Маричиќ- Измените на Уставот пред влезот во ЕУ
Впишувањето на бугарската заедница во македонскиот Устав треба да се направи пред влегувањето на земјата во ЕУ, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на маргините на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.
Тој на новинарското прашање околу временските рокови за барањето за вклучување на бугарското малцинство во Уставот, рече дека нема да лицитира со тоа, затоа што досега тоа не помогнало во разговорите.
„Ние сме се уште во фаза во која што ги изнесуваме позициите и од едната и од другата страна во која што бараме начини како отворените прашања по коишто имаме различни позиции да ги решиме и да ги ставиме во еден план којшто ќе не доведе до подобрување на односите и отстранување на пречките за почеток на преговорите. Ние, нашата Влада, повеќе пати јавно истакнавме дека поради нашиот концепт на Уставот утврден уште во 2001 со Охридскиот рамковен договор, немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и други заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ. Останува во наредниот период во разговор и отворен дијалог со Бугарија да најдеме и начин, меѓутоа и временски рок којшто ќе биде најсоодветен за тоа“, рече тој.
Тој додаде дека на средните со бугарските колеги не бегаат од отворените прашања, но и дека не може да се дозволи односите на двете држави да се засноваат само на тие прашања. Овој коментар на Маричиќ се однесува на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека е добро е што се формираат работни групи и меморандуми во однос на инфраструктурата и економија, но меѓутоа „прво треба да се решат оние тешки политички клучни прашања“.
Ќучук-Нема договор кој ги задоволува и двете страни
Маричиќ вели дека смета оти има потенцијал во многу други области, преку конкретни форми на соработка да се покажат резултати,да се смени атмосферата за да може потоа да се решаваат сите отворени прашања.
„Убеден сум дека од двете страни на границите и кај нас и во Северна Македонија и во Бугарија, мнозинството од луѓето се со добра волја. Време е во овој период тие луѓе со добра волја, коишто сум убеден дека се мнозинство, да работат заедно, да работат како сојузници за да постигнеме резултати, да ги вратиме односите на ниво на коешто заслужуваат и да ги започнеме преговорите со ЕУ што поскоро,“ изјави тој.
Македонија и ЕУ - долг пат без извесен крај, но што во меѓувреме?
Вицепремиерот Маричиќ потенцира најави дека во наредните неколку недели ќе имаат средба и со опозицијата.