Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Новости за 04.07.2018

Одложено судењето за смртта на Тамара

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за смртта на Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи операција во странство, е одложено за 17 септември, за двајца од вкупно 12 обвинети да ја подготват одбраната и да се запознаат со записниците. Судијата Марин Станевски на обвинетите Маја Парнарџиева – Змејкова и Шабан Мемети на денешното рочиште им го достави обвинителниот предлог за тие да ја подготват одбраната.

Децата во пештерата во Тајланд најдени, спасувањето проблем

SlobodnaEvropa.mk 

Тајландските специјални сили објавија нова видео снимка на децата кои десетина дена се заглавени во една пештера во северната провинција Чианг Раи. Сега главен проблем е како да се извлечат од сè уште поплавената пештера.

Помпео ќе го посети Мексико

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 13 јули ќе го посети Мексико каде што ќе разговара со претседателот во заминување Енрике Пења Нието и со новоизбраниот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор, соопшти мексиканското министерство за надворешни работи, наведувајќи дека теми на разговорите ќе бидат миграцијата, трговијата и безбедноста. Левичарот Лопес Обрадор победи на претседателските избори во неделата со 53 насто освоени гласови. Должноста ќе ја преземе на 1 декември.

НАТО членките ги отфрлаат критиките на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Земјите членки на НАТО ги отфрлија критиките од САД дека не трошат доволно за одбраната. Пред самитот на НАТО во Брисел во идната недела претседателот Доналд Трамп кој ќе учествува на собирот им испратил писма на некои сојузници во Алијансата од кои бара да ги зголемат ваквите трошоци. Повеќето од овие земји не се согласуваат со ваквата оценка, наведувајќи дека ги спроведуваат зацртаните планови. Претстојниот самит на НАТО е прв поголем состанок на сојузниците по бурниот состанок на Групата 7 во... Читать дальше...

Мигранти "доаѓаат" пред избори, па и пред референдум

SlobodnaEvropa.mk 

Темата за доселувањето на мигранти во Македонија, по некакво затишје повторно се актуализира. Дел од аналитичарите сегашната актуализација на наводните мигранти од страна на опозицијата ја поврзауваат со најавениот референдум за името.

Во Солун средба на лидерите на Грција, Србија, Бугарија и Романија

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Солун ќе се одржи средба меѓу премиерите на Грција, Алексис Ципрас, на Бугарија, Бојко Борисов и на Романија Вјорика Данчила, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Состанокот, како што е соопштено, во најголем дел ќе биде посветен на инфраструктурните проекти со цел меѓусебно поврзување на четирите земји и на целиот регион.

Курц: миграцијата врвен приоритет во наредните месеци

SlobodnaEvropa.mk 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Европскиот парламент во Стразбур ја претстави програмата на претседавањето на Австрија со Европската унија при што најави дека прашањето со миграцијата ќе има најголем приоритет во наредните месеци. „Мигрантската криза создаде несигурност меѓу европските граѓани, а заштитата на европските граници мора да биде најголем приоритет и мора да дојде до промени во нашата миграциска политика“, изјави Курц. Слоган на австриското шестмесечно претседавање со ЕУ кое почна на 1 јули е „Европа која штити“.

Бејли: Време на надеж за Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

„Денес е време на надеж за Македонија. Граѓаните се со право фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи со Европа, со САД, НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Постигнат е значаен прогрес во минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела. Ова го истакна американскиот амбасадор Џес Бејли во своето обраќање на прославата по повод одблежувањето на 4 јули Денот на независноста на САД, која се одржа во американската амбасада во Скопје.

Времето денеска: сончево со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневнaта температура ќе се движи од 24 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степена.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *