Лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ пристигнаа во Охрид
Во Охрид дводневен самит на Отворен Балкан
Премиерот на Албанија Еди Рама во доцните попладневни часови ќе биде пречекан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија пристигна вчера во Охрид.
Според агендата, на самитот „Отворен Балкан“ утре ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како и договор за соработка за заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни и од други овластени институции.
На дводневниот самит на иницијативата Отворен Балкан ќе учествуваат премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Дмитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Учество на самитот најавија и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
