Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Апрель
2018

Новости за 07.04.2018

Комбе влета во луѓе во Германија, има загинати, околу 30 се повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку четворица луѓе загинаа, а околу 30 се повредени кога комбе влета во група луѓе во градот Мунстер во западна Германија, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Возачот, според полицијата, се самоубил. Претходно, полицијата соопшти дека комбето удрило во мала група луѓе во центарот на градот и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа. Полицијата преку Твитер побара од граѓаните да избегнуваат шпекулации за причината за инцидентот, која засега не е позната.

Руската амбасада во Лондон бара средба со министерот Борис Џонсон

SlobodnaEvropa.mk 

Руската амбасада во Лондон побара состанок со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Во соопштението од амбасадата се наведува дека односите со британското министерство за надворешни работи се „тотално незадоволителни“ и оти е крајно време за разговор меѓу амбасадорот Александар Јаковленко и министерот Џонсон. Британската страна соопшти дека ќе одговори на барањето „во догледно време“. Скрипал беше отруен со нервен отров на 4 март во Солсбери. Читать дальше...

Мицкоски до Заев – Да ви одржам лекција како професор – економијата тоне

SlobodnaEvropa.mk 

Работата дојде до таму Заев да држи лекции по економија, реагира лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и се понуди како професор да му одржи лекција на премиерот. „Господине Заев бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на „Ваанто, Сашeто и она зад Мирчо Свињарнико“, неспособност, незнаење и владеење со страв, сега јас како професор... Читать дальше...

Бобан Илиќ во притвор до правосилноста на пресудата во случајот „Алмир“

SlobodnaEvropa.mk 

Основниот суд во Куманово на барање на надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство му определи мерка притвор на Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Обвинителот побарал Илиќ да биде задржан во притвор до правосилноста на пресудата, со цел да се обезбеди неговото присуство.  Илиќ во четвртокот беше осуден на шест години. Судот за виновен го прогласи и второобвинетиот Седат Алиу... Читать дальше...

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ оди на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, кој пред 12 дена беше приведен и депортиран од Косово, денеска ќе замине повторно за северно Косово да присуствува на полноќна Велигденска литургија во манастирот Бањска. Таа информација е потврдена и од Министерството за надворешни работи во Приштина, како и од советникот на шефот на дипломатијата Јетлир Зиберај, кој за весникот Газета експрес изјави дека „посетата е одобрена“. Заминувањето на Марко Ѓуриќ на Косово... Читать дальше...

Пуџдемон сака да продолжи да живее во Белгија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон изрази надеж дека, по завршувањето на правниот процес во Германија, ќе продолжи да живее во Белгија. Тој вчера беше ослободен од притвор во Германија, но му е забрането да ја напушти земјата. Пуџдемон денеска од Берлин повторно ги повика шпанските власти да почнат разговори за отцепувањето на Каталонија. Шпанија бара негова екстрадиција. Мадрид го обвинува за бунт и злоупотреба на јавни средства за организација на референдумот на независност на Каталонија минатата година.

Нови бомбардирања во Источна Гута

SlobodnaEvropa.mk 

Сириската армија и сојузниците ги интензивираа артилериските и воздушните напади врз градот Дума во Источна Гута, еден ден откако во воздушните напади врз последното упориште на бунтовниците во близина на Дамаск беа убиени најмалку 40 луѓе. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека од полноќ врз Гута биле извршени над 30 воздушни напади од страна на сириски и руски воени авиони. Хеликоптерите, пак, извршиле најмалку 25 бомбардирања. Опсерваторијата соопшти дека биле убиени најмалку осуммина цивили. Читать дальше...

Кривична пријава против 12 лица за случајот во Мала Речица

SlobodnaEvropa.mk 

СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица за престрелката на 5 април во Мала Речица во која беше убиено едно лице, а двајца беа повредени. Еден од осомничените е албански државјанин, а останатите 11 се од кумановско. На десетмина им е одреден притвор од 30 дена, еден е недостапен, а еден поради здобиените тешки телесни повреди е задржан на болничко лекување. Во престрелка... Читать дальше...



Дачиќ - Приштина би прифатила поделба на Косово, ако нема ментори

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина би прифатила предлог за поделба на Косово ако со нив се разговара без ментори. „Ако би разговарале отворено за поделба на Косово без ментори, Приштина тргнувајќи од свои интереси, би го прифатила тој предлог“, изјави Дачиќ. Дачиќ додава дека големите сили предлогот за поделба на Косово не сакаат да го разгледуваат, бидејќи мислат дека прашањето за Косово го затвориле во 2008 година со тоа што признале независност. Запрашан... Читать дальше...

Заев - Кога ќе се сретнам со Ципрас, ќе имаме достоинствено решение

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев вели дека нема да има дипломатски булдожери меѓу Македонија и Грција за спорот за името. Тој во интервју за МИА вели дека за решение вреди да се жртвува и политичката кариера. Премиерот најавува средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас, а ја потврди и средбата на 12 април меѓу министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас. „Кога ќе ја слушнете најавата за средба Заев и Ципрас да знаете дека сме тука со достоинственото решение за државата“, порачува премиерот . Тој вели дека знае на кого да му се заблагодари во Владата... Читать дальше...

Уште шест приведени за престрелката во Мала Речица

SlobodnaEvropa.mk 

Уште шест луѓе се приведени во врска со инцидент во Мала Речица. Дел од нив ги привела полицијата, а некои сами и се предале, потврдуваат од МВР за МИА. Приведените се во Секторот за внатрешни работи во Тетово. Претходно беа приведени четири луѓе за инцидентот. Во оружениот инцидент што се случи во четвртокот во Мала Речица, беше убиен еден човек, а двајца се повредени. Во вооружениот инцидент убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово.

Најмалку 40 цивили загинаа во воздушните напади во Источна Гута

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 40 цивили загинаа во воздушните напади во Источна Гута, во близина на Дамаск во Сирија. Источна Гута е последната област под контрола на опозициските сили во земјата. Нападите доаѓаат откако пропаднаа последните разговори, под покровителство на Русија за повлекување на бунтовниците. Сириските владини трупи со поддршка на Русија ја зазедоа речиси целата област освен најголемиот град Дума, каде остануваат бунтовниците меѓу илјадници цивили. Москва на 1 април објави договор со бунтовничката група за повлекување на бунтовниците. Читать дальше...

Движењето Беса на Касами избра потпретседатели и генерален секретар

SlobodnaEvropa.mk 

Едно од крилата на Движењето Беса, не чело со Биљал Касами, избра нови потпретседатели. Синоќа на првиот состанок по Конгресот е одлучено нови потпретседатели да бидат Фадил Зендели, Кастриот Реџепи и Абдуш Демири. За генерален секретар е избран Аријанит Хоџа. Како што информираат од партијата, на состанокот се избрани и раководители на секретаријатите во рамки на Претседателството, а одлучено било на некој од следните состаноци да се избере и четвртиот претседател кој ќе биде од редовите на Форумот на жени.

Временска прогноза - Променливо облачно време

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.  Дневната температура ќе се движи од 13 до 22 степени. Во Скопје температурата ќе достигне 19 степени. Метеоролозите за в недела и понеделник најавуваат сончево време и дневни температури од 15 до 23 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *