Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Апрель
2024

Новости за 16.04.2024



Вработените во „Национални шуми“ без плати, ама со нови возила

SlobodnaEvropa.mk 

Без разлика дали до среда ќе ги добијат заостанатите две плати или не, работниците во среда излегуваат на протест пред Дирекцијата на ЈП „Национални шуми“. Од државното јавно претпријатие побарале финансиска помош од Владата, но, не ја добиле.

Само со донации не се води битка против корупција

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици милиони евра чини опремата што ЕУ и САД ја донираат во Северна Македонија за подобрување на борбата против корупцијата. Но, дел од таа опрема не се користи и се отежнува проверката на имотот на функционерите и јавните набавки. Институциите одолговлекуваат целосно да ги стават во функција донираните системи.

Тепачка во парламентот на Грузија и масовни демонстрации против Законот за „странски агенти“

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници Грузијци протестираа во Тбилиси на 15 април, откако пратениците повторно го разгледуваа предлог-законот со кој се бара од организациите финансирани од странство да се регистрираат во владата. Владејачката партија претходно го поддржа контроверзниот закон за „странски агенти“ во 2023 година, а потоа го повлече како реакција на претходните масовни протести. Додека пратениците го предлагаа законот, дојде до тепачна во парламентот.

Иранци изразуваат загриженост од нападите врз Израел

SlobodnaEvropa.mk 

И покрај сцените на славење на толпи луѓе на улиците на Техеран, слушателите на РСЕ во Иран не контактираа за да изразат загриженост за можните последици од масовниот напад на нивната земја врз Израел.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *