Речиси 26 700 македонски државјани се вакцинирале против ковид во Врање
Од сите четири типа достапни вакцини, убедливо најчесто давана е вакцината на кинески Синофарм – 72.098 дози. Фајзер бил даден во 35.275 дози, руски Спутник-В во 8.243, а Астра Зенека во 932 случаи.
Минатата година кога во Македонија се уште не беа достапни вакцините против ковид-19 многу македонски државјани одлучија да се вакцинираат во соседна Србија која имаше обезбедено вакцини од повеќе производители.
