Судот во Белград го одби барањето за рехабилитација на Милан Недиќ
Вишиот суд во Белград денеска го одби барањето за рехабилитација на претседателот на Владата на окупирана Србија за време на Втората светска војна, генерал Милан Недиќ, кој по ослободувањето е прогласен за воен злосторник. Судот констатира дека „не се стекнати правни услови за рехабилитација“ на Недиќ. Генерал Недиќ никогаш формално не бил обвинет или осуден, туку со уредба на југословенските сојузни власти од 1949 година е прогласен за воен злосторник и одземени му се имотот и граѓанските права поради сорабока со окупаторот. Читать дальше...