Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2021

Новости за 05.10.2021

Северен поток 2 почна да се полни со руски гас

SlobodnaEvropa.mk 

Операторот на рускиот гасовод Северен поток 2 почна со полнење на гас на контроверзниот капацитет кој поминува низ Балтичко море до Германија. Северен поток 2, компанија со седиште во Швајцарија која е во сопственост на подружница на рускиот гигант Газпром, во соопштението испратено на 4 октомври наведува дека првиот дел од гасоводот постепено се полни. Завршена изградбата на „Северен тек 2“ Овој последен чекор со кој се приближува до почеток работата на гасоводот се случува во време кога... Читать дальше...

Бислимовски: Цената на струјата ќе остане иста најмалку до крајот на годината

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски за МИА вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември. „Засега не гледам причини за корекции на цената на електричната енергија и нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни зашто АД ЕСМ го... Читать дальше...

Половина пензионери со пензии до 14 илјади денари

SlobodnaEvropa.mk 

Најголем дел или 71 отсто од пензионерите земаат пензија до 18 илјади денари. Пензионерите се жалат дека не им стигнува пензијата, а трошоците за живот растат. Според нив, пензиите треба да растат согласно минималната и просечната плата.

Турски војници окупираа база на ПКК во северен Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Турската армија окупираше голема база на курдски активисти во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана. „Дванаесет членови на Курдистанската работничка партија (ПКК) беа „неутрализирани“ во операцијата“, прецизира Министерството на Твитер. Акцијата била спроведена во близина на турската граница во регионот, каде што во август беа убиени тројца турски војници. Турција спровела воздушни напади на курдска зона во Сирија Министерството соопшти дека турските командоси го презеле „источното... Читать дальше...

Опозицијата во Грузија бара ослободување на Саакашвили

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку илјади демонстранти се собраа пред затворот во грузискиот град Рустави, барајќи ослободување на поранешниот претседател Михаил Саакашвили. Основачот на сега водечката опозициска партија во Грузија, ја напушти таа земја во 2014 година и стана државјанин на Украина, по што беше осуден во отсуство на шест години затвор за корупција. Тој се врати во Грузија пред локалните избори минатата недела, со цел да ги мотивира опозициските гласачи, но беше уапсен штом објави на социјалните мрежи дека се вратил дома. Читать дальше...

Симон Трпчески: Секогаш кога сум свирел дома радоста била уште поголема

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот виртуоз на пијано Симо Трпчески ќе биде солист во изведбата на Пијано концерт бр. 2 од Франц Лист на концертот „Данте 700“ со кој оркестарот на Филхармонија, под диригентство на маестро Габриел Бебешелеа, ќе ја отвори сезоната 2021/22 насловена „Во движење“.

Макрон е за поголема улога на ЕУ во Индо-пацифичкиот регион

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе им каже на своите европски колеги дека кризата со случајот АУКУС може да биде можност да им покажат на Соединетите држави дека Европската унија може да игра стратешка улога во Индиско-пацифичкиот регион, соопштија од неговиот кабинет. Одлуката на Австралија да го откаже договорот за подморници со Франција и да купи подморници дизајнирани од САД, како дел од новиот безбедносен сојуз со Вашингтон и Британија за да ѝ се спротистави на Кина, ја вознемири Франција... Читать дальше...



Промена на конфигурацијата, причина за падот на услугите на Фејсбук

SlobodnaEvropa.mk 

Фејсбук соопшти дека неговите услуги делумно се враќаат на интернет по шестчасовен прекин што ја запре комуникацијата за милијарди корисници, вклучувајќи ги и апликациите на социјалниот медиум, Инстаграм, Месинџер и Ватсап. Фејсбук соопшти дека „услугите се враќаат на интернет“, но оти може да потрае неодредено време за целосно да стартуваат. Компанијата со седиште во Калифорнија им се извини на корисниците за неможноста да пристапат, најголем досега кој бил следен од веб-мониторинг групата Downdetector. Читать дальше...

Вакцината на Фајзер/Бионтек ефикасна при спречување на хоспитализација

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцината на Фајзер/Бионтек е многу ефикасна во спречување на хоспитализација од ковид-19 до шест месеци по втората доза, се наведува во студијата, објавена во медицинскиот весник Лансет. Таа покажа дека ефикасноста на вакцината во спречувањето хоспитализација останала на 90 проценти најмалку шест месеци, дури и против многу заразната варијанта на делта. Како и да е, ефективноста на вакцината против инфекцијата опаѓа со текот на времето, паѓајќи од 88 проценти во првиот месец по целосната вакцинација на 47 проценти по 5 месеци. Читать дальше...

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Грција, каде што ќе се сретне со највисоките грчки претставници. Прецизирано е дека грчката претседателка Катерина Сакеларопулу денеска ќе го пречека Пендаровски на официјална церемонија со државни и воени почести во претседателската палата во Атина, по што ќе имаат „тет-а-тет“ состанок пред пленарната средба на делегациите на двете земји. Пендаровски и Дендиас задоволни од политичкиот дијалог Пендаровски... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала локална облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Дневната температура ќе биде од 17 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 24 степени.

Повторно достапни Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

SlobodnaEvropa.mk 

Речиси седум часа беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и апликацијата за комуникација Ватсап. Трите платформи кои се во сопственост на Фејсбук прекинаа да работат денеска во 17 часот. Корисниците добиваа пораки за грешки на трите платформи. Фејсбук, Инстаграм и Ватсап -недостапни Фејсбук минува низ голема криза откако свиркачот Франсис Хауген, која беше извор на серијата приказни на Волстрит Журнал, откри внатрешни истражувања на компанијата за негативните ефекти од нејзините производи и одлуки. Читать дальше...

„Свиркачот“ Хауген открива-повеќе омраза му носи на Фејсбук повеќе пари

SlobodnaEvropa.mk 

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликацијата Ватсап, повеќе од 6 часа се недостапни за најмалку 10 милиони корисници. Новинските агенции јавуваат дека и внатрешните системи на Фејсбук што ги користат вработените исто така се во прекин. Фејсбук минува низ голема криза откако укажувачот Франсис Хауген, поранешна вработена како менаџер во компанијата Фејсбук, им достави пред еден месец на американските медиуми документи од компанијата кои докажуваат дека компанијата знае за штетите предизвикани... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *