Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2023

Новости за 22.09.2023

Тренчевска во вторник на средба со работната група за барањата на пензионерите

SlobodnaEvropa.mk 

Работната група на незадоволните пензионери во вторник на маса ќе ги стават своите барања за линеарно покачување на пензиите пред министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.  Тренчевска денеска одговарајќи на новинарско прашање ја најави оваа средба и рече дека веќе има некои предлог мерки за кои ќе се разговара. „Работната група работи во континуитетот од кога е формирана. Следниот вторник ќе има состанокот. Имаме веќе некакви предлог мерки коишто ги дискутираме за коишто прибавуваме дополнителни податоци. Читать дальше...

Нетанјаху: Израел е на чекор до историски договор со Саудиска Арабија

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации во петокот на 22 септември изјави дека Израел е „на прагот“ на историскиот чекор што води до мировен договор со Саудиска Арабија, без да наведе јасен пат за значајните пречки за негово постигнување. Тој покажа спротивставени мапи кои ја прикажуваат изолацијата на Израел во времето на неговото создавање во 1948 година и шесте земји кои ги нормализираа односите со него, вклучително и четири што го направија тоа во 2020 година. Читать дальше...

Кина и Сирија најавија формирање на стратешко партнерство

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот претседател Кси Џинпинг се сретна со сирискиот претседател Башар ал Асад во јужниот кинески град Хангжу, кој е домаќин на 15 дневните Азиски игри. „Соочувајќи се со нестабилната и неизвесна меѓународна ситуација, Кина е подготвена да соработува со Сирија за цврсто да се поддржуваме една со друга... и заеднички да ја заштитиме меѓународната правичност и правда“, рече Кси во видеото објавено од државната CCTV. Може да се направи паралела меѓу посетата на Асад и доаѓањето на рускиот претседател... Читать дальше...

Ристоска: Измените на Кривичниот законик влијаат на културата на неказнивост

SlobodnaEvropa.mk 

„Последните измени на Кривичниот законик лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои се вложија, пред се, во борбата против корупцијата“, изјави денеска обвинителката Ленче Ристоска.   Според Ристоска, овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела, а голем дел од предметите во кои се вложени многу ресурси и енергија веќе застаруваат. Ристоска порача и дека кои било измени со кои можеби некој се спасува од кривична одговорност, не ја изземаат од одговорност имотната корист... Читать дальше...

Што направил архимандритот Васијан пред Бугарија да го протера?

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија протера руски свештеник под сомнение за шпионажа. Една недела подоцна, и Бугарија го протера истиот свештеник кој со години живеел во Софија. Што знаеме за архимандритот Васијан, претставникот на Московската патријаршија во Софија?

Бислимоски: Нема да дозволиме ценовна катастрофа со парното

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје, а ние тоа нема да го дозволиме. Затоа нема да носиме одлука за цената, се додека не добиеме уверување дека ќе биде поставен топловодот на мостот Беласица, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Нагласи дека доколку не се донесе одлука, ќе продолжи да важи постојната цена за парното греење. „Во Град Скопје и во ЕСМ има разумни луѓе и сметам дека ќе се договорат“... Читать дальше...

Азербејџан тврди дека цивилите можат безбедно да патуваат од Нагорно-Карабах

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџан ќе обезбеди цивилите да можат безбедно да патуваат со свои возила по патот што води од Нагорно-Карабах до Ерменија, рече во петокот (22-ри септември) Хикмет Хаџиев, советник на претседателот на Азербејџан за надворешна политика. Многу жители на Карабах сакаат да заминат откако Азербејџан започна офанзива оваа недела и објави дека ја вратил контролата врз отцепената територија по 35 години конфликт, пренесува Ројтерс. Во меѓувреме, ерменското раководство на Нагорно-Карабах во петокот... Читать дальше...

Додека чекаат „трикафта“, на пациентите со цистична фиброза им ја снемува и основната терапија

SlobodnaEvropa.mk 

Покрај борбата за лекот „трикафта“, пациентите со цистична фиброза тешко доаѓаат и до основната терапија со „креон“. Пациентите повторно не ја исклучуваат опцијата да организираат нов протест.

Пашинјан се надева дека Ерменците од Нагорно Карабах ќе можат да останат таму

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изрази надеж дека етничките Ерменци кои живеат во Нагорно-Карабах ќе можат да останат таму, откако Азербејџан тврдеше дека нејзината „антитерористичка операција“ го вратила отцепениот регион под своја контрола. Коментарите на Пашинјан на 22 септември следуваат во услови на зголемени тензии во Ереван, каде што демонстрантите ја осудија, како што ја нарекуваат, несоодветната владина поддршка за етничките Ерменци во Нагорно-Карабах. Опозициските лидери најавија... Читать дальше...

Пензионери – вистински и политички, секој со своја борба

SlobodnaEvropa.mk 

Њузлетер 22.09.2023 - Се отвораат картите од политичките игри под маса во врска со уставните измени. За пензионерите засега нема поголеми пензии, но за нив и за другите граѓани, за кои нема повисоки плати, има “гарантирани цени“.

Авганистанците кои неодамна пристигнале во САД добиваат привремен правен статус

SlobodnaEvropa.mk 

Американската администрација на Бајден објави дека им доделува привремен правен статус на авганистанските мигранти кои живеат во земјата повеќе од една година. Одделот за домашна безбедност објави дека одлуката за доделување привремен заштитен статус на Авганистанците кои пристигнале по 15 март 2022 година и пред 20 септември 2023 година, ќе опфати приближно 14 600 Авганистанци. Овој статус не им дава на засегнатите Авганистанци долгорочно право да останат во земјата или пат до државјанство. Важи до 2025 година... Читать дальше...

Ескобар: Корупцијата е најголем проблем на Западен Балкан, вклучително и во Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија треба да се погрижи нејзините закони не само да се во согласност со Уставот, туку и со европските очекувања и стандарди, вели специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар коментирајќи ги последните измени на Кривичниот закон во Северна Македонија. Во интервју за Радио Слободна Европа тој вели дека корупцијата е најголемиот проблем во земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Во интервјуто тој зборува и за очекувањата од дијалогот Белград-Приштина и други актуелни регионални прашања.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *