Повеќе од 9000 новоразени со ковид во Србија, 19 починати
Тестирани се 27.290 лица, а бројката на новозаразени е за 1 634 повисока од вчерашната. Според денешните податоци хоспитализирани се вкупно 2 199 пациенти, а од нив 79 се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата во Србија официјално се потврдени 1 327 455 случаи на зараза, а официјалната бројка на починати е 12 850. Стапката на смртност е 0,97 отсто.
