Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2023

Новости за 07.10.2023

Земјотрес во Авганистан, над 300 загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 320 лица загинаа во силен земјотрес што денеска го погоди северозападен Авганистан, соопштија Обединетите нации. Два земјотреси со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погодија областа на 40 километри северозападно од градот Херат, а беа проследени со четири големи последователни потреси, објави Американскиот геолошки институт (УСГС). Голем број луѓе по првиот земјотрес ги напуштија зградите околу 11 часот по локално време, а ОН објавија дека загинале најмалку 320 луѓе, пишува „Индепендент“. Читать дальше...

Повеќе од 230 загинати Палестинци, соопштија здравствените власти

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 232 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади во Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство. Тоа е повеќе од 198 смртни случаи регистрирани претходно денеска од здравствените власти во Појасот Газа. Последните податоци покажуваат дека во нападите се повредени најмалку 1.610 лица. Израел ја започна она што ја нарече „Операција Железен меч“ како одговор на упадот на Хамас. Портпаролот на израелската војска изјави дека од воздух гаѓале цели во Газа. Хамас тврди дека држи десетици израелски војници. Читать дальше...

Ковачевски - ДДВ-то во земјава е пониско во однос на регионот и ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Откако Владата ја најави мерката за производи со повисоки цени, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1600 производи била детално прегледана од експерти, наведувајќи дека ДДВ-то во Северна Македонија било најниско во однос на сите држави во регионот, но и од сите држави во ЕУ. „Ние имаме основна ставка на ДДВ 18 проценти, Србија има 20 проценти,  Хрватска има 25 проценти, Грција има 21 процент, Албанија има 20 проценти... Читать дальше...

МНР - Седум македонски граѓани се во Витлеем, градот не е погоден од нападите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија соопшти дека седум македонски државјани се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег, но дека овој град не е погоден од актуелните случувања во Израел.  Според информациите на нашата амбасада во Тел Авив во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Читать дальше...

„Граѓани на Израел, ние сме во војна, и ќе победиме“

SlobodnaEvropa.mk 

Милитантите на Хамас во Појасот Газа рано изутрината на 7 октомври лансирале илјадници ракети на повеќе локации во Израел, откако десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница. Израелската војска по нападот соопшти дека напаѓа цели на Хамас во Газа и вети дека „Израел ќе победи“

Нетанјаху - Израел е во војна

SlobodnaEvropa.mk 

Милитантите на Хамас во Појасот Газа рано изутрината на 7 октомври лансирале илјадници ракети на повеќе локации во Израел, откако десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница. Израелската војска по нападот соопшти дека напаѓа цели на Хамас во Газа и вети дека „Израел ќе победи“.

Во затвор убиени осомничените за убиството на претседателскиот кандидат во Еквадор

SlobodnaEvropa.mk 

Шест Колумбијци осомничени за убиство на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беа убиени во затвор на 6 октомври, соопштија официјални лица. Претседателот на Еквадор, Гилермо Ласо, кој е на приватно патување во Њујорк, а на 7 октомври требаше да ја посети Јужна Кореја, го откажа патувањето. Затворската управа на Еквадор соопшти дека во затворот „Гуајас 1“ се случил инцидент кој резултирал „со смрт на шест лица“. Подоцна беше појаснето дека починатите биле „од колумбиска... Читать дальше...

Галант: Хамас започна војна против Израел и ќе биде поразен

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за одбрана на Израел објави дека милитантната група Хамас започнала војна против Израел и вети дека „Израел ќе победи“. По состанокот на безбедносниот кабинет во воениот штаб на Израел во Тел Авив, министерот за одбрана Јоав Галант предупреди дека Хамас „направил сериозна грешка“ со лансирањето ракети кон јужниот и централниот дел на Израел во својот ненадеен напад рано наутро. Во една од најсериозните ескалации последниве години меѓу Израел и милитантната група која владее со Газа,... Читать дальше...

Времето денеска сончево со слаб ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во наредните денови следува период на стабилно и релативно топло време. Во недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *