Поранешниот премиер на Пакистан обвинет за тероризам
Полицијата во главниот град на Пакистан, Исламабад, денеска го обвини поранешниот премиер Имран Кан, 17 негови помошници и многумина поддржувачи, за тероризам. Поддржувачите на соборениот премиер вчера се судрија со безбедносните сили во Исламабад, пред судот каде што Кан требаше да се појави поради случаи на корупција. Неговите приврзаници фрлаа запаливи бомби и камења кон полицијата, при што беа повредени над 50 полицајци, а полициски пункт и неколку автомобили и мотоцикли беа запалени. ... Читать дальше...