Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июнь
2022

ВМРО-ДПМНЕ протестира пред Владата под мотото „Премногу е“

0
Голем број граѓани, членови и симпатизери на најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва излегоа на протест пред Владата за да побараат распишување предвремени парламентарни избори, но и да го искажат своето незадоволство од актуелната влада предводена од премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.






Присутните кои дојдоа од повеќе градови вееја македонски знамиња и скандираа „Македонија“ и „ВМРО-ДПМНЕ“.




Тие се упатија кон владината зграда од три зборни места - од пред зградата на МТВ, Трговскиот центар „Буњаковец“ и од Собранието, за протестот кој беше најавен во 20 часот.



Опозицијата во нов обид за соборување на власта


Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта за неспособност да се справи со криминалот, растечката инфлација, енергетската криза и сиромаштијата.






Протестот се организираше под мотото „Премногу е“, а од партијата го најавија како надпартиски и обединувачки.



Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Блокада на Собранието за спас на државата


Тој е продолжение на активната блокада на Собранието која ја почна ВМРО-ДПМНЕ минатиот месец поради, како што образложија, отсуство на подготвеност на премиерот Ковачевски и Владата да воспостават вообичаен политички дијалог и минимум државно единство во однос на барањата на опозицијата за наоѓање на решенија за кризната состојба во државата.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *