Косовската влада најави ветинг во судството
Курти рече дека последните коментари на Венецијанската комисија за овие две прашања, објавени денеска, се доказ дека „предложените реформи од страна на Владата се во согласност со политиките на демократските држави“.
Курти нема да дојде на Преспа форумот
Според него, „со актуелните меанизми и со актери, реформата на косовското судство е невозможна“.
„Сведоци сме на постојано валкање на судството од самите судии и обвинители со нивните неодмерени, корумпирани и политички обоени однесувања. Едно такво судство е закана за слободата и за државноста и ние такво судство не сакаме“, рече Курти додавајќи дека „реформата не може веќе да чека“.
Ветераните на Косово на протест поради Законот за минимална плата
Министерката Хаџиу рече дека ќе се спроведе целосен ветинг во правниот систем, почнувајќи од челниците на правните институции.
„Подготвени сме да соработуваме и со Судскиот совет и со Советот на обвинители на Косово, со меѓународните партнери и со опозицијата со цел овие реформи да заживеат“, изјави Хаџиу.
Како што исткнаа од косовскиот државен врв, Венециската комисија посочила на бројни проблеми во правниот систем, тргнувајќи од недовербата во судството, корупцијата, бескрајното одолговлекување на судските процеси, непотизмот, па сé до изборот на главниот државен обвинител.
