Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2022

Новости за 27.01.2022

Османи- граѓаните да бидат спокојни, опозицијата наметнува страв дека нешто скришно се прави со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Не можам да кажам дека сто отсто ќе биде успешен овој втор циклус, но влегуваме чесно и посветено за да најдеме решение зашто европерспективата е важна за општиот прогрес, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи за новиот процес на преговори со Бугарија, за кој рече дека е динамизиран по меѓувладината седница во Софија која се одржа по три последователни избори во Бугарија, изборите кај нас и новите влади во двете земји. Пристапот на Ковачевски и Петков критикуван и во Македонија... Читать дальше...

Грција ги олабавува мерките за угостителските објекти

SlobodnaEvropa.mk 

Музиката се враќа во угостителските објекти и се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и понатаму ќе биде забрането стоење, соопшти попладнево министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека олабавувањето на мерките доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози која денеска одржа состанок, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и понатаму е под притисок... Читать дальше...

Блинкен- Русија се соочува со огромни последици ако го избере патот на агресија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Русија се соочува со „огромни последици“ ако го избере „патот на агресија“кон Украина и ја повика Москва да се вклучи во дипломатските напори за да се стави крај на кризата на границата со Украина. Во интервју за Радио Слободна Европа дадено на 27 јануари Блинкен исто така рече дека Соединетите Држави сè уште не знаат што е крајот на играта во Кремљ за Украина и на нивните барања да се преработи постоечката безбедносна структура на Европа. Читать дальше...

Нови 1861 заразени со ковид, вкупно 27 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 908, а потоа следуваат Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен – по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка – по 16, Валандово – 15, Делчево – 11. Неколку други... Читать дальше...

Пукање на границата меѓу Таџикистан и Киргистан

SlobodnaEvropa.mk 

Граничарите на Киргистан и Таџикистан разменија оган долж спорниот дел од границата во последните избивања на насилства меѓу двата соседа, а кои следуваат по сличен судир лани во кој загинаа десетици луѓе. Официјални лица во северен Таџикистан денеска соопштија дека тројца таџикистански граничари биле однесени во болница со повреди. Двете земји од Централна Азија меѓусебно се обвинуваат за блокирање на пат што ја поминува низ границата. Нема информации за жртви од киргистанската страна. Началникот... Читать дальше...

Повеќе бастуни од колевки во Пелагонискиот регион

SlobodnaEvropa.mk 

Во Пелагонискиот Регион во 2020 година имало двојно повеќе умрени од родени лица, покажуваат податоците што ги објави Заводот за статистика поврзани со демографските состојби во публикацијата „Регионите во Република Северна Македонија“.

Бугарија предлага да го чува македонското небо

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија го обнови својот предлог за заштита на воздушниот простор на Северна Македонија, изјави министерката за надворешни работи на соседната земја Теодора Генчовска, а пренесува бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа. Веста доаѓа во време на тензии поради трупањето руски војници во близина на границата со Украина и испраќањето на авиони на НАТО во Бугарија. Според најавите, кај источниот сосед се очекуваат да стигнат борбени авиони од Шпанија за да учествуваат во заеднички задачи за заштита на бугарскиот воздушен простор. Читать дальше...

Европската агенција за лекови го одобри лекот на Фајзер против ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Европската агенција за лекови (ЕМА) условно ги одобри за употреба апчињата од американската компанија Фајзер за лекување на возрасни лица заразени со Ковид, а против развивање на тешка форма на болеста. Аналитичарите велат дека одобрението на ЕМА им овозможува на членките на ЕУ да го пуштат лекот откако регулаторната агенција издаде упатства за итна употреба минатата година. Американската компанија објави дека резултатите од студијата спроведена врз околу 2 250 луѓе покажуваат дека лекот ја намалил... Читать дальше...



Русија- САД ги игнорира нашите безбедносни грижи, но дијалогот е можен

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ вели дека загриженоста на Русија за безбедносните гаранции не била земена предвид од страна на Соединетите Американски Држави во писмениот одговор кој го доставиле на неодамнешните барања на Москва, иако постои простор за продолжување на дијалогот со Вашингтон за ова прашање.  Во своите одговори, Соединетите Држави го отфрлија барањето на Москва да им се забрани на Украина и Грузија да се приклучат на воениот сојуз на НАТО во одреден момент, нудејќи наместо тоа „сериозен дипломатски пат“ за... Читать дальше...

Преговорите за изборната реформа во БиХ од Сараево се селат во Неум

SlobodnaEvropa.mk 

Американските и европските посредници во разговорите за измените на изборниот закон на Босна и Херцеговина денеска ги завршија поединечните средби со претставниците на политичките партии во таа земја, а разговорите од утре треба да продолжат во Неум и да траат до крајот на неделата, иако нема никакви индиции за можен договор. Учество во продолжението на преговорите потврдија и лидерите на ХДЗ во БиХ, Драган Човиќ и Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, од чии позиции зависи дали ќе има компромис и договор. Читать дальше...

Хрватската влада се огради од ставот на Милановиќ за Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска рече дека претседателот Зоран Милановиќ го уништува угледот и кредибилитетот на Хрватска, додавајќи дека Владата се оградува од неговите ставови за ситуацијата во Украина. „Изјавите на Милановиќ се штетни за угледот на Хрватска и срамни. Тие водат до големо разочарување, би рекол срам на нашите партнери, од САД до членките на НАТО, членките на Европската унија, нашите соседни земји“, истакна Пленковиќ на владината седница. Тој додаде дека веројатно... Читать дальше...

Трета доза на вакцина против ковид-19 може да ја намали хоспитализацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Дополнителната трета вакцина против ковид - 19 може да ја намали стапката на хоспитализација за најмалку половина милион, иако многу заразната варијанта на омикрон продолжува да се шири низ светот со неверојатно темпо, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести на 27 јануари. Во нивната проценка покрај 27те земји членки на Унијата се вклучени и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. „Проширувањето на засилената програма со трета доза на сите претходно вакцинирани лица со две дози може... Читать дальше...

Ивановска- Само три инцијативи на ДКСК стигнале до суд во последниве две децении

SlobodnaEvropa.mk 

Во историјата на Државната комисија за спречување на корупција за 20 години до Јавното обвинителството се доставени 165 иницијативи за кривично гонење, од кои само три дошле до суд, информира претседателката на Комисијата Билјана Ивановска. Таа посочува деа тоа е мала бројка ако се има предвид дека не се само наодите на ДКСК. Според неа треба да се зајакнат капациетите во Јавното обвинителство за да можат предметите побрзо да се проследуваат до судовите. Само во изминатите три години, Антикорупциска... Читать дальше...

СОНК бара онлајн настава во второто полугодие

SlobodnaEvropa.mk 

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) бара преиспитување на одлуката наставата во второто полугодие да почне со физичко присуство. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19, доколку наставата почне со физичко присуство, постои реална можност вирусот многу побрзо да се шири. Ќе го одложи ли ширењето на омикронот одложувањето на второто полугодие? Тој во изјава за новинската агенција МИА, предлага наставата да почне онлајн... Читать дальше...

Вработените во Железници на бојкот, за директорот штрајкот е незаконски

SlobodnaEvropa.mk 

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт вчера почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани. Синдикалецот Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, вели дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање. Машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.Одлуката... Читать дальше...

Македонски иселеници во САД донираа опрема за болницата во Дебар

SlobodnaEvropa.mk 

Здружение на македонски иселеници кои живеат во САД доставиле медицинска опрема во вредност од 55 илјади долари за Општата болница во Дебар. Дебарската дијаспора од САД , преку татковинското здружение ,,Дибра “, со седиште во Њујорк годинава донираше медицинска опрема вели за Радио Слободна Европа директорот на болницата Баки Алили. Според него на здружението на иселниците во Америка во рамките на проектот,, Подршка на Дебар за заштита од Ковид 19“, за потребите на болницата достави доплонителен систем за кислород... Читать дальше...

В понеделник средба на Економско-социјалниот совет за минималната плата

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска најави дека минималната плата до 18 илјади денари ќе се покачи во најбрз можен рок, додека до 20 илјади денариќе се покачи до крајот на нејзиниот мандат, најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Ни со две минимални плати не може да се прехрани четиричлено семејство Но, таа не прецизира кој би бил најкусиот рок за покачувањето на минималната плата до 18 илјади  денари, туку истакна дека прво треба... Читать дальше...

Гир- Немам магична топка за да знам што ќе се случува годинава

SlobodnaEvropa.mk 

Стартот на преговорите за членство и со Северна Македонија и со Албанија останува главен приоритет за ЕУ. Фокусот сега е на постигнување договор меѓу земјите членки за преговарачката рамка, додека истовремено Софија и Скопје работат со цел постигнување договор за билатералните прашања, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој на амбасадорската тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс“, во организација на Советот на амбасадори... Читать дальше...

Руски научник уапсен во Германија поради шпионажа

SlobodnaEvropa.mk 

Германското обвинителство соопшти дека е уапсен руски научник кој шпионирал за Москва. Во соопштението е посочено дека приведениот научник предавал доверливи информации за европската вселенска ракетна програма додека работел на германски универзитет. Обвинителството соопшти дека осомничениот бил научен истражувач на неименуван универзитет во покраината Баварија и одржувал „редовни состаноци“ со висок руски разузнавач стациониран во Германија. Тој беше уапсен во јуни 2021 година, додаваат тие. ... Читать дальше...

Ако немате пари, значи имате погрешни деца

SlobodnaEvropa.mk 

Или на домашните прослави ви доаѓаат сиромашни или скржави гости, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи, откако поранешниот генсек на владата Драги Рашковски рече дека најголемиот дел од имотот на неговите деца тој им го препишал, а другото се пари од подароци од родендени, крштевки и мекици.

Ципрас предложи гласање недоверба за владата на Мицотакис

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на грчката опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата во Собранието. Тоа се случи за време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, кога Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“. Владејачката партија Нова демокрартија во Собранието има 157 пратеници... Читать дальше...

Петмина гардисти загинаа во Украина при оружен инцидент

SlobodnaEvropa.mk 

Петмина војници загинале, а уште петмина други се ранети при оружен инцидент кој настана при пукање во украинската фабрика за машинско градење Јужмаш во источниот дел на Украина. Од украинското Министерство за внатрешни работи соопштија дека војникот Артемиј Рјабчук, отворил оган со автоматска пушка АК-47 врз група војници од Националната гарда пред да побегне од местото на настанот. Русите доаѓаат - Западот алармира, Украина смирува Володимир Шајло од Државното биро за истраги за РСЕ изјави... Читать дальше...

Русите доаѓаат - Западот алармира, Украина смирува

SlobodnaEvropa.mk 

Во Вашингтон, пораката е: Инвазијата е неизбежна. Во Киев, пораката е: Ве молиме, не паничете. Разликата во јавните изјави за намерите на Русија се чини дека се помалку раздор, а повеќе пресметана стратегија. Мајк Екел

Пендаровски најави посета на бугарскиот колега Радев

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска најави дека во текот на следниот месец ќе оди во официјална посета на Бугарија. Во соопштението од неговиот кабинет е посочено дека тоа го договара со својот бугарски колега Румен Радев, а целта е двајцата да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји. Пендаровски изјави дека стартот на новата фаза од билатералните односи е одличен, но далеку сме се уште, како што напомена, од подлабоко навлегување во процесот на решавање... Читать дальше...

Дигитализацијата во образованието-приоритет и за новиот министер

SlobodnaEvropa.mk 

Иако образованието е ресор кој често ги менува своите министри, од ова министерство велат дека дигитализацијата во образованието која ја почна претходната министерка, ќе биде продолжена. Од МОН остануваат отворени и за сугестии за Законот за учебници кој веќе неколку месеци е повлечен од Собрание





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *