МНР - 20 македонски државјани го напуштија Израел, се проценува дека има меѓу 100 и 200
Дваесет македонски државјани кои побарале асистенција за нивна евакуација од Израел, безбедно ја напуштиле земјата и се на пат кон Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, по големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, а по кој израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, во Појасот Газа. Во соопштението на македонското МНР се наведува дека уште 11 државјани на Северна Македонија очекуваат асистенција, а се проценува дека ги има меѓу 100 и 200. Читать дальше...