Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2021

Новости за 11.02.2021

Атина во строг карантин

SlobodnaEvropa.mk 

Целосно затворање на бизнисите и услугите што претходно беа отворени, како што се продавниците, фризерските и козметичките слони, берберниците, но и затворање на училиштата и градинките, полициски час од 21 часот од понеделник до петок и од 18 часот за време на викендите, движење само по претходно испратена смс порака, задолжителна употреба на маска, се дел од мерките што од денеска стапуваат во сила во областа Атика. Поширокиот регион на Атина влегува во строг карантин до 28 февруари, што е речиси идентичен на првиот, во март минатата година. Читать дальше...

Темков со боите на водите и воздухот во Тиквешијата во Кавадарци

SlobodnaEvropa.mk 

„Големи и мали“ е насловена претстојната изложба на уметникот Владимир Темков, што од петок напладне на 12 февруари се одржува во Галеријата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во неговото родно Кавадарци. Тој во новиот циклус тематски се бави со бојата на небото и водите во Тиквешијата.

Бајден телефонски разговараше со Џинпинг

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД, Џо Бајден телефонски разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг. „Претседателот Бајден ја истакна својата фундаментална загриженост во врска со присилните и нефер економски практики на Пекинг, насилството во Хонг Конг, кршењето на човековите права во Ксинџијанг и кинеските активности во регионот, вклучително и кон Тајван“, се вели во соопштението на Белата куќа на 10 февруари. Кина студено примена на самитот со земјите од Централна и Источна Европа Исто така се наведува... Читать дальше...

Лукашенко свика „Народно собрание“, опозицијата нови протести

SlobodnaEvropa.mk 

Александар Лукашенко денеска започна „Народно собрание“, поканувајќи 2.700 луѓе да разговараат за политичките реформи. Опозицијата вели дека станува збор за претстава која треба да му помогне да се одржи на власт. Лукашенко, поранешен советски менаџер на колективни фарми, управува со Белорусија од 1994 година, но се соочи со невиден бран улични протести од претседателските избори во минатиот август кои, според опозицијата, биле очигледно наместени. Група на ЕУ предлага политики кон Лукашенко, вклучително... Читать дальше...

Во Албанија продолжен полицискиот час

SlobodnaEvropa.mk 

Албанија ги заостри антиковид мерките, по незапирливиот тренд на новозаразени, во просек по 1.050 дневно. Врз основа на одлуката на Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, од денеска полицискиот час ќе почнува 20:00 часот наместо 22:00 како што тоа беше од 11 ноември лани кога по вторпат беше воведена оваа мерка во земјата. Инфектолог со примена прва доза вакцина во Албанија заразен со коронавирус „Оваа мерка ќе трае до 25 февруари, кога повторно ќе биде направена анализа на епидемиолошката состојба“... Читать дальше...

Раководството на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука редовниот конгрес да се одржи во ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Централниот комитет на најголемата македонска опозициска партија ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да се одржи редовен конгрес на таа партија во ноември. на највисокото партиско тело. Ова на новинарите пред седиштето на партијата, по состанокот на највисокото тело на партијата, го изјави членот на раководството на ВМРО ДПМНЕ Стефан Андоновски. Претходниот редовен конгрес на ВМРО ДПМНЕ се одржа на 23. Декември 2017 година и тогаш Христијан Мицкоски го смени Никола Груевски на чело на партијата. Вонреден... Читать дальше...

Времето денеска: облачно со врнежи од дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Дневната температура ќе биде од 5 до 15 степени. Читать дальше...

Утре нема да пристигнат вакцините од Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Најавените 8 000 илјади вакцини од Србија нема да пристигнат утре. Од Владата информираат дека настанот на свечено примопредавање на вакцините на граничниот премин Табановце кој беше закажан за утре  се одложува. Причината за одложувањето е потреба од усогласување на техничка документација околу доставувањето се вели во владиното соопштение. Во продолжение е наведено дека настанот се одложува за друг датум во текот на следните денови, за што, како што велат од Влада, дополнително ќе ја известат јавноста. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *