Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Новости за 19.10.2018

Со 80 гласа „за“ помина првата фаза од уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Со 80 гласа за Собранието вечерва ја донесе одлуката за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија. Покрај 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата меѓу кои Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канчевска-Милевска, Владанка Авировиќ, Крсто Муковски, Зекир Рамчиловиќ. По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев по електронското гласање се вршеше и поединечно... Читать дальше...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ безочно лаже, ќе поднесеме тужби

SlobodnaEvropa.mk 

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажува огромна нервоза и безочно лаже, рече вечерва на прес-конференција во Собранието, пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов. „Најостро ги демантираме изнесените лаги дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или на кој било пратеник му се нудени пари или дека некој му се заканувал или ги уценувал. За изнесените невистини ќе поднесеме и соодветни тужби до надлежните служби“, рече Костадинов, додавајќи дека тие „лаги“ ќе требало да ги докажат пред суд. Читать дальше...

Јанушев - На пратениците им се нудат милиони евра за да гласаат за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва на прес-конференција во партиското седиште, рече дека денеска се случувала вистинска драма во Собранието во која структури на власта и, како што рече, структури кои одработувале за оваа власт, вршеле „жестоки уцени, закани и притисоци“ врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Собранието на Република Македонија се претвори во пазар и арена на притисоци, закани и уцени во замена за поддршка на Договорот со Грција, рече Јанушев. Читать дальше...

Собраниската седница за уставните измени продолжува во 21 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Пленарната собраниска седница на која треба на дневен ред е пристапувањето кон уставните измени поврзани со Договорот од Преспа ќе продолжи вечерва во 21 часот, им соопштија на новинарите во Собранието од службите во кабинетот на претседателот на парламентот Талат Џафери. Седницата првично беше закажана за во 12 часот, па потоа за во 15 часот, за сега да биде соопштено дека ќе продолжи вечерва. Претходно ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение наведе дека согласно член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: обвинителството да ги испита наводите за притисоци врз пратеници

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во соопштение наведуваат дека согласно член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, “седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку”. “До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена”, наведуваат од партијата. Во соопштение пишуваат и дека пратеничката група апелирала до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени... Читать дальше...

Осомничениот за убиството на бугарската новинарка ја признал вината

SlobodnaEvropa.mk 

Северин Красимиров, осомничениот за силување и убиство на бугарската телевизиска новинарка Викторија Маринова го призна делото и ќе остане во притвор, соопшти денеска судот. “Да, виновен сум. Не можам да поверувам дека го сторив тоа. Жал ми е, изјави 20-годишниот човек на судењето”, јавија бугарските медиуми. Тој, исто така, рече дека бил под влијание на дрога и алкохол и оти не ја познавал жртвата кога го сторил кривичното дело. Телото на 30-годишната новинарка и презентерка беше пронајдено... Читать дальше...



Пратениците во Собранието, салата празна

SlobodnaEvropa.mk 

Сè уште не е почната собраниската седница на која треба да се гласа за пристапување кон уставните измени согласно Договорот од Преспа, иако беше најавена за во 15 часот. Нема официјално образложение за доцнењето.

Отфрлена можноста за предвремени избори во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја исклучи можноста за одржување предвремени парламентарни избори по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, истакнувајќи дека неговата Влада се уште има поддршка од мнозинството пратеници. Ципрас во Брисел нагласи дека ќе го преземе ресорот надворешни работи се додека успешно не заврши процесот за промена на името на Македонија. Според него, Владата се уште има целосна и апсолутна поддршка на мнозинството во Парламентот. Неговата Влада... Читать дальше...

Ципрас од утре и официјално шеф на грчката дипломатија

SlobodnaEvropa.mk 

Со свечена заклетва во претседателската палата во Атина и со примо-предавање на функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција, премиерот Алексис Ципрас утре и официјално ќе ја преземе должноста шеф на дипломатијата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во 10.30 часот по локално време (11:30 по средноевропско време), Ципрас ќе положи граѓанска свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а веднаш потоа од претседателската палата ќе се упати кон Министерството... Читать дальше...

Собраниската седница за уставните измени се уште не почна

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската седница на која се очекува да се гласа за пристапување кон уставните измени согласно Договорот од Преспа се уште не почна иако нејзиниот почеток беше закажан за во 15.00 часот. Нема официјално известување на што се должи доцнењето. Претходно дел медиуми објавија дека е обезбедено двотретинско мнозинство потребно за да се пристапи кон уставни измени. Владиното мнозинство има 72-јца пратеници, што значи дека уште најмалку осум од ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција би требало да гласаат за да почне процедурата за измените на Уставот. Читать дальше...

СДСМ: пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат слободно

SlobodnaEvropa.mk 

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска одново покажаа дека по секоја цена сакаат да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО, тврди СДСМ во партиското соопштение. “Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата”, наведуваат од владејачката партија. Во соопштението додаваат и дека “сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред... Читать дальше...

Турски воздушни напади врз припадници на ПКК во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Четворица припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) беа ликвидирани при воздушен напад на турското воено воздухопловство во реонот на Метина и Авасин-Басјан во северниот дел на Ирак, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Турција, јавува Анадолија. Во соопштението се нагласува дека ликвидираните „терористи“ планирале да извршат напади врз турски воени објекти. ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД, од 1984 година води вооружена... Читать дальше...

Путин и Мирзијаев започнаа со изградба на нуклеарна централа во Узбекистан

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин и узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев започнаа со изградба на нуклеарна централа во узбекистанскиот западен регион Навои, за која Москва проценува дека ќе бидат потребни 11 милијарди долари. Двајцата претседатели денеска го притиснаа симболичното копче на церемонијата во конференциската сала во Ташкент, и го одбележаа започнувањето на геолошкото истражување за да се одлучи за локацијата каде ќе биде изградена првата нуклеарна централа во Узбекистан. ... Читать дальше...

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа согласно резултатите од референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бара од претседателот на Собранието Талат Џафери, без дополнително одлагање да ја стави на изјаснување точката за пристапување кон уставни измени, изјави на денешна прес-конференција во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. „Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот изразена преку пропаднатиот референдум и недавањето на мандат за уставни измени“, рече Милошоски.

Апелација ја достави до Кривичниот суд второстепената пресуда за Груевски

SlobodnaEvropa.mk 

Второстепената пресуда од Апелацискиот суд за предметот „Тенк“ за Никола Груевски и Ѓоко Поповски денеска е доставена до Кривичниот суд, соопшти денеска Судот.    „Второстепената пресуда за предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“ од Апелацискиот суд – Скопје денеска беше доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Пресудата ќе биде распределена на понатамошно постапување кај судија за извршување санкции кој во следниот период треба да изготви упатен акт и да го испрати до странките во постапката... Читать дальше...

Седницата за уставните измени одложена за 15 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени ќе продолжи во 15 часот, велат од Собранието наведувајќи дека причината за одложувањето на почетокот на седницата е пратениците да се соберат во салата.  Денешната расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, беше закажана за 12 часот.   Претходното продолжение на седницата заврши без пратениците... Читать дальше...

ЗНМ бара измени на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на Здружението на новинари на Македонија денеска побараа воведување на нови кривични дела во Кривичниот законик, како што се „Спречување на новинарите во извршувањето на професионалните задачи“ и „Напад врз новинарите во извршувањето на професионалните обврски“, односно дополнување на постојните членови кои се однесуваат на закани и физички напад, вклучително и убиство. Од ЗНМ велат дека со овие предлог измени, секое лице кое ќе се закани или ќе нападне новинар, медиумски работник... Читать дальше...

Палмер: Преспанскиот договор е историска можност, не постои план „Б“

SlobodnaEvropa.mk 

Историскиот Преспански договор ја отвора европската иднина за Македонија, НАТО веќе ја покани Северна Македонија да се приклучи, а ЕУ веќе ја сигнализираше нејзината подготвеност следниот јуни да отвори пристапни преговори, изјави денеска американскиот дипломат Метју Палмер на безбедносниот форум во Белград.  „Важно е да биде јасно дека оваа европска иднина бара прифаќање на Преспанскиот договор од Македонија и Грција и негово целосно имплементирање. Нема алтернативен одговор, нема план „Б“, нема дополнување на Преспанскиот договор... Читать дальше...

Хан: пратениците да гласаат во интерес на земјата и граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер изрази увререност дека пратениците од сите полтички партии во македонското Собрание ќе ги тргнат настрана партиските интереси и ќе донесат одлука во интерес на земјата и граѓаните. „Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција. Ова е гласање за иднината на земјата и позитивните перспективи за граѓаните. Јас... Читать дальше...

Странските инвестиции, стабилноста и правната сигурност

SlobodnaEvropa.mk 

Иако влезот во НАТО отвора врата за директен влез на странски инвестиции дома, упатените велат дека нивниот ефект би бил поочигледен доколку се решат проблемите со законските регулативи, политичка стабилност и правната сигурност во државата.

Венецијанската комисија ќе ги разгледува измените на Законот за судовите

SlobodnaEvropa.mk 

Венецијанската комисија денеска во Венеција ќе ја одржи 116-та пленарна сесија на која ќе учествува и министерката за правда Рената Дескоска. Таа ќе има состаноци со членовите на Венецијанската комисија и ќе се обрати на пленарната сесија на која ќе биде разгледано и усвоено Нацрт-мислењето на Венецијанската комисија за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судовите, соопшти Министерството за правда. Се очекува последните измени и дополнувања на Законот за... Читать дальше...

Путин: Русија отфрла превентивни нуклеарни напади

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само како одговор на нуклеарен напад врз неговата земја. Путин денеска на форумот за меѓународна политика во Сочи, ги отфрли сите „превентивни нуклеарни напади“ и рече дека Москва само одбранбено ќе употреби нуклеарно оружје, доколку системите за рано предупредување забележат нуклеарни проектили насочени кон Русија. „Нашата стратегија за употреба на нуклеарно оружје не предвидува превентивен напад. Само доколку... Читать дальше...

Одложени парламентарните избори во авганистанската провинција Кандахар

SlobodnaEvropa.mk 

Парламентарните избори во јужната авганистанска провинција Кандахар кои требаше да се одржат на 20 октомври, ќе бидат одложени за една недела по убиството на моќниот провинциски полициски командант, соопшти на Твитер Харун Чахансори - портпарол на претседателот Ашрав Гани. „Во согласност со членот 104 од Законот за избори, Советот за безбедност го прифати предлогот и парламентарните избори во провинцијата Кандахар се одложени за една недела“, изјави за РСЕ Хафизула Хашими – портпарол на Независната изборна комисија. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *