Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Март
2018

Новости за 07.03.2018

Либерланд отвори претставништво во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Самопрогласената мини држава Либерланд којашто ја фомираше Чехот Вит Једличка на „ничија земја“ меѓу Хрвтска и Србија, денеска го отвори своето претставништво во Белград.  Једличка истакна дека целта на неговата „држава“ е да биде фактор за поврзување на народите и се надева дека претставништвото ќе привлече повеќе луѓе да дојдат во Србија и во Либерланд.  Једличка изрази задоволство што српското Министерство за надворешни работи има позитивно мислење за Либерланд од самиот почеток, за разлика од Хрватска. Читать дальше...

Поради спорот меѓу Србија и Косово доцнат дигиталните часовници во Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Поради намалување на фреквенцијата во европската електрична мрежа, многу дигитални часовници во Европа доцнат, соопшти денеска Европската аоцијација на операторите на електродистрибутивните мрежи.  Според Асоцијацијата со седиште во Брисел, причина за отстапувањето од стандарната фреквенција на струјата во Европа од 50 херци е недоволното снадување со електрична енергија од реонот на Косово и Србија што е предизвикано од политичкиот спор меѓу двете земји, a станува збор за недостиг на струја од 113 гигават часови. Читать дальше...

Меѓу комуналниот смет во Тетово може да се најде и медицински отпад

SlobodnaEvropa.mk 

Тетовци велат дека медицински отпад може да се најде во контејнерите за смет, што е спротивно на законот. Само депонијата Дрисла има печка за согорување медицински отпад. Долгорочното решение за отпадот во полошкиот регион е депонијата Русино.

Културните работници – заложници на постојните системски решенија

SlobodnaEvropa.mk 

Нов Закон за култура поволен за сите уметници и културни работници, пролонгирање на рокот за изготвување на систематизаците, промена на постоечката категорија „даватели на јавни услуги“ во „носители на дејност“, порамнување на платите во различните дејности се само некои од клучните барања на Синдикатот за култура на Република Македонија до ресорното и министерствата за финансии и за информатичко општество и администрација.

Британската полиција: Случајот Скрипал - обид за убиство со нервен гас

SlobodnaEvropa.mk 

Британската полиција соопшти дека инцидентот во југозападниот град Солсбери се третира како обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал со нервен гас. Британската полиција за борба против тероризмот ја презеде истрагата за ненадејната и тешка болест на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка. До ова доаѓа откако Би Би Си цитираше роднини на Скрипал, велејќи дека некои членови на неговото семејство починале во последниве години под мистериозни околности. Синот на Скрипал... Читать дальше...

Харадинај: Немаме доволно гласови за демаркација на границата со Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската владејачка коалиција се уште нема обезбедено двотретинско мнозинство за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, изјави денеска премиерот на Косово, Рамуш Харадинај. Харадинај нагласи дека не може со сигурност да каже дали седницата на Парламентот ќе биде свикана оваа или следната недела, посочувајќи декла за обезбедување на неопходните гласови во тек се консултации со парламентарните политички партии, вклучително и со Српската листа.

Анѓушев-Емилиевич: Зголемена економска соработка меѓу Македонија и Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Економската соработка меѓу Македонија и Полска се движи во нагорна линија, увозот и извозот се зголемуваат, но економските односи уште повеќе ќе се интензивираат со воспоставувањето на директната авиолинија Скопје - Варшава од јуни 2018 година, како и со сезонската линија Варшава - Охрид во летниот период, истакнаа вицепремиерот Кочо Анѓушев и полската министерка за претприемништво и технологии Јaдвига Емилиевич на средба во Варшава, соопшти владиниот кабинет.  Анѓушев информира дека Владата на... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Владта оваа година ја задолжи земјата за 545 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Во првите два месеца од 2018 година Владата успеа да ја задолжи Македонија за дополнителни 545 милиони евра или во просек секое семејство го задолжи за дополнителни 1.000 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.  Оттаму наведуваат дека повеќе загрижува фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. Во однос на растот на БДП, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во првите три квартала од 2017-тата... Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ: Владата оваа година ја задолжи земјата за 545 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Во првите два месеца од 2018 година Владата успеа да ја задолжи Македонија за дополнителни 545 милиони евра или во просек секое семејство го задолжи за дополнителни 1.000 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.  Оттаму наведуваат дека повеќе загрижува фактот дека овие пари со кои што ја задолжи Република Македонија, не се вложени во развојни проекти, како би гарантирале поврат на истото задолжување на среден и на долг рок. Во однос на растот на БДП, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во првите три квартала од 2017-тата... Читать дальше...

Специјалисти: Маслото од канабис бележи позитивно влијание

SlobodnaEvropa.mk 

Употребата на канабисот, односно канабоилот, во светски рамки укажуваат на тоа дека навистина супстанцата која што е екстрахирана и која што делува на мозочните ЦеБе1 и ЦеБе2 рецептори, има позитивно влијание дури и кај децата, истакна Д-р Аспазија Софијанова - специјалист педијатар на денешната научна расправа организирана од Здружението „Билка“ и Кино Култура, посочи дека  „Маслото од канабис, канабоилот, како супстанца која има одредено дејство врз централниот нервен систем кај одредена патологија... Читать дальше...

Убиени 2 лица во бомбашки напад во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан загинаа две лица, вклучувајќи го локалниот шеф на министерството за верски прашања. Локалните власти соопштија дека 10 лица биле повредени, а целта на нападот во покраината Нангахар најверојатно бил претставникот на власта. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

ЕУ се закани со одговор на тарифите за увоз кои ги најави Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија соопшти дека ЕУ ќе преземе трикратен пристап, вклучувајќи дополнителни тарифи на одредени американски производи и правни дејствија доколку претседателот на САД, Доналд Трамп ги реализира најавите за воведување на нови тарифи за увоз на челик и алуминиум. Европскиот комесар за трговија Сесилија Малмстром изјави дека ЕК се надева оти ќе ја убеди американската администрација дека тоа не е правилниот чекор. Според неа, со таквите мерки ќе се стават во опасност илјадници работни... Читать дальше...

Постигнат договор меѓу Македонија и Србија за брашното

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, денеска во Скопје потпишаа договор со кој ќе се реши проблемот со брашното меѓу двете земји. Согласно договорот, за брашното од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија. Николовски по средбата најави дека Македонија и Србија ќе формираат комитет за натамошна соработка и за надминување на сите отворени прашања. Читать дальше...

Руси обвинети за издавање документи од земја која не постои

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата во Санкт Петерсбург соопшти дека уапсила четворица мажи кои се обвинети за фабрикување и продажба на лажни документи за идентификација од земја на Карибите која не постои. Според полицијата, групата издавала лажни пасоши и возачки дозволи од земјата наречена „Кралство на слободниот остров од АСПИ“ кои ги продавала на странски работници. Цените на документите се движеле од 26 до 1760 долари.

Пападимулис: Меѓународен договор за името со надуставна сила

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимулис изјави дека најдобриот начин да се постигне решение за македонското прашање е да ја завршат Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила. Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор. Според него, треба да се постигне договор за сложено име, ерга омнес, односно за севкупна употреба и да се напушти секаков вид на иредентизам, кој ќе се замени со спогодба... Читать дальше...

Пападимуилис: Меѓународен договор за името со надуставна сила

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимуилис изјави дека најдобриот начин да се постигне решение за македонското прашање е да ја завршат Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила. Во изјава за радиото 247, тој како пример го споменува Лозанскиот договор. Според него, треба да се постигне договор за сложено име, ерга омнес, односно за севкупна употреба и да се напушти секаков вид на иредентизам, кој ќе се замени со спогодба... Читать дальше...

Се урна хеликоптер во Чеченија, две жртви

SlobodnaEvropa.mk 

Властите од Чеченија соопштија дека најмалку две лица загинале кога се урнал хеликоптер, кој им припаѓал на граничните служби. Според нив, хеликоптерот се урнал во планинскиот предел во јужниот дел на земјата. Се уште не се знае причината за несреќата.

Уште една оставка во Антикорупциска, Владата го поздрави таквиот чекор

SlobodnaEvropa.mk 

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Жаклина Дамчевска денеска поднесе оставка од функцијата. Претходно оставка поднесоа и претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски како и нејзиниот член, Горан Миленков. Тие се повлекоа од функциите откако беше објавен ревизорскиот извештај во кој се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари. Јавното обвинителство отвори истрага за наводите на ревизорите. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски го поздрави... Читать дальше...

Николовски и Љајиќ на средба за проблемот со брашното

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ денеска во 14 часот ќе остварат средба на која ќе стане збор за изнаоѓање на решение за проблемот со брашното. Љајиќ најави дека Србија ќе воведе контрамерки доколку не биде постигнат договор. Николовски посочи дека прифатлива опција е контролните маркички за увоз на еден, два и пет килограми брашно да се лепат во Србија, а за пакувањата со 25 и 50 килограми во Македонија согласно новиот Правилник.

ЕУ не сака алиби, туку исполнување на реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вели дека земјата е на добар пат кон ЕУ, а реформите се одвиваат со добра динамика. Сепак, истакнува дека законот за јазици, законите во правосудството и безбедносните служби остануваат проблематични во однос на зацртаниот рок на реализација.

Може ли да се донесе Законот за јазици без разгледување на амандманите?

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието им дал една недела на политичките партии да најдат решение за Законот за јазиците. И покрај несогласувањето околу решението за амандманите, вледејачката коалиција не е загрозена, велат експертите.

ХРВ: Саудиска Арабија ги крши правата на Пакистанците

SlobodnaEvropa.mk 

Хјуман Рајтс Воч соопшти дека правниот систем на Саудиска Арабија ги прекршува правата на Пакистанците за правично судење. Според извештајот, очигледните дефекти во системот на кривичната правда се особено акутни за Пакистанците, кои се соочуваат со значителни потешкотии во наоѓањето правна помош, во судските процедури и добивањето услуги од конзуларното претставништво на Пакистан во Саудиска Арабија. Во извештајот се наведуваат и премери на прекршувања на правата на Пакистанците во одредени случаи. Читать дальше...

Лидерите на Русија, Турција и Иран на средба во април

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ потврди дека рускиот, иранскиот и турскиот претседател, Владимир Путин, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат во наредниот месец. Се уште не се знае точниот датум кога ќе се одржат нивните разговори. Во фокусот на разговорите се очекува да биде конфликтот во Сирија.

Вардар се излеа во Центар, зголемен водостојот на реките

SlobodnaEvropa.mk 

Реката Вардар се излеала на неколку места во Скопскиот регион. Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково. Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски површини, а во општина Маврово и Ростуше над селото Жировница делумно е почнато да се лизга земјиштето и постои опасност тоа да се зголеми. Двојно е зголемен водостојот на Вардар кај Јегуновце... Читать дальше...

Џафери им даде рок од една недела на партиите за Законот за јазиците

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде една недела на политичките партии да најдат решение за Законот за употреба на јазиците, затоа што можностите што тој ги имал се исцрпени. Тој во емисијата „200“ на телевизијата Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа да се прифати разгледување на 35-те илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *