Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Июль
2018

Новости за 28.07.2018

Средба на претставници на САД и на талибанците во Доха

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на американските власти и на талибанците се сретнаа на директни разговори кои се за подготовка на мировните преговори со цел да се стави крај на 17 годишната војна во Авганистан. Средбата се одржала во Катар на 23 јули. Талибанците соопштија дека средбата била прелиминарна и со цел да се подготват за наредни контакти. Според нив, атмосферата била добра, корисна и се размениле мислења.

Дачиќ: САД имаат нов пристап кон косовското прашање

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека САД имаат нов, конструктивен пристап кон решавањето на косовското прашање. Според него, тоа претставува значителна промена од досегашниот став. „Тоа значи дека се отвори вратата за барање на ново, компромисно решение, нешто на што САД не беа подготвени во изминатите години бидејќи сметаа дека косовското прашање е затворено“, изјави Дачиќ. Дачиќ не посочи детали за новиот американски став.

Српската опозиција собира потписи против приемот на Косово во ОН

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на српската опозициска Народна странка, Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата за собирање на потписи против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации. Јеремиќ изјави дека целта на иницијативата е испраќање на порака до владата дека граѓаните на Србија се противат за членството на Косово во ОН и дека собирањето потписи ќе се одвива со недели и во сите делови на Србија. Според него, не е вистина дека членството на Косово во ОН е неопходно за да се сочува мирот во регионот.

Протести против зголемување на границата за пензија во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици илјади луѓе излегоа на протести низ Русија поради владиниот контроверзен план за зголемување на границата за пензија. Руската комунистичка партија е главниот организатор на протестите. Меѓу демонстрантите има и поддржувачи на опозицискиот лидер Алексеј Навални, како и од Фондацијата отворено општество на Михаил Ходорковски и движењето Лев фронт и партијата Јаболко. Според законот се предвидува мажите до 2028 година да се пензионираат на 65 години, а жените до 2034 на 63 години. Повеќе... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поместување за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска изјави дека во моментов нема поместување за референдумското прашање и карактерот на референдумот и оти ставот на партијата веќе неколку пати го соопштиле. „Нашиот став во однос на прашањето веќе неколку пати го кажавме. Тој е јасен и според законските норми и европските начела во моментов како што знаете од таму каде што застана на лидерската средба нема никакво помрднување“, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постојат консултации... Читать дальше...

Осудени 75 лица на смртна казна во Египет

SlobodnaEvropa.mk 

Египетскиот суд осуди 75 лица на смртна казна меѓу кои и членови на забранетото Муслиманско братство кои учествуваа во собирот одржан во 2013 година во знак на поддршка за соборениот претседател Мохамед Морси. За септември е закажана пресудата за уште 660 лица. Собирот во 2013 година беше насилно прекинат од безбедносните сили,. Меѓу обвинетите е и фотоновинарот Махмуд Абу Зеид познат и како Шавкан. Тој беше уапсен за време на покривањето на собирот.

СДСМ реагира правдата е вратена, ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите

SlobodnaEvropa.mk 

Од СДСМ денеска реагираат на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата, како што наведуваат, може да ги врати само парите што ги украла, при што правдата одамна е вратена во земјата. „Нема поголема иронија од тоа ВМРО-ДПМНЕ најкриминалната партија во историјата на Македонија, партијата симбол на грабеж, корупција и неправда да бара правда и владеење на правото“, истакнуваат од СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговорност за, како што наведуваат, општиот грабеж кој го спроведува СДСМ со тендерот на... Читать дальше...

Исчезнати 9 лица во пожарите во Калифорнија

SlobodnaEvropa.mk 

Девет лица се водат за исчезнати од пожарите кои ја погодија северна Калифорнија во САД. Во пожарите загинаа двајца пожарникари и беа уништени стотици објекти, при што илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат нивните домови. Околу 3400 пожарникари се распоредени на копно и во хеликоптери и авиони.



Преговори за формирање на пакистанската влада

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на партијата Техреек-е-Инфаф (ПТИ), Имран Кан ќе ги започне денеска преговорите за формирање на коалиција со помалите партии за формирање на наредната влада на Пакистан. Партијата на Кан освои 16,8 милиони од гласовите, при што партијата на поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф освои 12, 8 милиони од гласовите. Но, освоените 116 пратенички места не се доволни за ПТИ да има мнозинство во Парламентот. 65 годишниот Кан е поранешна меѓународна крикет ѕвезда и има големи шанси да стане наредниот премиер на Пакистан.

Серија експлозии во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Серија на експлозии го погодија источниот авганистански град Џалалабад и истрели од огнено оружје можеле да се слушнат во реонот каде се наоѓа дом за обучување на акушерки, соопштија локални власти. Според нив, некои од студентите биле евакуирани, а експлозија имало во покраината Нангахар. Се уште нема информации за жртви и никој не презема одговорност за нападите. Но, талибанците и милитантите на Исламска држава спроведуваа такви напади во Нангахар.

САД не сакаат промена на режимот во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис изјави дека САД не се за промена на режимот во Иран. Тој посочи дека нивната цел е да се смени однесувањето на Иран поради бројните закани кои што може да ги спроведе војската и тајната служба на земјата. Изјавата на Матис доаѓа по разговорите на високи претставници на Белата куќа на кои станало збор и за Иран. Тензиите меѓу САД и Иран се зголемени, а американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го предупреди Техеран да не и се заканува на неговата земја бидејќи ќе се соочи со последици.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од функционерите на СДСМ

SlobodnaEvropa.mk 

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека мора да има одговорност за, како што наведуваат, општиот грабеж кој го спроведува СДСМ. Според партијата, сите владини и државни функционери кои се нашле во скандалите тешки 45 милиони евра мора да понесат одговорност и да поднесат неотповиклива оставка. „Додека здравството е пред целосен колапс, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните со своите живот, Венко Филипче се обиде да спроведе холивудски грабеж и на фирма која е формирана само 4 пред месеци да и додели тендер тежок 35 милиони евра. Читать дальше...

Партиите се уште во разговори за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентарните партии се уште водат разговори со цел да се постигне договор за спроведување на референдумот, особено за надминување на несогласувањата околу референдумското прашање. Премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери најавија дека до 30 јули референдумот треба да биде распишан за тој да се одржи на 30 септември. Со формирањето на ДИК, чии членови во понеделник во Собранието ќе дадат свечени изјави, се создадоа и формални услови за организирање на референдумот.

Сончево време со умерена облачност и краткотраен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 24 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 32 степена. Продолжува период на променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи. Кон средната на наредната седмица се очекува извесно стабилизирање на временската состојба. Читать дальше...

Реформи во трудот - се може ли без работници?

SlobodnaEvropa.mk 

Tехнолошките иновации во развиените индустриски земји во Европа претставуваат опасност за работните места. Во Македонија технологијата доцни и засега не се загрозени одредени работни места, велат експерти. Но и покрај тоа, тие истакнуваат дека компаниите ќе мораат да се приспособат кон ваквите трендови за да бидат конкурентни на пазарот.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *