Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2021

Новости за 14.01.2021

Словенија ги продолжува анти-ковид мерките до 22 јануари

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечката Влада одлучи поголемиот број од актуелните епидемиолошки мерки, што се во сила речиси три месеци во Словенија, да бидат продолжени до 22 јануари. Единствена поголема измена е продолжување на формалната состојба на епидемија во земјата за 60 дена. Изменети се и правилата за лицата кои живеат во пограничната зона и имаат земјиште од двете страни на границата односно од 17 јануари тие кои ќе пристигнат во Словенија нема да мораат да бидат во карантин. Другите патници кои ќе ја поминат... Читать дальше...

Власта предлага законски измени во интерес на рударскиот бизнис?

SlobodnaEvropa.mk 

Измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка се ставени на дневен ред на седница закажана за 18 јануари во македонскиот Парламент. Дел пратеници и еколошки здруженија оценуваат дека со нив ќе се овозможи полесно отворање на нови рудници и апелираат Владата да го повлече текстот.

Ако немате за патарина, јадете колачи

SlobodnaEvropa.mk 

Ако ви е скапа патарината од Скопје до Штип може да одите по регионалните патишта, рече министерот Благој Бочварски. На социјалните мрежи има бројни критики дека неговата изјава потсетува на изјавата на француската кралица Марија Антоанета „Ако немаат леб, нека јадат колачи“.

Експерти на СЗО пристигнаа во кинескиот град Вухан

SlobodnaEvropa.mk 

Експертски тим на Светската здравствена организација (СЗО) денеска пристигна во Кина, за да ја почнат долгоочекуваната истрага за потеклото на коронавирусот. Кинеските државни медиуми јавија за доаѓањето на 10-мина експерти во Вухан, додавајќи оти тие ќе останат еден месец во градот каде што коронавирусот прв пат беше детектиран кон крајот на 2019 година. Кинеска новинарка осудена на 4 години затвор за известување од Вухан Експертите, кои доаѓаат од САД, Австралија, Германија, Јапонија, Британија... Читать дальше...

Продолжува собраниската расправа за предлог- законот за попис

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска во 12 часот во рамките на 29-та седница треба да ја продолжи вчера започнатата расправа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека треба попис и се за спроведување попис, но, како што велат, според европски регулативи. Според нив, процесот се води скандалозно, без ВМРО-ДПМНЕ и имаат сомнеж за резултатите од пописот. Мицкоски: Да се повлече... Читать дальше...

Втората година од пандемијата може да биде полоша од првата

SlobodnaEvropa.mk 

Втората година од пандемијата на коронавирусот можеби ќе биде потешка, со оглед на тоа како се шири новиот вирус, особено на северната хемисфера, каде што циркулираат позаразни варијанти, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). „Влезот во втората година на пандемијата би можел да биде и потежок, имајќи ги предвид некои од динамиките на пренос на вирусот“, изјави директорот на програмата на СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан. Мал пораст на новозаболени од ковид-19, пад на смртност... Читать дальше...

Министерот Османи во посета на Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, шефот на грчката дипломатија Николаос Дендиас. На средбата меѓу двајцата министри, како што соопшти МНР, ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа). Предвидено е потпишување на неколку меѓународни документи... Читать дальше...

Времето облачно и постудено, попладне нов снег

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура е во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје претежно облачно и студено... Читать дальше...

Претставничкиот дом изгласа отповикување на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Мнозинството во Преставничкиот американски дом изгласа имичмент на американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата улога во нападот на Капитол минатата недела од негови приврзаници. Гласањето помина со 232 гласови „за“ и 197 гласови „против“. Гласањето беше иницирано од Демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом и следеше со неколку часовна емотивна дебата. Десетина републиканци им се придружија на демократите во поддршката за импичмент поради „наводно потикнување на немири “во институциите. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *