa.mk 

Повисокиот кредитен рејтинг на државата значи и помали камати за задолжување, но тоа не е единствениот критериум. Македонија во последните 15 години нема големи промени во кредитниот рејтинг, кој се движи меѓу ББ- и ББ+.

Казахстан: Осудена жена која планирала учество во ИД

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во централен Казахстан осуди 30-годишна жена на девет години затвор за обвиненија дека планирала да се приклучи на милитантната група Исламска држава (ИД) во Сирија. Судот денеска пресуди дека обвинетата, која е идентификувана само со нејзиното име (Жансаја T.) е виновна за подготовка за придружување кон терористичка група. Обвинителот рече дека планирала да патува во Сирија каде имала намера да работи како медицинска сестра за милитантите на ИД. Таа исто така е прогласена за виновна за... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Власта избегнува одговори и прави дефокус со разни теми

SlobodnaEvropa.mk 

Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас, зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор, што се крие од македонската јавност, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение, наведувајќи дека во јавноста владее молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат. Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори. Демократијата и владеењето на... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *