Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июнь
2018

Новости за 13.06.2018

„Малиот принц“ за официјална промоција на Театарот на „Сенки и облаци“

SlobodnaEvropa.mk 

Во четврток, на 21 јуни, во 18.30 часот, во неодамна отворениот Театар на сенки „Сенки и облаци“, во скопско Дебар маало, ќе биде изведена претставата „Малиот принц“. Со тоа и официјално ќе започне работата на оваа независна културна институција која безмалку деценија и половина своето делување го потпираше на идејата и љубовта за игра и на напливот артистички ентузијазам.

Протест пред Собранието против договорот за промена на името

SlobodnaEvropa.mk 

Поголем број граѓани вечерва пред македонското Собрание протестираа против договорот со Грција и против промена на уставното име на Македонија. Тие со пиротехника, пеење патриотски песни и повици „Оставка од Заев“, „Бесилка за предавниците“, „Името не го даваме“... бараа договорот со Грција да не се потпише и му дадоа поддршка на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој денеска рече дека нема да го прифати договорот. Официјален организатор на протестите немаше. Повеќе групи со патриотски предзнак... Читать дальше...

Влада: Иванов не може да ја види перспективата што се отвора со договорот

SlobodnaEvropa.mk 

Владата со жалење констатира дека претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција, соопштува владината прес служба.  „Претседателот Иванов нема чувство на одговорност и презема дејства на недозволива манипулација, со што им штети на државата, на граѓаните и директно дејствува... Читать дальше...

Хан: Не е соодветно претседател да не разговара со премиер

SlobodnaEvropa.mk 

Не е соодветно за претседател на држава да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни работи за да добие информации од прва рака, вели еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.     „Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Ова не е прашање на прифаќање, но во демократија може да очекуваме да се слушаат луѓето меѓусебно и да дискутираат и не треба... Читать дальше...

Пахор: Договорот за името промовира безбедност во регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот за решавање на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција може да претставува поттик и за другите земји од Балканот да ги решат нивните меѓусебни проблеми, изјави денеска словенечкиот претседател Борут Пахор. Пахор смета дека договорот за новото име на Македонија претставува „важен сигнал кој би поттикнал решавање на билатералните и на мултилатералните прашања на Западниот Балкан“.  “Договорот ги промовира мирот, безбедноста и евроатланската перспектива на регионот“, оцени Пахор.

Столтенберг: Македонија ќе добие покана од НАТО по финализирање на договорот

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за МИА.  „Ове е историски договор, кој е од огромна важност не само за двете земји туку и за цела европа и за НАТО. Вчера вечер разговарав со премиерот Заев... Читать дальше...

Иванов: Договорот за името е неприфатлив

SlobodnaEvropa.mk 

Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов во неговото обраќање откако премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димотров му го доставија договорот за името меѓу Македонија и Грција. Иванов рече дека ова е личен договор на Заев и Димитров, нивна лична одлука и одговорност, и оти на денешната средба им укажал дека тој претставува напуштање на досега изградените суштински државни позиции, кои биле потврдени на последните две лидерски средби... Читать дальше...

Тереза Меј ќе бара посилни санкции за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј денеска во британскиот Парламент изјави дека на претстојниот Самит на ЕУ, кон крајот на месецов, ќе бара да се засилат санкциите против Русија. „Ќе инсистирам да ги задржиме санкциите против Русија. Всушност, мислам дека постојат некои области во кои треба да го зајакнеме режимот на санкции“, изјави Меј пред британските лордови. Британско-руските односи значително се влошија откако Лондон ја обвини Москва за труењето на двојниот шпион Сергеј Скрипал во Салзбери, што Кремљ веднаш го отфрли.



Заев за средбата со Мицкоски - Да се обединиме околу идејата за референдум

SlobodnaEvropa.mk 

Имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Македонија да го остварат демократското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот за решението на спорот за името, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти владината прес-служба. Тој на опозицискиот лидер му рекол дека и тие како опозиција треба да овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум. Во соопштението се посочува дека Заев... Читать дальше...

Виена, Берлин и Рим ќе прават оска против илегалната миграција

SlobodnaEvropa.mk 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска најави формирање на т.н оска меѓу министрите за внатрешни работи на Австрија, Германија и Италија во борба против илегалната миграција. Тој рече дека таа „оска“ е потребна бидејќи низ тие три држави поминува една од главните рути во Европа за мигрантите кои доаѓаат преку Средоземното Море. „Се радувам на добрата соработка. Сметаме дека оваа оска е потребна за сите оние кои сакаат да се борат против нелегалната миграција“, изјави австрискиот канцелар.

Обраќање на Иванов за договорот за името денеска во 17 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 17 часот ќе се обрати пред македонските граѓани во врска со договорот за името меѓу Македонија и Грција. Иванов денеска имаше двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, која, според владиното соопштение, претседателот на прекинал и ја напуштил. Средба со Иванов, а во врска со договорот за името, побарал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но како што кажа, се уште не добил одговор.

Британската влада со нов амандман за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј ќе предложи нов амандман за Брегзит, бидејќи, како што соопштила на законодавниот дом, владата е загрижена за улогата на Парламентот во процесот на напуштање на Европска унија, јавија западните агенции. „Се согласивме со секретарот за Брегзит да предложиме нов амандман во Домот на лордовите. Со оваа одлука Парламентот нема да може да ѝ ги врзе рацете на владата и нема да може да ја отфрли волјата на народот кој сака да ја напушти ЕУ“ изјави Меј.

