Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Новости за 06.07.2018

Турската полиција апси армиски генерали и полковници

SlobodnaEvropa.mk 

Турската полиција денеска почнала координирана низа акции за апсење на 271 припадник на армијата, кои се осомничени членови на групата ФЕТО на Фетула Ѓулен, за кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган тврди дека е организаторот на неуспешниот државен удар од 2016 година. Акцијата отпочна во пет часот изутрина. Меѓу бараните лица има 10 активни полковници како и пензионирани генерали кои биле во контакт со оперативци на Ѓулен. Од обидот за државен удар, во Турција беа уапсени над 160.000 лица... Читать дальше...

Недостигаат и луѓе и технологии за поголем извоз

SlobodnaEvropa.mk 

Последните статистички податоци покажуваат дека само 6,3 проценти од компаниите во земјава извезуваат. Упатените велат дека компаниите мораат да инвестираат во квалитетен кадар и во современи технологии за да бидат конкурентни на странските пазари

Во Канада од жешкиот бран умреле 33 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 33 луѓе умреле од последиците од жешкиот бран кој во последниве неколку денови ја погоди канадската провинција Квебек. Како што се наведува, 18 смртни случаи биле забележани во Монтреал каде што температурата достигнала до 45 степени. Според податоците на Одделот за јавно здравство, меѓу умрените најбројни биле мажи од 53 до 85 години кои живееле во повисоките катови без клима уреди. Жешкиот бран со рекордни температури почна во Канада на 29 јуни. Деновиве се очекува темепратурата да опадне.

Во Мексико најмалку 19 луѓе загинале во експлозии во фабрика за пиротехника

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 19 луѓе загинале, а 40 други биле ранети во неколку експлозии во илегална фабрика за производство на пиротехнички средства во мексиканскиот град Тултепек, северно од Мексико Сити. Меѓу загинатите биле и четворица полицајци и двајца полицајци кои учествувале во расчистувањето на местото по првата експлозија. Голем број жители на Тултепек заработуваат за живот правејќи и продавајќи средства за огномет.

Заев: референдумот ќе биде на 23, 30 септември или 7 октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Референдум ќе биде на 23 септември, 30 септември или 7 октомври, а целта е до 15 јануари да се завршат сите предвидени обврски, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ. Тој додаде дека референдумот ќе има обврзувачки карактер, ќе биде прифатен од сите, па дури и од претседателот Иванов. Одговарајќи на прашањето кои се роковите за македонската страна Заев вели дека целта која што е поставена е 15 јануари. „Со успешниот референдум јас сум убеден дека сите... Читать дальше...

Пенс на Твитер: поддршка на Заев и Ципрас за Договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот потпретседател Мајк Пенс на Твитер соопшти дека разговарал со премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за да им ја пренесе американската поддршка за Договорот за името. „Разговарав со македонскиот премиер за да му ја понудам поддршката на САД за историскиот договор за решавање на долготрајното прашање за името со Грција. Успешната имплементација ќе ја отвори вратата за европска интеграција и ќе ги зајакне просперитетот и стабилноста на регионот“. Порака со иста... Читать дальше...

Советот за безбедност на ОН без договор за југозападна Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбеднист на Обединетите нации на затворените консултации не постигнал заеднички одговор на ескалацијата на судирите и безбедносната ситуација на југозападниот дел од Сирија. Рускиот амбасадор Василиј Небензја чија земја учествува во воздушните удари врз бунтовниците во југозападна Сирија им изјави на новинарите дека Москва се залага со другите членки на Советот на хуманитарен пристап, но оти е под знак прашалник на колкав број цивили им е потребна помош.

Пенс: поддршка на САД за Договорот со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев му го честита историскиот договор со Грција за решавање на долгогодишното прашање за името меѓу двете земји, соопшти синоќа Белата куќа. Тој ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на патот кон преговори за пристапување во Унијата во јуни 2019 година и ја потврди поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Во соопштението се наведува дека Пенс го пофалил премиерот Заев за лидерството... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде сончево и топло со умерен, претежно северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 34 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *