Грција и Турција навестуваат намалување на тензиите во спорот за морското дно
Враќањето на турскиот истражувачки брод „Оруч Рејс“ во Анталија, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е „прв позитивен чекор“, изразувајќи надеж дека ќе има и продолжение кон деескалација. Бродот беше во источниот Медитеран којшто е центар на спорот за правата за експлоатација на енергенси од морското дно. На денешната прес конференција во Солун, Мицотакис повтори дека Грција сака да разговара со Турција, но во мирна клима, без провокации и еднострани активности за единствената разлика, одредување на морските зони. Читать дальше...