Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Декабрь
2018

Новости за 15.12.2018

Младен Чадиковски избран за нов претседател на ЗНМ

SlobodnaEvropa.mk 

Новинарот Младен Чадиковски денеска е избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија. Тој доби 86 гласа од членовите, а за неговиот противкандидат Столе Наумов гласаа 77 членови. Вкупно на собранието присуствуваа 175 членови, a здружението има вкупно 555 членови.   “Нема компромис за слободата на медиумите и професионализација на новинарството во Македонија” рече Чадиковски по неговиот избор. Досега во два мандата, односно осум години, функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани. Читать дальше...

Формирана украинска црква

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Петро Порошенко попладнево објави дека историкиот црковен собор на денешната седница во Киев се согласил да формира независна црква на Украина. Пред насобраните луѓе кои ја чекаа одлуката на соборот Порошенко рече дека ова е историски ден на кој конечно добиле независност од Русија.Советот за главен на новата црква го избрал свештеникот Думенко.

Путин загрижен за популарноста на рап музиката

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост за растот на популарноста на рап музиката меѓу младите Руси. Зборувајќи на состанокот на советниците за култура денеска во Кремљ, Путин рече дека таа музика не треба да биде забранета туку контролирана. Неговиот коментар доаѓа по откажувањата на концерти на популарни музичари кои се смета дека ги канализираат политичките и економските фрустрации на младите Руси. Путин пак нагласи дека рапот се базира врз три столба : секс, дрога и протести.

КСС на протест во Прилеп

SlobodnaEvropa.mk 

Конфередерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на мирен протест во Прилеп ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15. Синдикалците побараа работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори. КСС исто така се противи на најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор. “Знаеме дека во јавната администрација веќе почнаа да се прават трансфер листи. Ние како синдикати не сме информирани за правењето на тие трансфер листи. Читать дальше...

Париз- приведени 85 лица на протестите на Жолтите елеци

SlobodnaEvropa.mk 

Помали судири меѓу полицијата и поддржувачите на Жолтите елеци се случија попладнево во Париз. Светските агенции јавуваат дека полицијата во главниот француски град притворила за распит 85 луѓе. Инаку ова се петти по ред викенд демонстрации, агенциите јавуват за помала бројност во однос на претходните собири. Француската полиција беше на улиците уште од утрината во очекување на протестите. Министрите ги повторија повиците за нивно откажување откако четири лица беа убиени на божиќен маркет во Стразбург... Читать дальше...

Тирана- Баша го поистовети Рама со Енвер Хоџа

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската партија, Љуљзим Баша, од денешното Нацонално собрание на партијата повика на отстранување на премиерот Еди Рама од власт со цел „ стопирање на пропаста на Албанија“. Тој уште побара да се продолжи со обвинувањата и демаскирањата кон владата а повика сите албански граѓани да се придружат на студентските протести “кои се одржуваат насекаде во Албанија“ “Од денеска треба да бориме за промени, не за власт. Само така утре ќе имаме одговорна... Читать дальше...

Украинските свештеници во обид да формираат независна црква

SlobodnaEvropa.mk 

Високи свештени лица од Украинската православна црква денеска оддржуваат историски совет во обид да формираат нова украинска црква и да изберат лидер со што би постигнале независност од руското туторство. Состанокот во украинскиот главен град Киев може да биде важен чекор во обидите на Украина кои траат со години за независност од црковна Москва. На него би можело да се овозможи да се спроведе историската одлука на Синодот на екуменскиот патријарх во Цариград кој во октомври одлучи да поведе процес... Читать дальше...

Жолтите елеци почнаа да се собираат во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници поддржувачи на Жолтите елеци се собраа во Париз на петти по ред викенд демонстрации. Француската полиција е на улиците во очекување на протестите. Министрите ги повторија повиците за откажување на протестите откако четири лица беа убиени на божиќен маркет во Стразбург. Францускиот претседател Емануел Макрон побара смиреност и враќање на нормалното функционирање.



Гутереш побара нормализација на односите Белград-Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази загриженост по веста дека косовскиот Парламент усвои три закони чија цел е јакнење на улогата и капацитетот на косовските безбедносни сили и притоа ги повика „сите страни“ на воздржаност, јави Танјуг. "Гутереш истакна дека Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН ја претставува единствената законска рамка за присуство на меѓународни безбедносни сили – КФОР – на кои им е доверена одговорноста за обезбедување безбедна средина во Косово"... Читать дальше...

Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска почина градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски. Според неофицијални информации причината за смртта е инфаркт. Стојаноски е роден 1970 година Охрид. Функцијата градоначалник ја презема на 20 октомври лани, а претходно беше советник во општината од редовите на СДСМ.

Жбогар загрижен од информациите за притисоци врз пратеници

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар вчера се сретнал со пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на својот профил на социјалната мрежа Твитер наведе дека се сретнал со пратениците кои ги поддржуваат реформите за интеграција во ЕУ, помирувањето и дебатата за уставните амандмани. “Сериозно сум загрижен поради информациите за постојани притисоци врз нив и нивните фамилии” напиша Жбогар. Во друг пост на Твитер тој пишува дека сите пратеници треба да имаат... Читать дальше...

Јункер го обвини Орбан за ширење дезинформации

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Брисел го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан за водење кампања со дезинформации за миграциите и излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Претседателот на Европската комисија рече дека некои премиери кои седат таму шират лажни вести, додавајќи дека кога Виктор Орбан ќе кажел дека Јункер е одговорен за Брегзитот, тоа била лажна вест. Тој ова го кажа по самитот на ЕУ нагласувајќи дека унгарскиот премиер исто така ширел уште... Читать дальше...

Потврдена посветеноста на Скопје и Атина за спроведување на Договор од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Определбата за имплементација на Преспанскиот договор во Скопје и во Атина со приближувањето на процесот на уставните измени во Македонија кон нивниот финиш се силни и во континуитет се реафирмираат, а очекувања историскиот договор да биде успешно процесуиран и во Грција стигнаа и од државниот секретар на САД Мајк Помпео. Премиерот Зоран Заев изрази уверување дека ќе добие целосна поддршка од пратениците за уставните амандамни и дека процесот ќе се заокружи околу средината на јануари 2019 година. Читать дальше...

Хан- Белград и Приштина да прекинат со провокациите

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан смета дека е неопходно да се прекинат провокациите и да се врати дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина. Хан во интервју за виенското радио „Ое1“ вели дека изминатото лето се уште имало динамика во дијалогот и дека се разговарало за можните елементи на договорот. "Меѓутоа, сега имаме застој, а нашата задача е да продолжиме. Федерика Могерини доби налог од Советот за безбедност на Обединетите нации да посредува. Читать дальше...

Силни безбедносни мерки пред протестите во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници француски полицајци денеска се распоредени во Париз пред очекуваните протести на движењето Жолти елеци. Бебедносните сили во опрема за сузбивање немири се распоредени во близина на централната железничка станица и по познатиот булевар Шанз елизе. Министрите ги повторија повиците за откажување на протестите откако четири лица беа убиени на божиќен маркет во Стразбург. Францускиот претседател Емануел Макрон побара смиреност и враќање на нормалното функционирање.

ЗНМ избира нов претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска треба да добие нов претседател. За претседателското место во ЗНМ во трка се двајца кандидати – Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.  Покрај ова, денеска ЗНМ треба да избере и членови за Управниот и Надзорниот одбор и за Советот на честа. За членови во Управниот одбор биле пристигнати 29 кандидатури, за Надзорниот одбор шест, а за Советот на честа четири кандидатури. Изборното собрание на ЗНМ почнува во 10 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. Читать дальше...

Солун- мали инциденти на протестите против Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Помала група демонстранти предизвика мали инциденти на крајот од протестот во Солун, против Договорот од Преспа и по повод политичкиот настан на СИРИЗА на кој говореше грчкиот премиер. Според локалните медиуми, групата, со пиротехнички материјали ја нападнала полицијата, која одговорила со мала количина солзавец, а кусо интервенирала и со водени топови, јави дописничката на МИА од Атина. Претходно, насобраните граѓани, организирани преку социјалните мрежи од десничарско ориентирани здруженија и организации... Читать дальше...

Многу невработени, а нема квалификуван кадар

SlobodnaEvropa.mk 

Невработеноста во Македонија, според последните податоци на Заводот за статистика, изнесува 20,8 отсто. Но и покрај високата стапка на невработени во државава, стопанските комори, бизнис асоцијациите, упатените постојано предупредуваат на недостиг на квалификувана работна сила.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *