Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июнь
2018

Новости за 29.06.2018

Македонија мора да има построги казни против трговците со луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Во најновиот извештај за трговија со луѓе на Стејт Департментот, Македонија е во групата земји која не ги исполнува минимум стандардите, но прави значајни напори. Според упатените, извештајот ги дава потребните насоки за тоа што треба Владата да направи во борбата со овој феномен.

Со транспарентност и професионално новинарство против лажните вести

SlobodnaEvropa.mk 

Активната транспарентност во една земја е најголем непријател на лажните вести и дезинформации, а во соседство како Западен Балкан активната соработка на медиумите е клучна, рече министерот без ресор за комуникации Роберт Поповски во обраќањето на седмата сесија на 98.РОС-РОТ семинарот на тема „Состојбата со медиумскиот пејсаж на Западен Балкан: Влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавноито мислење.  Според Поповски, клучот за заштита од лажните вести и дезинформации... Читать дальше...

Столтенберг: Без договорот со Грција, нема влез во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија ќе добие покана за НАТО на претстојниот самит, потврди генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Сепак, тој истакна дека за членство во Алијансата мора да се спроведе договорот со Грција. Премиерот Зоран Заев рече дека за една година Македонија го постигнала она што никој не можеше да го предвиди.

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на ЕУ одлучија да ги продолжат економските санкции за Русија уште шест месеци, бидејќи утврдиле дека нема доволен напредок во примената на договорот од Минск за завршување на борбите во источна Украина, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Санкциите за Русија беа воведени во 2014 година, во екот на украинската криза, неколку месеци по руското анектирање на Крим и офанзивата на проруските бунтовници. Западот и Украина ја обвинуваат Москва дека ги поддржува бунтовниците и ги снабдува со оружје... Читать дальше...

ЕУ не бара од Македонија бегалски кампови, тврди Заев

SlobodnaEvropa.mk 

На заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, премиерот Зоран Заев изјави дека ЕУ од Македонија не побарала бегалски кампови, но дека Македонија е подготвена да и помогне на Унијата доколку се појави нова миграциска криза. „Нема никакви разговори, никој не барал од Македонја бегалски камп. Уште еднаш да напоменеме, Македонија ги следи политиките на ЕУ и НАТО затоа што гледаме дека ќе бидеме членки. Затоа, во координација со нив, во делот на евентуални нови бегалски... Читать дальше...

Идентификуван напаѓачот во редакцијата на „Капитол газет“

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата во Анаполис, САД, го идентификувала напаѓачот во редакцијата на локалниот весник „Капитал газет", објави АП. Според полициски извори на кои се повикуваат локалните медиуми, станува збор за Џерод В. Рамос, кој бил идентификуван преку технологија на препознавање лица. „Мотивот за сега е непознат“, изјави официјалната претставничка на округот Ен Арундел. Во нападот беа убиени петмина, а 20-ина беа повредени со огнено оружје.

Хоџај: Русија го дестабилизира регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај смета дека влијанието на Русија претставува закана за безбедноста на Балканот, додека спогодбата меѓу Скопје и Атина е придобивка за целиот регион во настојувањата за евроинтеграциите, соопшти кабинетот на Хоџај. Според соопштението, овие ставови тој ги изнел за време на официјалната посета на Лондон, каде што се сретнал со британскиот министер за Европа и Америка, Ален Данкан и со пратеници во британскиот Парламент, а учествувал и на подготвителната конференција за лондонскиот самит за Западен Балкан... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата го смени името на државата, а покана од ЕУ нема

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето денешно соопштение ја обвини владата на Зоран Заев дека го сменила името на државата, а не добила покана од ЕУ. „Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија. Тоа е доказ дека обезличувањето на сопствената држава и народ не може да биде покритие за неспособноста, расипништвото и криминалот на власта. Зоран Заев ја распродава државата на надворешен план и ја уништува дома“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Столтенберг: Очекувам да добиете покана за пристапни преговори

SlobodnaEvropa.mk 

На Самитот на НАТО на 11 и 12 јули очекувам лидерите на земјите членки на Алијансата да ве поканат да почнете раговори за пристапување, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Брисел. „Проблемот за името беше сенка над регионот долго време, но сега договорот е пример за сите на соработка. Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот. Сакаме да ја видиме Македонија во стабилен и просперитетен регион“, изјави Столтенберг и додаде дека... Читать дальше...

ЕУ ќе отвори центри за азил на нејзина територија

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија се согласија да формираат заеднички места за процесуирање на барателите на азил и да го ограничат движењето на мигрантите во Унијата. Согласноста беше постигната по деветчасовна дебата за загриженоста на Италија и Германија околу проблемот со мигрантите.

Европскиот совет поддржува почеток на преговори со Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот совет ја поддржа одлуката за почеток на преговори со Македонија и со Албанија. Шефовите на држави и влади од земјите членки на Европската уинија го подржуваат и поздравуваат договорот меѓу Атина и Скопје за името на Макеоднија. Тоа, како и договорот меѓу Македонија и Бугарија дава добар пример за останатите во регионот да засилат добрососедски односи, се наведува во заклучоците од синоќешната седница. Советот на ЕУ на ниво на министри во вторникот препорача отворање на преговори за членство со Македонија и со Албанија во јуни 2019. Читать дальше...

Петмина убиени во пукање во редакција во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружено лице пукало во редакција на еден весник во американската држава Мериленд при што убил пет луѓе, а ранил неколкумина други. Се верува дека ова е најтрагичен напад врз новинари во историјата на САД. Белата куќа и политичките лидери го осудија пукањето во редакцијата на весникот „Кепитал Газет“ во главниот град на Мериленд Анаполис. Полицијата објави дека напаѓачот, кој бил уапсен, бил белец и оти редакцијата претходно примила закана на социјалните медиуми дека ќе биде нападната.

Грците бараат Врховниот суд да го поништи договорот со Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Грчките противници на договорот со Македонија за името поднесле тужба во Врховниот суд, барајќи договорот да биде прогласен за неуставен. Неколку организации објавија дека го повикале Врховниот суд да го понништи договорот кој го нарекуваат „ноќен кошмар“. Тие наведуваат дека прелиминарниот договор требало, пред да биде потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји, да го ратификува грчкиот парламент. Според нив, договорот би можело да доведе до промена на грчката северна граница и да... Читать дальше...

Лидерите на ЕУ постигнаа согласност за миграцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија постигнаа договор за миграцијата, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, без да соопшти детали. Според предлогот, земјите на ЕУ врз доброволна основа ќе дозволат затворени центри на нивна територија за процесуирање на мигрантите. Лидерите 12 часа работеле на изнаоѓањето компромис. Самитот во Брисел доаѓа во многу важен момент за ЕУ, бидејќи продолжуваат несогласувањата околу мигрантите, но и поделбите во врска со зголемените тензии со Русија и влошените односи со САД.

Заев во Брисел на средба со Столтенберг

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел, како што е најавено, ќе има средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Веднаш по средбата е најавена нивна прес конференција. Столтенберг вчера изјави дека е уверен оти на самитот на НАТО ќе биде решено да се отворат преговори за членство на Македонија во Алијансата. Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вчера изјави дека Столтенберг денеска ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години, оносно дека на Македонија ќе... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно и потопло

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во западните делови умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 15 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *