Пад на нови инфекции со ковид-19 во Чешка
Во Чешка е намален бројот на дневните инфекции со ковид-19, само во изминативе 24 часа се евидентирани вкупно 34.740 нови инфекции со коронавирус , што е значителен пад од речиси 20.000 случаи во споредба со претходниот ден, кој беше трет рекорден ден по ред. Бројот на хоспитализирани е 1.967, што е малку повеќе во однос на 26 јануари. Бројот на тешки инфекции е 192.
Вкупниот број на починати пациенти од последици од ковид-19 изнесува 37.145.
Процентот на населението што примило две дози вакцина е 63,2 отсто, наспроти 70 отсто за сите земји на ЕУ.
Две нови студии покажале дека бустерите нудат заштита од хоспитализација и смрт
Според последните измени на антиковид-мерките од 17 јануари, сите вработени во компаниите мора да се тестираат двапати неделно, дури и ако биле вакцинирани или имале ковид-19 во последните шест месеци.
Само луѓето кои се вакцинирани или се опоравиле од болеста во изминатите шест месеци смеат да влезат во барови, клубови или да присуствуваат на масовни собири. Маските за лице остануваат задолжителни во сите затворени простори, вклучително и на работните места и во јавниот превоз.