Почина новинарот Тодор Пендаров
Денеска почина долгогодишниот новинар Тодор Пендаров. Тој во својата кариера беше дописник за Радио Скопје, а потоа работеше и како советник за односи со јавност во Македонското собрание. Пендаров студираше политикологија на Универзитетот во Љубљана, а потоа работеше како допоисник од Словенија. Тој гостуваше и на ТВ-дебати анализирајќи ги политичките случувања во земјава. Како што известуваат медиумите, Пендаров починал по долго боледување.