Мицкоски: Го земав договорот од Заев, немавме што повеќе да си кажеме

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба со премиерот Зоран Заев, изјави дека и понатаму останува на ставот дека тие нема да бидат дел од „капитулацијата на Македонија со договорот на Заев и Ципрас“. Средбата траеше само неколку минути, Мицкоски го земал договорот од Заев, и рече дека немале што повеќе да си кажат. „Немаше нови моменти кои можевме со премиерот еден на друг да си ги кажеме. Побарав средба за да го добијам договорот, откако ќе го анализираме внатре партиски со сите партиски органи... Читать дальше...

Опозицијата ќе му пркоси на договорот со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

По само две минути откако му бил доставен договорот, претседателот Ѓорги Иванов ја прекинал средбата со премиерот Заев и министерот Димитров. Заев се сретна и со Мицкоски, кој најави борба со сите законски и демократски средства против постигнатиот договор

Австријците се против ширење на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Пред преземањето на претседавањето со Европската унија, најголемиот дел од Австријците се изјаснија против понатамошно ширење на Унијата, покажуваат резултатите од анкета на институтот Аконсулт. Дури 73 отсто Австријци одбиваат прием на нови држави во ЕУ, а само 19 отсто имаат позитивен став за понатамошни ширење на пример, со држави од Запден Балкан. Кога станиува збор за бегалци, 54 отсто веруваат дека ЕУ нема да може да изнајде заедничко дејствување и истровремено, 35 отсто се уверени дека ќе има единствено решение.

Протести во Грција на денот на потпишување на договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавуват дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишуваат договорот во Преспа, најверојатно во сабота, тие ќе одржат протест. „Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа, онаму каде што се светите останки на Павлос Мелас и на останатите Македономахи што ги дадоа нивните животи за слободата на татковината, соопштуваме дека ќе бидеме таму... Читать дальше...

Германски кардиохирурзи ќе оперираат во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Со официјализирање на соработката со Универзитетската клиника Јохан Волфганг Гете од Франкфурт, на пациентите ќе им овозможиме неопходните кардиохируршки интервенции да ги добиваат на клиниката за кардиохирургија во Скопје. Процедурите ќе ги изведуваат нашите доктори заедно со кардиохирурзите од Универзитетската клиника во Франкфурт. На тој начин македонските специјалистите - кардиохирурзи ќе се дообучуваат и во Македонија ќе добиеме врвни експерти од оваа област. Ова го истакна министерот за здравство... Читать дальше...

Трамп: Спијте мирно, нема веќе нуклеарна закана од Северна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Сега сите може да се чувствуваат многу побезбедно отколку оној ден кога ја презедов функцијата. Нема веќе нуклеарна закана од Северна Кореја. Состанокот со Ким Џонг Ун беше интересно и многу позитивно искуство. Северна Кореја има силен потенцијал за иднината, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп по Самитот во Сингапур. „Претседателот Обама рече дека Северна Кореја е наш најголем и најопасен проблем. Веќе не е. Спијте мирно вечерва“, стои во објавата на американскиот претседател на неговиот профил на Твитер.

Подготвен нов закон за спречување перење пари и финансирање тероризам

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на вчерашната седница усвоила предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, кој е усогласување со одредбите на Директивата на ЕУ против перењето пари. „Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар“, информираше денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Со тоа... Читать дальше...

Владата го демантира грчкиот нон-пејпер

SlobodnaEvropa.mk 

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека нон-пејперот од договорот за решавање на спорот за името помеѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, што се појави во грчката јавност, е интерпретација и не соодветствува со оригиналните членови на договорот. „Во основата на договорот е утврдено како Грција го толкува и поимува терминот Македонија. И тие го имаат прифатено тоа како ние како Македонија го поимуваме и толкуваме терминот Македонија. Се прави јасна дистинкција меѓу тоа што за нив значи Македонија и тоа е прифатливо за нас... Читать дальше...

Лавров: Се надевам дека договорот е во интерес и на Македонија и на Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави, објави МИА, повикувајќи се на агенцијата Спутник од Белград. „Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна подршка. Читать дальше...

САД, Канада и Мексико домаќини на Мундијалот 2026

SlobodnaEvropa.mk 

ФИФА на денешниот Конгрес во Москва одлучи Светското фудбалско првенство во 2026 година заеднички да го организираат Канада, Мексико и САД. На гласањето беа присутни 203 од вкупно 210 делегати со право на глас. Од нив 134 гласаа за трите земји, додека 65 за Мароко. За африканската држава ова е четврто губење на „домаќинството“ на СП, по поразот во финалното гласање. Светското фудбалско првенство во 2026 година е првото на кое ќе учествуваат 48 земји, 16 повеќе од претстојното во Русија.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи македонската иднина

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да не ја кочат, туку да дадат поддршка на македонската иднина, реагираше владејачката СДСМ по прес-конференцијата на најголемата опозициска партија на која нејзиниот лидер рече дека „договорот со Грција е капитулација и предавство за Македонија“. „Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија наназад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш - засекогаш. Целиот демократски свет, САД, ЕУ... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *