Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июнь
2022

Новости за 21.06.2022

Џафери распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово. Согласно Решението што го донесе Џафери врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година. На денешната седница на Државната изборна комисија беше утврдено дека јавниот увид во избирачкиот список започнува од 1 јули и трае 20 дена, заклучно со 20 јули. Собирање потписи за независни листи на кандидати започнува од 30 јуни... Читать дальше...

Бугарската православна црква влегува во канонска заедница со МПЦ

SlobodnaEvropa.mk 

Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука во врска со канонскиот статус и укинувањето на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија. „Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква ... Читать дальше...

Бугарско МНР: Документите за преговорите со Македонија немаат ознака за тајност

SlobodnaEvropa.mk 

Документите за преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија немаат ознака за тајност и се впишани во јавната евиденција на Народното собрание и на Советот на министри на Бугарија, соопшти денеска Прес-службата на бугарското Министерство за надворешни работи. Реакцијата следува откако министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска ја повика владејачката партија на Петков, Продолжуваме со промената, да ја отстранат класификацијата „тајност“ од документите со РСМ Бугарското Собрание... Читать дальше...

Клеман Бон: Некои точки во рамката ги засегаат посебните преокупации на Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот секретар за европски прашања на Франција, Клеман Бон се огради од ставот дека францускиот предлог е спротивен на македонските интереси, но истакна дека треба да се земат предвид бугарските преокупации на внимателен начин. „Држевме до принципот, во контакт со Европската Комисија и нашите европски партнери, дека преговарачката рамка не е место за чисто билатерални преговори. Мора да се констатира дека има билатерална блокада со месеци. Внимателно и со баланс, но отфрлам дека ова би било против интересите на Северна Македонија... Читать дальше...

Загадувањето со јаглен во Западен Балкан останува масивно и опасно, соопшти Bankwatch

SlobodnaEvropa.mk 

Електраните на јаглен во Западен Балкан минатата година го прекршија законодавството за загадување на воздухот со емитување пет пати повеќе сулфур диоксид и 1,8 пати повеќе прашина од дозволеното според Договорот за енергетската заедница. Оваа информација е наведена во извештајот објавен од мрежата CEE Bankwatch, со напомена дека тоа се случува четири години по ред. Влегувањето во сила на новите законски стандарди од 1 јануари 2018 година требаше да донесе намалување на смртоносното загадување на воздухот, велат од Bankwatch. Читать дальше...

Казни од 500 до 10 илјади евра за нечесни трговски практики

SlobodnaEvropa.mk 

Владата го усвои Законот за заштита на потрошувачите на предлог на Министерството за економија, објави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Министерот укажа дека како новина се воведува посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики при продажба, вклучувајќи ги и дигиталните понуди. „Одредена трговска практика е нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, особено ако не се наведуваат јасно условите. Трговска практика се смета за нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот... Читать дальше...

Сатлер: БиХ има шанса за кандидатски статус во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер изјави денеска дека земјата има шанса да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. „Тоа би бил добар сигнал за луѓето во БиХ, но ние не сакаме да се гледа како награда за политичарите кои досега направиле малку“, кажа Сатлер во Бања Лука. Тој ги повика политичарите во БиХ да го искористат времето пред изборите за да преземат одредени чекори. Сатлер смета дека многу малку е направено во изминатиот период и посочи дека не се работи доволно за случаите на корупција и организиран криминал.

Албанија последна во Европа по приход и потрошувачка по глава на жител

SlobodnaEvropa.mk 

Европската статистичка агенција Евростат соопшти денеска дека Албанија со 32 отсто од европскиот просек останува последна во Европа по приход по глава на жител за минатата година. Според податоците, Северна Македонија има приход по глава на жител од 42 отсто, а за два проценти повеќе има Србија. Додека Албанија е за 10 процентни поени пониско на табелата од нашата земја, како и Босна и Херцеговина која има приход по глава на жител од 33 отсто од просекот на ЕУ. Рекордот во регионот го држи Црна Гора со 47 отсто. Читать дальше...



Косово и Србија постигнаа договор за струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак денеска изјави дека двете земји во Брисел го усвоиле Патоказот за имплементација на енергетскиот договор кој има девет точки. „Ова е голем чекор напред“, напиша Лајчак на Твитер. Во документот се наведува дека за надминување на кризата и проблемите во енергетскиот сектор, а имајќи ги предвид договорите за енергетика од 8 септември 2013 година и заклучоците на посредниците на ЕУ за имплементација на енергетскиот договор од 2013 година од 25 август 2015 година... Читать дальше...

Нови 91 случаи на ковид, нема починати лица

SlobodnaEvropa.mk 

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 23 се реинфекции. Не се пријавени починати лица. Во последните три дена регистрирани 81 нови случаи на ковид-19, нема починати Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050... Читать дальше...

Бугарија одлучува за ветото, Ковачевски за присуство на самит на ЕУ во Брисел

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското Собрание утре (22.06.2022) ќе разговара за францускиот предлог за тргање на ветото за македонските евроинтеграции, а македонската влада утре ќе соопшти дали премиерот Димитар Ковачевски ќе оди на Самитот во Брисел. Утре се очекува и одлука дали на Самитот ќе присуствуваат лидерите на Србија и на Албанија. Ова се случува во момент на голема неизвесност за евроинтеграциите на Западен Балкан. Претставниците на ЕУ, кои го организираат Самитот во Брисел, велат дека очекуваат сите поканети да учествуваат на состанокот.

Јавниот сектор на генерален штрајк

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор. Таквата одлука, како што е информираат, е донесена поради тоа што не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. „Работниците беа сведоци на срамно однесување на пратениците од владејачкото мнозинство членови на Комисијата за финансирање и буџет кои најостро се спротиставија на предлог-амандманот... Читать дальше...

Ковачевски: Утре напладне одлука за учество на самитот на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на неговиот официјален Фејсбук профил информира дека во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит денеска одржал вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со неговите колеги, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама. „Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе... Читать дальше...

Османи: Формално досега не е добиен „францускиот предлог“

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот официјален Фејсбук профил информира дека формално досега не е добиен француски предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите- членки на ЕУ, со кои, како што посочува, се во постојана комуникација. „Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела“, наведува Османи. Според него, евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ... Читать дальше...

Македонија, Србија и Албанија утре ќе соопштат дали ќе одат на самитот на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Отворен Балкан разговарале за тоа дали ќе патуваат во Брисел на Самитот на ЕУ и Западен Балкан кој се одржува на 23 и 24 јуни. Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави на Инстаграм дека разговарал со премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама и дека се договориле по консултациите со владите и советниците утре напладне да објават дали ќе присуствуваат на самитот. „Заедно се бориме за јасна перспектива на Западен Балкан, за уште поголема соработка и подобро поврзување“, додава Вучиќ. Читать дальше...

Бугарското Собрание утре ќе го разгледува „францускиот предлог“

SlobodnaEvropa.mk 

Утре попладне Kомисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент ќе го разгледува „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија. На седницата, како што е најавено, „ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот 12 од Договорот со Република Северна Македонија од 2017 година, како и пакет документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување на ЕУ“. Јавноста официјално не го видела „францускиот предлог“... Читать дальше...

Петков оптимист за опстанок на неговата Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека е оптимист за опстанокот на неговата Влада која се соочува со гласање на недоверба во Собранието. Тој при влегувањето во Собранието рече дека причината за таквото негово тврдење е затоа што луѓето кои ја поддржуваат бугарската влада го тераат да мисли така. Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата, протести пред домот на Петков Гласањето за недоверба беше поднесено од ГЕРБ поради „неуспех во областа на јавните финансии и економската политика“ на Владата. Читать дальше...

Фотоволтаици за излез од енергетска криза и поефтина струја

SlobodnaEvropa.mk 

Од следниот месец Владата ќе субвенционира до 30% за поставување на фотоволтаици. Дали и колку се исплати поставувањето на фотоволтаици, колку би го чинело едно семејство, и колку оваа мерка ќе помогне во енергетската криза?

Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата, протести пред домот на Петков

SlobodnaEvropa.mk 

Во бугарскиот Парламент денеска започнува расправата за гласање на недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков. Гласањето за недоверба беше поднесено од ГЕРБ поради „неуспех во областа на јавните финансии и економската политика“ на Владата. Во меѓувреме Ангел Џамбаски и Александар Сиди, двајцата копретседатели на бугарската партија ВМРО, заедно со неколку партиски симпатизери, го блокираа излезот од зградата во која живее Петков. Радев: Бугарската Влада да се изјасни за „францускиот предлог“... Читать дальше...

Горивото ќе го „изгори“ џебот на тие што годинава ќе одат на одмор

SlobodnaEvropa.mk 

Поскапувањето на горивата силно ќе го погоди буџетот планиран за годинешниот одмор. Само за пат до Охрид, годинава ќе треба да се одвојат илјада денари повеќе од лани. Најдоборо ќе минат тие што возат на плин.

Денеска е првиот ден од летото

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска е јунската краткоденица, односно астрономскиот прв ден од летото. На северната хемисфера, јунската краткоденица се случува кога Сонцето се движи по својата најсеверна патека на небото. Оваа краткоденица го означува официјалниот почеток на летото на северната хемисфера, што се случува кога Земјата пристигнува во точката во својата орбита каде што Северниот пол е на својот максимален наклон (околу 23,5 степени) кон Сонцето, што резултира со најдолгиот ден и најкратката ноќ на календарската година. Читать дальше...

Во Брисел средба на преговарачите на Косово и Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Брисел денеска треба да се одржи нова рунда дијалог меѓу Србија и Косово, на ниво на главните преговарачи на двете земји. Петер Стано, портпарол на Европската Унија најави дека неговите соговорници ќе разговараат за енергетскиот договор. Домаќин на состанокот ќе биде специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Србија ја претставува Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово во српската влада, додека главен преговарач на Косово е Бесник Бислими. Вучиќ и Курти во Берлин... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *