Столтенберг - Османи: Важно е да се избегне понатамошна ескалација на Косово
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги осуди нападите врз членовите на мировната мисија на Алијансата, кои се случија на крајот на мај на северот на Косово. „Нападот врз мировната мисија на НАТО, персоналот на КФОР, што се случи во мај, е целосно неприфатлив. Затоа виновниците мора да одговараат. Во тек е истрага од страна на косовските власти“, рече Столтенберг, додавајќи дека станува збор за прашањето за спроведување законите, бидјеќи според него, „неприфатливо е да бидат нападнати оние кои го штитат мирот“. Читать дальше...