Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Новости за 11.07.2018

Австрија бара решение за преостанатите балкански конфликти

SlobodnaEvropa.mk 

По завршувањето на Самитот за западен Балкан, австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека во текот на претседавањето со ЕУ, Австрија сака да придонесе во решавање на споровите на Западен Балкан. „Во тој регион уште постојат неколку конфликтни теми помеѓу различни држави, што е разбирливи, бидејќи пред две три децении таму имаше воени конфликти. Во решавањето ќе се обидеме да дадеме свој придонес“, рече Курц.

Во полициска акција уапсен градоначалникот на Ново Село

SlobodnaEvropa.mk 

Во полициска акција синоќа бил приведен градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, информираше СВР Струмица. Според соопштението, синоќа во близина на село Бадилен, од страна на полициски службеници, се запрени две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. „Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од село Ново Коњарево... Читать дальше...

Многу оџаци, а малку оџачари

SlobodnaEvropa.mk 

Само десет оџачари се пријавиле на јунскиот оглас за обука, иако според проценките, на Скопје му требаат најмалку 150. Упатените предупредуваат дека недостига поголема свесност за редовно одржување на оџаците, кои пак се една од причините за пожари и високата аерозагаденост.

Трамп: Германија е заложник и под контрола на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Пред почетокот на Самитот на НАТО, американскиот претседател Доналд Трамп, ја повика Германија веднаш да ги зголеми трошоците за одбрана на два проценти од БДП и ја обвини дека е под контрола на Русија, објави агенцијата Ројтерс. „Германија е целосно под контрола на Русија, тоа е многу лошо за НАТО. На Русија ѝ се плаќаат милијарди, се градат гасоводи. Германија е заложник на Русија, Берлин се потпира главно на увозот на руски гас и ги отстранува своите нуклеарни централи. Нешто мора да се направи. Читать дальше...

Политичка злоупотреба на навивачките групи

SlobodnaEvropa.mk 

Политичката манипулација со навивачките групи често предизвикува тензии на национален план. Тоа го покажува и последниот случај со Никола Саздовски член на Комитите кој почина од повреди здобиени од претепување во Скопје.

Генимата - Со Договорот им дадовме македонска националност и македонски јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на грчкото Движење за промена, Фофи Генимата, во интервју за грчката телевизија Алфа упати повик Македонија сега да не добие покана за членство во НАТО, туку откако ќе се завршат сите обврски предвидени во Договорот. „Јас сакам, па дури и сега, во последен момент, да упатам повик, да не постои сега покана за Скопје. Да има одлука дека ќе бидат повикани со завршувањето на процесот што треба да го завршат. Прво е опасноста да се најдеме пред свршен чин во врска со НАТО и сега е критичниот момент. Читать дальше...

Македонија ја чека поканата од НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија денеска во Брисел ја очекува одлуката за поканата за членство во НАТО, која формално утре ќе му биде врачена на премиерот Зоран Заев.

Заев: Сите партии заедно ќе ги прецизираат деталите за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за грчката агенција АНА-МПА, изјави дека по самитот на НАТО сите политички партии ќе имаат средба во Собранието за да ги утврдат елементите на референдумот, деталите за прашањето што ќе се постави на референдумот и за карактеристиката на референдумот за името. Заев се надева дека референдумот ќе биде успешен и ги повтори и можните датуми - 23 септември, 30 септември или 7 октомври, за, како што кажа, „да постои доволно време за да се финализираат сите процеси до крајот на годината“. Читать дальше...



Москва ќе реагира на протерувањето руски дипломати од Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека ќе реагира на протерувањето на двајца руски дипломати од Грција, објави руската новинска агенција Интерфакс. Грција ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез на уште двајца за активности што не се во согласност со нивниот статус, објави претходно денеска грчкиот весник Катимерини. Според весникот, Атина го презела овој потег откако ги почувствувала обидите на руските дипломати да го поткопаат Договорот со Македонија, за спорот околу името.

Трамп предложи нови царини за кинески производи

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп ја интензивира битката со Кина предложувајќи царини од 10 насто за кинески производи во вредност од 200 милијради долари. Ова е одговор на претходниот чекор на Пекинг кој по првата рунда американски царини од 25 насто најави царини и за американските производи. Трамп ќе реши дали да ги воведе новите царини откако надлежните ќе го испитаат списокот на производи. Овој процес може да трае и до два месеца.

Договорот за името, причина за протерување двајца руски дипломати од Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Грција ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез на уште двајца за активности што не се во согласност со нивниот статус, објави денеска грчкиот весник Катимерини. Засега нема официјaлeн коментар од грчките власти, како и од руската амбасада во Атина. Според Катимерини, Атина го презела овој потег откако почувствувала обиди на руските дипломати да го поткопаат Договорот со Македонија, за спорот околу името.

Подчасов: членството на Македонија во НАТО е важно за имиџот на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

„Македонското евентуално влегување во НАТО не повлекува сериозни одбранбени или воени предности за Алијансата, туку ќе има позитивен импакт врз имиџот на НАТО“, вели Николај Подчасов, од рускиот Институт за стратегиски студии за руската новинска агенција ТАСС. „Македонија не е голема земја, нејзината популација е околу 2 милиона. Затоа нема да има сериозен придонес во НАТО силите. Во овој случај е поважно да се покаже дека Алијансата продолжува да се шири и оти останува активна и атрактивна за Балтичките земји“... Читать дальше...

Во Италија уапсен македонски државјанин за планирање терористички напад

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанските власти уапсиле македонски државјанин осомничен за подготовка на терористички напад. Како што се наведува во вчерашното соопштение на полицијата, 29 годишниот Агим Мифтари се обучувал за „идни терористички иницијативи“ во Сирија. Тој на социјалната мрежа Фејсбук ширел пропаганда на терористичката организација Исламска држава. Полицијата при претресот на неговиот дом во април годинава пронашла дрон и воена униформа. Мифтари е во притвор од април.

Трамп пристигна во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп стигна во Брисел на дводневниот самит на НАТО, а по неговите обвинувања на сметка на сојузниците дека не издвојуваат доволно за одбраната. Брисел е првата станица на Трамп во текот на престојот во Европа. Тој ќе ја посети Британија, а во Хелсинки ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп вчера изјави дека од неговите претстојни состаноци во Европа, оној со Путин може да биде најлесниот.

Кој повеќе добива од средбата во Хелсинки, Трамп или Путин?

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп по самитот на НАТО и посетата на Британија на 16 јуни во Хелсинки ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп вчера изјави дека од неговите состаноци во Европа, оној со Путин можеби ќе биде и најлесниот. Многумина се прашуваат кои би можело да бидат резултите од нивната средба, ако воопшто ги има.

Почнува дводневниот самит на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Во Брисел денеска со обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на безбедносната конференција: „НАТО се ангажира: дијалог на Бриселскиот самит“ почнува годишниот собир на шефови на држави или влади на 29 земји членки на Алијансата. На овој самит, како што најави и генералниот секретар Столтенберг, сојузниците ќе ја повикаат Македонија да ги започне разговорите за пристап. „Откако ќе биде финализиран и имплементиран историскиот договор за прашањето за името, НАТО ќе може да ја покани... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и малку обачно

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде сонево со мала облачност и со слаб северн ветер. Максималната темпертура ќе се движи од 20 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со темпертура до 32 степена.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *