Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2023

Новости за 23.03.2023

Кралот на криптовалутите од Јужна Кореја уапсен во Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорската полиција на аеродромот во Подгорица го уапси јужнокорејскиот државјанин До Квон, кој е осомничен дека предизвикал загуба на повеќе од 40 милијарди долари од колапсот на компанијата основач на криптовалутата Тера. Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, на својот Твитер профил соопшти дека уапсеното лице е „еден од најбараните“ бегалци, ко-основач и извршен директор на „Terraform Labs“, со седиште во Сингапур. Аџиќ изјави дека чека официјална потврда за идентитетот и појасни дека До Квон го бараат САД... Читать дальше...

Владата на Република Српска ја прекинува соработката со американските и британски дипломати во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Република Српска, еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина, ја прекина соработката со амбасадите на Соединетите Американски Држави и Велика Британија во БиХ, беше соопштено по денешната седница на Владата. „Република Српска е принудена да ја прекине соработката со дипломатите на двете амбасади и во таа насока бара од институциите на Република Српска, претставниците на Република Српска во заедничките институции на ниво на БиХ, органите на локалната самоуправа во Република Српска... Читать дальше...

Почина шестгодишно девојче донесено на преглед во Битолската болница

SlobodnaEvropa.mk 

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари починало вчера попладне на Детското одделение во Битолската болница, откако било донесено на преглед со симптоми на настинка. Според изјавите на неговите блиски, детето во болницата дошло поради повишена температура и дијареја, при што му била дадена инфузија. Светото тројство во здравството - недостиг на лекари, опрема и пари ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги известила обвинителството и полицијата за службено да постапат во случајот.  Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија... Читать дальше...

Пругата Битола-Меџитлија е завршена, се чека грчка согласност за да профункционира

SlobodnaEvropa.mk 

Железничката пруга Битола-Меџитлија е завршена и има употребна дозвола, а работни групи на техничко ниво од Северна Македонија и Грција треба да ги договорат деталите за нејзино целосно ставање во функција, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој посочи дека делницата поврзува две држави, поради што мора да има согласност и интерес од грчка страна за таа да профункционира. „Нашите работни групи се подготвени на техничко ниво за да разговараат за почнување, односно ставање во функција на железничката линија. Читать дальше...

Бербок - ЕУ ќе си остане на зборот, но Уставот мора да се смени

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија го има зборот на ЕУ и нема да ве остави на цедило, но уставните измени мора што поскоро да се спроведат за да не се случи земјата да падне на оваа клучна пречка, порача германската министерка Аналена Бербок од Скопје. Нејзиниот домаќин министерот Бујар Османи вели дека во Унијата не се интегрира Владата, туку целата држава и дека заедно со опозицијата секој треба да ја понесе обврската.

Бугарското МНР ќе се жали во ЕУ за бришењето на клубот „Иван Михајлов“

SlobodnaEvropa.mk 

Централниот регистар го избриша клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола, постапувајќи по новите законски измени и одлуката на Комисија за имиња на организации и здруженија, која даде негативно мислење. Следен на листата за бришење е охридскиот клуб „Цар Борис Трети“. Бугарското МНР ќе се жали во ЕУ за бришењето на клубот. Овој чекор го смета за тенденциозно и непринципиелно решение. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека одлуката на властите во Северна Македонија да го избришат... Читать дальше...

Бербок од Скопје: Промената на Уставот да не стане политичко јаболко на раздорот

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која денеска е во официјална посета на Скопје, изрази задоволство од евроинтеграциите во земјава и порача дека треба да се искористат сите расположливи средства за тие да продолжат. На заедничката прес-конференција со нејзиниот македонски колега Бујар Османи таа истакна дека се свесни за направените компромиси, прво со Грција, а сега со Бугарија. „Знам дека договорот што го постигнавте со Бугарија не беше лесен за вас и затоа им се обраќам... Читать дальше...

И Велес е далеку ако одиш со воз

SlobodnaEvropa.mk 

Брзината на дел од пругата Скопје – Велес е ограничена на 20 километри на час. Со оваа брзина човек не мора да се секира за промаја. Башка може да го стигне возот ако му избега, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Дете да пратиш на екскурзија, полнолетно ќе се врати.



Ревизорите се сомневаат во вистиноста на извештаите на Министерството за финансии

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот завод за ревизија изрази резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за финансии за 2021 година. Забелешки има и на пописот на средства и земјиште, и на недостигот на евиденција.  „Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар... Читать дальше...

Пендаровски го потпиша указот за амнестија за осудените за непочитување ковид мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува затворската или парична казна на лицата осудени за непочитување на ковид мерките во пандемијата, да им се замени со алтернативна мерка - условна осуда. Така, согласно овој закон, лицата кои треба да платат над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор... Читать дальше...

Ковачевски веднаш ќе бара одговор од МНР за неемитувањето на МТВ во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски ќе бара информација од Министерството за надворешни работи, за тоа зошто програмата на македонската национална телевизија (МТВ) не се емитува во Бугарија, иако во земјава се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ). „Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас“, изјави Ковачевски. Читать дальше...

Како прогнозата на ММФ за Русија предизвика бура

SlobodnaEvropa.mk 

Предвидувањето на ММФ за раст на руската економија за 0,3% донесе бура меѓу економистите. Многумина се сомневаат во валидноста на руските статистички податоци и во самата анализа, но руската економија се покажа поотпорна отколку што очекуваа многу западни експерти.

Oтказ среде породилно отсуство - од мајката побарано да ги врати парите на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Законот недоволно ги штити бремените жени и оние кои се на породилно отсуство, а институционалната глувост дополнително ги влошува работите. Сите креваат раце додека бремени жени и мајки на породилно добиваат откази.

Израел донесе закон кој го штити Нетанјаху

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот парламент  денеска усвои закон со кој се ограничуваат условите под кои премиерот на Израел може да биде разрешен. Противниците на актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху велат дека законот има за цел да го заштити бидејќи му се суди за корупција во три случаи. Законот беше усвоен по жестока расправа која траеше цела ноќ, во второ и трето читање, со 61 глас за и 47 против. Законот го спречува највисокиот суд да му наложи на премиерот да си замине, што се гледа како реакција на... Читать дальше...

Само 169 лица од Македонија пријавени за гласање на бугарските избори

SlobodnaEvropa.mk 

На предвремените парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, за гласање се пријавиле само 169 лица од Северна Македонија. Бројката ја објави бугарското Министерство за надворешни работи, при што најмногу пријавени имало во Кавадарци 42, Прилеп 41 и Тетово 40. Инаку, според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, во 2021 година, како Бугари се имаат изјаснето 3.504 лица. Инаку, бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389... Читать дальше...

Дупка во центарот на Скопје: Улицата пропадна, градењето продолжува

SlobodnaEvropa.mk 

Невообичаена глетка на градилиште го привлекува вниманието на минувачите на улицата „9-ти Мај“, во Скопје. Со лимени тараби е заграден делот од оваа улица во близина на Универзална сала кој пропадна поради градежните работи за нова зграда. Речиси секој што поминува застанува тука за да направи фотографија или да ја искоментира глетката. Некои велат дека се плашат од последиците за зградата која е веднаш до градилиштето. Зградата ја гради „Бинјапи инжинериг“, а изведувач е „Арадико Коп“ ДООЕЛ. Читать дальше...

Раст на каматните стапки во САД и Швајцарија

SlobodnaEvropa.mk 

Централната банка на САД ги покачи каматните стапки по потресите потреси на финансиските пазари предизвикани од колапсот на две американски банки. Федералните резерви (ФEД) синоќа ги покачија каматните стапки за четвртина отсто, сигнализирајќи дека има спремност за запирање на понатамошно покачување на чинењето на кредитите. Основната каматна стапка за еднодневни депозити е фиксирана од 4.75 до 5.00 отсто, а ова е деветто зголемување досега во напорите на ФЕД за зауздување на инфлацијата во изминатите две години. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *