Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2023

Новости за 09.11.2023

Се удвојува бројот на Авганистанци кои се враќаат во земјата од Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатиот месец се удвоил бројот на Авганистанци кои се враќаат дома од Иран. Но егзодусот на западната граница е потивок во споредба со десетиците илјади авганистански бегалци депортирани од Пакистан кои пристигнуваат во Авганистан. Шефот за бегалски прашања на владејачките талибанци, Абдула Кајоми, вели дека само оваа недела на преминот Кала во западната провинција Херат пристигнале 14.480 Авганистанци од Иран, а дневниот број се зголемил од околу 1.500-2.000 на 3.000- 4.500. ... Читать дальше...

Белата куќа – Израел воведува дневни хуманитарни паузи

SlobodnaEvropa.mk 

Израел од 9 ноември ќе започне да спроведува четиричасовни паузи во северниот дел на Газа за да им овозможи на луѓето да избегаат од непријателствата, соопшти Белата куќа, оценувајќи дека тоа е „чекор во вистинската насока“. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече паузите произлегле од дискусиите меѓу американските и израелските официјални лица во последните денови, вклучително и разговорите на американскиот претседател Џо Бајден со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Читать дальше...

Рокот помина, 26 фирми се уште не платите солидарен данок

SlobodnaEvropa.mk 

Солидарен данок не платиле уште 26 компании и покрај дадениот рок, брифираат од Управата за јавни приходи (УЈП). Ваква обврска, според закон, имаа вкупно 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие. Државата од солидарен данок досега собрала 37,4 милиони евра, а компаниите неплаќачи и должат уште 16,1 милиони евра. Иако им истече рокот во кои компаниите требаше да го платат солидарниот данок, сепак УЈП уште еднаш ќе ги опомени, а ако не го сторат тоа на 24 ноември ќе им ги блокира сметките. Читать дальше...

Правда формира Работна група за реформирање на Судски совет

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за правда донело решение за формирање на Работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет. Таквата одлука Министерството ја темели на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија, во кој се изразува сериозна загриженост за работата на Судскиот совет. Во Извештајот објавен на 8 ноември, во делот за Судски совет е посочено оти тој треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите... Читать дальше...

Арсовска сепак ќе го гради „автобуското метро“

SlobodnaEvropa.mk 

Системот за брз автобуски превоз во Скопје доби зелено светло од меѓународните партнери, со што започнува неговата реализација, информираа од Град Скопје. Проектот за брз автобуски превоз или „автобуско метро“ во главниот град го најави претходниот градоначалник Петре Шилегов, но по стапувањето на новата градоначалничка Данела Арсовска на функција пред две години, проектот беше запрен. „Од аспект на решението кое што беше презентирано во јавноста како нешто револуционерно, не само што не е револуционерно... Читать дальше...

Обвинителство гони човек кој се заканувал на Амбасадата на Косово во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното обвинителство поведе постапка против човек кој се заканувал дека ќе ја нападне Амбасадата на Косово во Скопје и вработените во неа. Обвинителство го сомничи човекот дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста. Обвинителството соопшти дека човекот кој е осомничен, на 6 ноември, упатил сериозна закана преку мобилен телефон на службениот телефон во дипломатското претставништво, дека ако не го примаат на итна средба ќе ја нападне и Амбасадата и вработените. „Притоа предизвикувајќи чувство на несигурност... Читать дальше...

НБРМ предвидува умерен економски раст и инфлација до 9,5 отсто за 2023 година

SlobodnaEvropa.mk 

Умерен економски раст од 1,9 проценти, но со можност да се забрза и достигне ниво од 3 отсто доколку се подобри надворешниот амбиент. На среден рок се очекува натамошно закрепнување, односно раст од околу 4 % под услов да нема позначителни шокови. Вакви се макроекономските проекции на најновиот квартален извештај на Народната банка кои денеска ги презентираше гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. „Во поглед на структурата на растот, за 2023 година се очекува позитивен придонес од нето-извозот и од домашната побарувачка... Читать дальше...

Кој пат ќе го фати договорот за автопатот Кичево - Охрид?

SlobodnaEvropa.mk 

На рокот за изградба на автопатот Кичево - Охрид му се гледа крајот, но не и на изградбата на патот, кој се гради 10 години. Неполни два месеца има до одлуката дали проектот ќе му се одземе на кинескиот изведувач Синохидро. И да се продолжи договорот и да се раскине, државата ќе треба да плаќа.



На продажба уште три стана и гаража што му беа одземени на Мијалков

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за управување со одземен имот информира дека со објавата за продажба на четири недвижности, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Станува збор, како што истакнуваат надлежните, за три стана кои што се наоѓаат на ул. „Славејко Арсов“, еден од 78м2, два од 73м2 и една гаража од 30м2 на КО Центар 2, одземени со... Читать дальше...

Авганистанските повратници ги опишуваат тешките услови во нивната татковина

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници Авганистанци принудени да се вратат во Авганистан по протерувањето од соседен Пакистан велат дека сега се соочуваат со живот во импровизирани кампови без санитарии и вода. Авганистанските повратници, исто така, изразуваат загриженост за тоа каде да одат во Авганистан откако со години живееле во странство. Меѓународните групи за човекови права ги осудуваат условите во камповите формирани од талибанците, но авганистанскиот режим ги оспорува тврдењата и вели дека ги транспортира новодојдените во нивните родни региони.

Со „Амбер Алерт“ ќе се бараат исчезнати деца во Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

„Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ од декември итно ќе ги алармира граѓаните со цел ако имаат некакви информации за исчезнувањето, веднаш да ги споделат. Вакви системи има во Европа и во САД, а веќе и во регионот. За три години во Северна Македонија исчезнале 74 деца.

Србија и Косово ќе останат без средства од „Планот за раст“ доколку не постигнат напредок во дијалогот

SlobodnaEvropa.mk 

Србија и Косово нема да можат да ги користат средствата од „Планот за раст“ доколку не постигнат напредок во дијалогот за нормализација на односите, се вели во документот што го објави Европската Kомисија. „Планот за раст“ го објави Европската комисија на 8 ноември. Таа има за цел економски развој на земјите од регионот. Како дел од планот, предвиден е голем пакет финансиска помош од шест милијарди евра за периодот 2024 - 2027 година. Според планот, до две милијарди евра од оваа сума би оделе во форма на грантови... Читать дальше...

Конференција за Газа во Париз, Израел не е поканет

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 80 земји и меѓународни организации ќе се состанат во четврток на 9 ноември во Париз за да го координираат испраќањето помош и да проценат како да им се помогне на ранетите на палестинската територија Газа, но доколку не дојде до прекин на борбите, не се очекуваат конкретни резултати. Франција му понуди поддршка на Израел по смртоносниот напад на милитантната група Хамас на 7 октомври, но одмаздничките бомбардирања на Израел предизвикаа загриженост поради големиот пораст на цивилните жртви. Читать дальше...

Американски воздушни напади во источна Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Војската на САД изврши воздушни напади врз складиште за оружје во источна Сирија што го користат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и неговите сојузници, соопшти Пентагон. „Овој прецизен напад за самоодбрана е одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на членовите на ИРГЦ, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин“, јавува Си-Ен-Ен. Тој додаде дека нападот го извршиле два борбени авиони Ф-15. Остин истакна дека за администрацијата... Читать дальше...

Израел тврди дека Хамас ја загубил контролата над северениот дел на Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека палестинската милитантна група Хамас ја изгубила контролата над северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека 50 илјади луѓе избегале на југот на таа област. „Видовме 50 илјади жители на Газа како се движат од северниот дел на Појасот Газа кон југ. Тие си заминуваат затоа што сфатија дека Хамас ја загуби контролата врз северот,“ рече Хагари на брифингот со медиумите. Тој додаде дека Израел дозволува хуманитарни паузи... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *