Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Новости за 24.10.2018

Во Турција наредба за апсење на 56 лица за поврзаност со Ѓулен

SlobodnaEvropa.mk 

Во Истанбул е издадена наредба за апсење на 56 лица во рамки на истрагата за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, објави приватниот телевизиски канал Си-Ен-Ен - Турк. Се претпоставува дека осомничените биле корисници на мобилната апликација „ByLock“, која била користена за подготовка и реализирање на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година. Според турските власти, мрежата на Ѓулен – ФЕТО го организирала и извршила пучот, при што 250 луѓе загинаа, а околу 2.200 беа повредени.

Поплави и болести поврзани со глобалното затоплување

SlobodnaEvropa.mk 

Поплави, загрозени земјоделски ресурси и болести кои ги предизвикуваат комарците се само некои од последиците на глобалното затоплување во регионот на Медитеранот, каде што температурите веќе пораснале многу повеќе отколку на други места. Ова е оценката на меѓународен тим научници во чие истражување се предвидуваат и судири меѓу земјоделците и индустријалците. Во извештајот се додава дека со топењето на глечерите ќе се зголеми нивото на морето поради што голема популација во крајбрежните области ќе биде погодена од големи поплави.

Дачиќ: не бараме победа над Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека владата на Србија „не бара победа над Косово“, но оти Косово веќе не било „чедо на Соединетите држави“. Тој во интервју за Радио телевизија Србија оцени дека решението треба да ги задоволи двете страни, бидејќи постои можност „Србија да не добие ништо ако направи блицкриг на северот на Косово“. „Тоа би значело судир со КФОР и НАТО, што би значело дека Србија би можело да ја повика Русија на помош. Тоа прашање сепак, нема да се решава на бојно поле“, изјави Дачиќ.

Болтон: како да ги уверите Русите во нешто што велат дека не го прават

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон ги пофали „продуктивните“ разговори со претседателот Владимир Путин и другите руски официјални претставници, и покрај претходно објавената најава на Вашингтон дека ќе се повлече од договорот за нуклеарното оружје од времето на Студената војна.

Болтон: Трамп сака состанок со Путин во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп сака да разговора со рускиот претседател Владимир Путин на 11 ноември во Париз, на маргините на комеморацијата по повод завршувањето на Првата светска војна, изјави неговиот советник за национална безбеднoст Џон Болтон на почетокот на состанокот со Путин во Москва. Путин оцени дека би било корисно да продолжи дијалогот меѓу двајцата претседатели. Тие прв пат се состанаа во јули во Хелсинки, по што Трамп беше цел на критики поради помирливиот став спрема рускиот колега.

Трамп: прикривањето на убиството на Кашоги, меѓу најлошите во историјата

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги била една од најлошите операции на прикривање во истроријата. „Од почетокот имаа лош план, лошо го изведоа, а операцијата на прикривање беше една од најлошите во историјата“, изјави Трамп во Вашингтон. Новинарот Кашоги бил убиен на 2 овој месец во саудискиот конзулат во Истанбул. Ријад до минатиот викенд тврдеше дека Кашоги си заминал од конзулатот, за потоа да признае дека тој го загубил животот во тепачка.

Италија ја отфрли можноста за промена на буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанската влада ја исклучи можноста за промена на предложениот буџет за идната година иако Европската унија го отфрли нацртот, што е прва таква одлука во историјата. „Ова е прв италијански буџет кој не ја задоволува Унијата. Тоа не ме изненадува. Ова е прв италијански буџет напишан во Рим, а не во Брисел“, напиша на Фејсбук италијанскиот вицепремиер и лидер на Движењето пет ѕвезди Луиџи ди Mајо. На Италија и се дадени три недели за да подготви нов нацрт буџет, според европските прописи. Доколку тоа не се случи... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде ончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста со слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата. Дневната температура од 13 до 23 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 21 степен.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *