Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июнь
2022

Новости за 02.06.2022

Македонија и Бугарија со реми стартуваа во Лигата на нации

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската фудбалска репрезентација одигра реми 1:1 на гостувањето во Бугарија во првиот свој меч во Лигата на нации. На „Хуверфарма Арена“ во Разград први поведоа домаќините со голот на Десподов во 13-ата минута, по асистенцијата на Илиев. До крајот на првиот дел, иако „црвено-жолтите“ доминираа, но не успеаја да најдат начин да го совладаат бугарскиот голман. Второто полувреме започна со доминантна игра на македонските репрезентативци и по само пет минути игра успеаја да дојдат до израмнување. Читать дальше...

Атанасов: Националното собрание ќе решава дали ќе се укине ветото за Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Копретседателот на партијата Демократска Бугарија, која е дел од бугарската владејачка коалиција, Атанас Атанасов, изјави дека за тоа дали ќе биде тргнато ветото на Бугарија за Северна Македонија ќе одлучува Народното собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Атанасов за БТВ рече дека како поддржувач на евроатлантските убедувања, смета дека Бугарија треба да биде опкружена со сојузници. Бугарија е заинтересирана за прием на Северна Македонија во ЕУ, но според него во моментов нема услови за такво нешто. Читать дальше...

Пренџова: Не се откажувам од интимистичката поезија

SlobodnaEvropa.mk 

По една декада од објавувањето на првите калиграми во наградената збирка поезија „Живот под ѕвездите“, поетесата и слемерка Елена Пренџова, неодамна во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со графички дизајн на Ивана Коровешовска, ја постави својата прва изложба на визуелна поезија кај нас.

Нема договор со Владата, утре одлука за генерален штрајк на ССМ

SlobodnaEvropa.mk 

Нема договор со Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и утре ќе биде донесена одлука за генерален штрајк, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата. Димовски кажа дека е разочаран од разговорите со владините претставници, кои, како што посочи, имале одговор за се, само не за главното – за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. „Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш... Читать дальше...

Комисија за избори и именувања го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската Комисија за избори и именувања попладнево го утврди предлогот Фатмир Скендер да биде избран за судија на Уставниот суд. По гласањето по предлогот, претседателката на Комисијата Марија Георгиевска ја прекина седницата, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот. Освен предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје, да биде избран за уставен судија, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања... Читать дальше...

Петков: Не сум го видел францускиот план за Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека лично не го видел планот на Франција за посредување за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. „Планот на Франција, јас лично не сум видел ништо црно-бело,“ рече Петков во одговор на прашање на БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков додаде дека Бугарија отсекогаш била отворена и подготвена да разговара со сите европски партнери доколку имаат значајни предлози, но тие мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија. Што и да се направи... Читать дальше...

Вучиќ и Лајчак за исполнување на обврските од Бриселскиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Исполнувањето на обврските од Бриселскиот договор останува клучна порака за сите понатамошни разговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, наведувајќи дека се согласува со специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак. Вучиќ на Инстаграм објави дека денеска имал „отворен и искрен разговор“ со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак. Лајчак: Договорена нова средба меѓу преговарачите на Србија и Косово... Читать дальше...

Работники ГКУ МО «Мособлпожспас» провели двухдневные тренировки по эвакуации на объектах с массовым пребыванием людей

ГКУ МО «Мособлпожспас» 

Во вторник и в среду, 31 мая и 1 июня, огнеборцы Государственного казенного учреждения Московской области «Мособлпожспас» приняли участие в общеобластной тренировке по эвакуации и отработке алгоритма действий при пожаре и чрезвычайных ситуациях на объектах с массовым пребыванием людей.

Читать дальше...



Стопанска комора бара укинување на процедури за обновливи извори на енергија

SlobodnaEvropa.mk 

Итно да се елиминираат непотребните и комплицирани бирократски процедури за инсталирање обновливи извори на енергија кои траат по 60 до 90 дена, да се зголеми домашното производство на основните земјоделски култури и да се активираат државните резерви. Ова се трите основни барања на Сојузот на стопански комори за, како што велат, полесно да се пребродат ценовните шокови. Оттаму велат дека компаниите се подготвени да инвестираат во обновливи извори, но главна пречка им се сложените административни постапки. Читать дальше...

Нови 75 случаи на ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 75 нови случаи на ковид-19 од направени 1.112 тестови од кои само во Скопје се евидентирани 52. Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86г), починато во болнички услови на датум 31.05.2022 година. Пациентите со постковид симптоми ги наполнија... Читать дальше...

Куртовски: Цензусот на локалните избори да се пресметува само на резидентно население

SlobodnaEvropa.mk 

Владиниот повереник на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, кој и покрај тоа што имаше повеќе гласови на локалните избори во оваа рурална општина не успеа да биде избран за градоначалник поради недостиг на цензус. Куртовски смета дека на наредните локални избори за избор на градоначалник цензусот треба да се пресметува само на резидетното население.  „На изборите можат да гласаат сите кои се на избирачкиот список , но цензусот да се пресметува само на бројот на резидетното население“ изјави Куровски. Читать дальше...

Одбиен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за јавно претставување на кандидатите за уставни судии

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачкото мнозинство го одби предлогот на опозицијата, предложените уставни судии сами да се претстават на Комисијата за избори и именувања. На денешната седница пратениците еден час дебатираа како да ја почнат расправата за предлозите за уставни судии, дали тоа да биде со јавно и лично презентирање или пак да одлучуваат според доставените биографии. Опозициската пратеничка група предложи кандидатите да имаат свое дваесетминутно лично претставување пред нив, како и да одговорат на неколку прашања на народните избраници пред гласањето. Читать дальше...

Белоруски синдикалец пронајден обесен, по распит во полиција

SlobodnaEvropa.mk 

Белоруски синдикален активист, Улаџимер Крисијак кој учествуваше во големиот штрајк на работниците на компанијата за преработка на нафта во 2020 година, беше пронајден обесен неколку дена откако полицијата го испрашуваше во врска со неодреден случај. Според центарот за човекови права „Вјасна“ (Пролет) со седиште во Минск, Крисијак бил погребан на 1 јуни, два дена откако неговите роднини го пронашле обесен дома. Минатата недела, Крисијак помина 72 часа во притвор и пред да го ослободи да му нареди да не го напушта градот. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери да закаже итна седница за законите за ДДВ и акцизи

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже итна седница на кој аќе ги стани на двене ред нивните предлог закони за ослободување од ДДВ за прехренбени производи и 5 % ДДВ за горивата до крајот на годината. „Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро зашто секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за горивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните. Нашите граѓани страдаат... Читать дальше...

Диазепам за поподнослив живот во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Ако во 2014 година биле препишани 850 илјади пакувања дијазепам, во 2021 година граѓаните добиле скоро 1,4 милиони рецепти од овој лек за смирување. Во Македонија не може да се преживее без лекови за смирување, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Нови антикризни мерки по ребалансот на буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за финансии најави дека по усвојувањето на ребалансот, во најкраток рок ќе почне спроведување на новите антикризни мерки кои ќе бидат таргетирани. Оттаму информираат дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата, пари за зголемување на пензиите и дополнителни средства за субвенции за земјоделците. „Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење прудентна фискална политика... Читать дальше...

Универзитетски професори на протест, доцент има помала плата од просечната

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 300 незадоволни просветни работници членови на сидникат  денеска во дворот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ излегоа на мирен протест барајќи покачување на плата и потпишување на Колективен договор. Претседателот на Сојузот на синдикати на УКИМ професорот на Правниот факултет Ангел Ристов на протестот изјави дека најавеното покачување на платите со ребалансот на буџетот  е минимално и дека уште пред да се случи инфлацијата „веќе го изеде“. Тој додаде дека владините предлози за покачување... Читать дальше...

Земјоделци без верба дека штетите од невремето ќе се надоместат, освен ако нема избори

SlobodnaEvropa.mk 

Иако се свесни дека не можат да ги спречат временските непогоди, дел од земјоделците кои беа погодени од обилните дождови велат дека немаат пари за инвестиции со кои би се заштитиле и би го намалиле ризикот од поголеми штети на земјоделските насади

Стратешки дијалог со САД - импулс кога ЕУ интеграцијата е во криза

SlobodnaEvropa.mk 

Регионална соработка, одбрана и безбедност, енергетиката, економски теми, културна соработка, образование, демократски развој, борбата против корупција се на агендата на Стратешкиот дијалог на Македонија со САД. Со ова односите меѓу двете земји се подигаат на повисоко ниво и тоа во време на нејасна европска перспектива на државата.

Оружен напад во болница во Оклахома, пет мртви

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку четворица загинале при оружена престрелка во болницата во Тулса, Оклахома, соопшти полицијата. Оттаму потврдија дека во престрелката загинал и вооружениот напаѓач. При престрелката ранети се уште десетина други. „ Засега има потврдени информации за четири загинати цивили, а воедно и напаѓачот е мртов“ изјави заменикот шеф на полицијата Ерик Далгиш. Тој додаде дека напаѓачот кој се уште не е идентификуван, најверојатно самиот се самоубил. Напаѓачот при нападот користел пушка и пиштол. Читать дальше...

Обединетото кралство ја слави 70 годишнината на тронот на кралицата Елизабета

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска до недела Британија и земјите од Комонвелтот слават 70 години на тронот на британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот платинест јубилеј. Елизабета, која тогаш имала 25 години, стана кралица на 6 февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Нејзиното официјално крунисување беше на 2 јуни 1953 година во Вестминстерската опатија, но нејзиното владеење започна со смртта на нејзиниот татко. Сега има 96 години, таа е британскиот монарх со најдолг стаж и прва што стигна до тронот во последните седум децении.

Во бразилски Амазон најмногу шумски пожари во последните 18 години

SlobodnaEvropa.mk 

Во мај, Бразил забележа најголем број пожари во амазонската шума за тој месец од 2004 година и апсолутен рекорд за регионот Серадо, велат официјалните податоци објавени вчера. Сателитите од Националниот институт за вселенски истражувања забележаа 2.287 пожари во Амазон во мај, што е речиси двојно повеќе од истиот месец минатата година. Ова е втор најразорен мај во историјата на амазонската прашума, по рекордните 3.131 пожари во 2004 година. Во областа Серадо, во јужна Амзонија, минатиот месец беа пријавени 3.578 пожари... Читать дальше...

Во Стокхолм меѓународна конференција за здрава планета

SlobodnaEvropa.mk 

„Стокхолм+50: здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“ е темата на меѓународниот состанок свикан од Генералното собрание на Обединетите нации што денеска и утре ќе се одржи во главниот град на Шведска. Со тоа ќе ги одбележи 50-те години од Конференцијата на Обединетите нации за човековата животна средина во 1972 година, која за прв пат ја направи животната средина итен глобален проблем. Присуствуваа околу 122 земји, а учесниците усвоија низа принципи за животната средина... Читать дальше...

Најавен протест на професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

SlobodnaEvropa.mk 

За денеска е најавен мирен протест на професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои бараат потпишување на Колективниот договор и зголемување на платите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со протестот вчера изјави дека е отворен за соработка, наведувајќи дека со ребалансот на буџетот е предвидено повисоки плати да имаат од септември, дека средствата се предвидени и таа постапка е почната од неговата претходничка Мила Царовска. Се проширува списокот на штрајкови за поголеми плати... Читать дальше...

Изборот на уставни судии на седница на Комисијата за избори и именувања

SlobodnaEvropa.mk 

Изборот на уставните судии е на дневен ред на денешната собраниска Комисија за избори и именувања. Претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска претходно изјави дека продолжението на седницата на Комисијата за избор на судиите се одолговлекло поради обврски на членови на Комисијата. Таа посочи дека на претходната седница биле доставени девет предлози за уставни судии и тоа три од мнозинството и шест од опозицијата. Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во понеделникот... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *