Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Февраль
2018

Новости за 05.02.2018

Година на неизвесност дали ќе почне со работа Јухохром

SlobodnaEvropa.mk 

Од раководството на фабриката Југохром тврдат дека се очекува филтерската постројка комплетно да биде завршена во почетокот на август. Работниците се надеваат дека ќе може да почнат на работа порано.

Иран бара Турција да ја прекине офанзивата во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Иран ја повика Турција да ја запре својата офанзива во северна Сирија, истакнувајќи дека со неа се крши сирискиот суверенитет и се зголемуваат тензиите во оваа блискоисточна земја зафатена од граѓанска војна. Операцијата ги враќа несигурноста, нестабилноста и тероризмот во Сирија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми. Тој нагласи дека сириската криза треба да се реши по политички пат, додавајќи дека токму затоа Иран веќе подолго време разговара со Русија... Читать дальше...

Барање за укинување на доживотниот затвор за Ратко Младиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Одбраната на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, побара од Меѓународниот механизам кој ги презема делата на Хашкиот трибунал, да ја поништи пресудата за доживотен затвор од ноември 2017 година. Одбраната го образложила своето барање со лошата здравствена состојба на Младиќ, кој „освен досегашните здравствени проблеми во последно време има благи когнитивни нарушувања и благ степен на деменција“. Според одбраната, овие болести, „кои не биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба... Читать дальше...

Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим

SlobodnaEvropa.mk 

Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциско и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција Анадолија. Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Ерусалим. Папата Франциско и Ердоган... Читать дальше...

Могерини: Грузија е ценет партнер на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Претставниците на Европската унија и на Грузија, по состанокот во Брисел попладнево, објавија дека е постигнат напредок во спроведувањето на Договорот за асоцијација и ветија продлабочување на соработката. Грузија е ценет партнер на Европската унија и ние веруваме дека заеднички интерес е да продолжиме да инвестираме во нашето пријателство, изјави шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во заедничкото обраќање со грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили. Могерини... Читать дальше...

Авганистанец убил жена пред децата оти ја сменила верата

SlobodnaEvropa.mk 

Германските обвинители од градот Траунштајн побараа затворска казна за авганистански барател на азил обвинет за убиство на жена откако таа се преобратила во христијанството. Мажот неколку пати ја прободел 38-годишната Авганистанка пред двете нејзини деца, на возраст од 5 и 11 години, во април 2017 година, изјави обвинителот Оливер Моснер пред судот во јужниот германски град Траунштајн, јавија западните новински агенции. Моеснер го споредил убиството со јавна егзекуција, бидејќи, како што рекол, тоа се случило пред супермаркет. Читать дальше...

САД, ЕУ и Швајцарија ќе ѝ помагаат на Владата во изборните реформи

SlobodnaEvropa.mk 

Швајцарија е подготвена да помогне во зајакнувањето на капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК), на општинските изборни комисии и генерално во изборните реформи, изјавила швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Зутер Техада, на средбата со премиерот Зоран Заев, соопшти владиниот прес-центар. Премиерот Заев на средбата рекол дека Владата е определена за изборни реформи и дека е прифатлива секоја помош и соработка. Според соопштението од Владата, Заев ја информирал амбасадорката Техада дека ќе се формира координативно тело... Читать дальше...

Ќе се разгледуваат амандманите за Законот за јазиците

SlobodnaEvropa.mk 

Сите амандмани за Законот за јазици се преведени, архивирани, обработени и ставени на е-Парламент, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Собранието. Со оглед на големиот број амандмани, истите потребно е да се разгледаат и да се постапи по нив согласно одредбите на Деловникот за работа на Собранието, по што Законот за јазици ќе биде разгледан, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.  Законот за употреба на јазиците, на чие усвојување претседателот Ѓорѓе Иванов стави вето... Читать дальше...



Предлог Западен Балкан да учествува на самитите на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Дванаесет земји членки на ЕУ сакаат шесте земји од Западен Балкан да учествуваат на годишните самити на ЕУ пред да се приклучат кон Унијата, објавуваат западните медиуми. Австрија, Чешка, Летонија, Ирска, Италија, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Словенија, Словачка и Унгарија сакаат лидерите на земјите од Западен Балкан да учествуваат во самитите на ЕУ, а нивниот предлог кон крајот на јануари е предаден на Европската комисија, објавуваат западните медиуми. Во предлогот се бара министрите... Читать дальше...

Судењето за предметот на СЈО „Трезор“ одложено за 29 март

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за предметот на СЈО „Трезор“, за набавка на опремата за прислушување, е одложено за 29 март. Во предметот првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а причината за одложувањето е бидејќи се чека исходот од жалбената постапка пред Врховниот суд во Грција за обвинетиот поранешен началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, истакна судијката Џанета Бегтовиќ. Таа рече дека ќе побара од претседателот на Кривичниот суд да назначи адвокат по службена должност доколку некој... Читать дальше...

Средба на Ердоган и папата Франциско во Ватикан

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со папата Франциско во Ватикан, во услови на зголемено полициско обезбедување и протести забранети во поголемиот дел на центарот на Рим. Мал овластен протест против посетата на Ердоган одржаа курдски демонстранти надвор од Ватикан. Канцеларијата на Ердоган во соопштение наведува дека во разговорите ќе бидат вклучени темите за статусот на Ерусалим, односите меѓу Турција и Ватикан, Сирија, бегалската криза, тероризмот, ксенофобијата и исламофобијата. Читать дальше...

Мониторинг групи: убиени 23 цивили во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 23 цивили денеска биле убиени откако сириските владини сили спровеле воздушни напади врз енклавата под контрола на бунтовниците во источна Гута, во близина на главниот град Дамаск, соопштија набљудувачи. Четири деца биле меѓу убиените, наведе Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија. Опсерваторијата истакнува дека најмалку 70 лица се повредени. Медиумскиот центар Гута исто така извести дека 23 лица се убиени. Проценките се дека околу 400 илјади жители живеат во Гута под опсада на сириските владини сили.

Уапсени функционери од Дагестан за финансиски измами

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку високи владини претставници од рускиот регион Дагестан во северен Кавказ се уапсени поради обвиненија за финансиска измама, објави Комитетот за истраги. Комитетот наведува дека дагестанскиот в.д. премиер Абдусамад Гамидов и в.д. вицепремиерите Шамил Исајев и Рајудин Јусуфов денеска биле уапсени под сомневање за злоупотреба на федерални средства наменети за социјални програми. Поранешниот министер за образование Шахабас Шахов и неколку други луѓе исто така се уапсени, се вели во соопштението... Читать дальше...

Билд: Моќните држави од ЕУ да се ангажираат за спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Без компромис за името балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, изјави поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билд, истакнувајќи дека за решавање на спорот со името неопходен е ангажман на моќните држави и институции од ЕУ. Тој смета дека е потребно сериозно посветување на моќните држави и институции од ЕУ за да се постигне компромис за името и дека без тоа балканската стратегија на ЕУ може да пропадне, напиша Билд.

На здравството му треба системска програма, сè друго е крпење

SlobodnaEvropa.mk 

Нема брзо решениe за наталожените проблеми во здравството. Клучно е институциите да преземаат мерки и да не ги кријат проблемите од јавноста. На краток рок треба да се крпат главните дупки, а на долг да се определат приоритети и можности за период од 10 години, велат доктори.

МАНУ и БАН ќе формираат меѓуакадемска група за Договорот за добрососедство

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) на денешната средба во Скопје изразиле подготвеност да им помогнат на своите влади во реализација на Договорот за добрососедство и соработка и за таа цел двете академии ќе формираат меѓуакадемска група предводена од нивните претседатели, соопшти МАНУ. Во соопштението се наведува дека меѓуакадемската група треба да придонесе за конкретизирање на формите и содржините за соработка предвидени со договорот. Читать дальше...

Протестите се предизвик за решавање на спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Бујар Османи и дел домашни аналитичари сметаат дека протестите во Атина нема да влијаат врз процесот на преговори за разликите за името. Засега нема официјална најава за идни средби на претставници од двете земји.

Полицијата откри петмина мигранти кај селото Речица

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата вчера открила петмина мигранти, тројца Курди и двајца Сиријци, во возило управувано од лице од Скопје во близина на селото Речица, соопшти МВР додавајќи дека на возачот му е одреден триесетдневен притвор. МВР во однос на случајот наведува дека во близина на селото Речица полициски службеници од Полициската станица Белановце при контрола на патничкото возило на 36-годишниот (И.Б.) од Скопје, пронашле тројца Курди и двајца Сиријци, кои заедно со возачот биле приведени, а Основниот суд... Читать дальше...

Османи: Македонија очекува сигнал за европска перспектива

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија во Стратегијата за проширување што утре ќе ја објави Европската комисија очекува да добие јасна европска перспектива и можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора во 2025 година да стане дел од ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Тој додаде дека очекуваат земјата по затворањето на отворените политички прашања во односите со соседите да добие датум за преговори. „Битно е да ни се даде можност, а потоа се ќе зависи од нас, рече вицепремиерот Османи... Читать дальше...

Осомничениот за нападите во Париз на суд во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Под силно обезбедување започна судењето за главниот осомничен за нападите во 2015 година во Париз, Салех Абдеслам, во неговиот роден град Брисел. Во нападите на 13 ноември 2015 година загинаа 130 луѓе во концертната сала Батаклан, во неколку барови и ресторани кои беа во близина, како и во националниот стадион. Екстремистичката група Исламска држава (ИД) ја презема одговорноста за нападите, како и за нападите во Брисел во март 2016 година кога загинаа 32 лица. 28-годишниот Абдеслам, кој по... Читать дальше...

За граѓаните ЕУ е најдобриот странски сојузник на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје, направено на крајот на 2017 година, покажува дека речиси половина од македонските граѓани сметаат дека ЕУ и е најдобриот странски сојузник на Македонија, а останатите се поделени меѓу САД, Русија и Турција.

Во Лондон разговори за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот министер задолжен за Брегзит Дејвид Дејвис денеска во Лондон ќе го прими европскиот преговарач Мишел Барније за продолжување на преговорите за излегување на Британија од членство во Европската унија. Тоа ќе биде прв состанок на двајцата претставници во Лондон. Поранешните состаноци се одвиваа во Брисел. Новата рунда преговори за Брегзитот официјално ќе биде одржана на 6 и 9 овој месец во Брисел. Се очекува двете страни да минат на втората фаза преговори која се однесува на нивните натамошни трговски односи. Читать дальше...

Продолжуваат преговорите за голема коалиција во Германија

SlobodnaEvropa.mk 

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите денеска ги продолжуваа преговорите за формирање влада, иако двете страни одредија 4 февруари да биде крајниот рок за коалициски договор. Генералниот секретар на Социјалдемократската партија Ларс Клингбајл изјави дека двете партии се уште имаат разлики околу некои прашања. Преговорите меѓу конзервативците и социјалдемократите за формирање голема коалиција по изборите на 24 септември лани, се најдолги од Втората светска војна.

Турција не се грижи за критиките од странство за акцијата во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е решен да открие кој ја снабдувал со ракети сириската Курдска милиција, чии припадници во саботата извршиле напад врз турски војници во Африн.

Никос Анастасијадис реизбран за претседател на Кипар

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис е реизбран на вчерашниот втор круг претседателски избори. Од преброените сто отсто од гласовите, тој доби 55,99 проценти. Одѕивот беше 73 отсто, помал од претседателските избори во 2013 година, кога изнесуваше 83 отсто, но два отсто повисок од првиот круг избори годинава. Право на глас имаа 550.000 граѓани на Кипар кои избираа меѓу двајцата кандидати, досегашниот кипарски претседател Никос Анастасијадис и независниот кандидат Ставрос Малас.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *