Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Апрель
2018

Новости за 25.04.2018

Средба Туск-Вучиќ: За иднината на Србија ќе одлучува само Белград

SlobodnaEvropa.mk 

За иднината на Србија ќе одлучува само Белград, а ЕУ е место каде никој никому ништо не наметнува, затоа вреди на ЕУ да се гледа како на проект со стратешка димензија за просперитет, за висок стандард, демократија, со владеењето на правото и слобода на говорот, безбедност и заемно почитување со зачувување на националниот идентитет, изјави претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск по денешната  средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.  Тој додаде дека со Вучиќ разговарал и за состојбата на Западен Балкан... Читать дальше...

Средба Туск-Вучиќ: За иднината на Србија ќе одлучува само Белгард

SlobodnaEvropa.mk 

За иднината на Србија ќе одлучува само Белгард, а ЕУ е место каде никој никому ништо не наметнува, затоа вреди на ЕУ да се гледа како на проект со стратешка димензија за просперитет, за висок стандард, демократија, со владеењето на правото и слобода на говорот, безбедност и взаемно почитување со зачувување на националниот идентитет, изјави претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск по денешната  средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.  Тој додаде дека со Вучиќ разговарал и за состојбата на Западен Балкан... Читать дальше...

„Чудна шума“ на Шукарова за Меѓународниот ден на танцот

SlobodnaEvropa.mk 

Искра Шукарова, кореограф и професор на Факултетот за музичка уметност, Урсула Игли, кореограф од САД и музичкиот уметник Џијан Емин, заедно со студентите од Катедрата за современ танц, в недела во 20 часот во Македонска филхармонија, со танцов перформанс, ќе го одбележат 29 април - Меѓународниот ден на танцот.

Ерменска партија ја напушти владејачката коалиција поради нови протести

SlobodnaEvropa.mk 

Помалиот партнер на Републиканската партија ја напушти владејачката коалиција во Ерменија, повикувајќи на избор на премиер со „доверба на народот“, откако избија нови протести на опозицијата во Ереван. Потегот на Емрменската револуционерна федерација и нанесе удар на Републиканската партија, која противниците ја обвинуваат за зацврстување на власта, откако нејзиниот лидер Серж Саркисијан се повлече од функцијата премиер по речиси две недели протести. „Имајќи ја предвид сегашната ситуација, објавуваме... Читать дальше...

Доброволци го чистат ѓубрето во Куманово

SlobodnaEvropa.mk 

Во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“, здружението „Кумановски акцијаши“ засади околу три илјади садници кај Спомен костурницата, а следи оплеменување и на други локации. Тие работат и на расчистувањето на ѓубрето во парковите.

Нимиц: Двете страни се посветени на решение, преговорите продолжуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Заврши средбата во Виена за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. По средбата, посредникот во спореот за името Метју Нимиц кусо изјави дека разговорите биле интензивни и охрабрувачки:  „Двете страни се многу посветени на изнаоѓање решение. Преговорите ќе продолжат во наредните недели“, изјави Нимиц.  Денешните разговори меѓу Димитров и Коѕијас траеја четири часа.

Сè уште трае средбата за името меѓу Димитров и Коѕијас во Виена

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, веќе четири часа во Виена разговараат со посредникот во спорот за името Метју Нимиц. Средбата почна во 15 часот и сè уште е во тек. Последната средба на Димитров и Коѕијас беше на 12 април во Охрид, а како што соопштија по состанокот, разговарале за првпат за временската рамка и за чекорите, за кои ако се постигне решение, како тоа ќе изгледало и како ќе се имплементирало. Заклучокот тогаш беше дека останале уште неколку спорни, но најтешки точки.

Државниот секретар во словачкото МВР: На Балканот чекаат 50 илјади мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

На Балканот чекаат околу 50.000 мигранти, поради што потребни се акции за координирање на работи за сузбивање илегални миграции во државите во кои сега се наоѓаат или низ кои минуваат, изјави државниот секретар во словенечкото Министерство за внатрешни работи Боштјан Шефиц, наведувајќи дека проценките се дека во целиот регион, вклучително и Грција, има миграциски потенцијал од околу 50.000 луѓе.  Шефиц изјавата ја даде за Словенечката телвизија, по посетите на Загреб, Белград и Тирана каде со свои... Читать дальше...



Убиецот на данската новинарка Ким Вал осуден на доживотен затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Данскиот суд со осуди иноваторот Петер Мадсен на доживотна казна затвор за убиството и сексуалниот напад на новинарката Ким Вал, чии делови од телото беа пронајдени во водите во Копенхаген. Вал беше пријавена за исчезната по посетата на неговата подморница. 47 годишниот Мадсен тврдеше дека смртта на Вал била несреќен случај, но призна оти го распарчил нејзиното тело и дека ги фрлил остатоците ноќта на 10 август 2017 година. 30-годишната Вал се качила на подморницата на Мадсен за да го интервјуира за приказна. Читать дальше...

Шумски пожари на Далечниот исток на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 37 пожари се пријавени во Сибир, на Далечниот исток на Русија, кои опфаќаат повеќе од 4.200 хектари земјиште, соопшти денеска руската Федерална служба за заштита на шумите. Оттаму велат дека најголемите пожари се во регионите Амур и Забајкале. Пожари исто така се пријавени и во регионите Бурјатија, Иркутск Тува, велат од службата наведувајќи дека погодени од пожари се и еврејскиот автономен регион Хабаровски краи и Рриморски краи на Далечниот исток. Сезоната на шумски пожари во Русија обично... Читать дальше...

Започна средбата за спорот за името во Виена

SlobodnaEvropa.mk 

Започна средбата во Виена за новата рунда преговори за името меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц. Не се знае колку време ќе траат преговорите и дали после нив ќе има изјави за медиумите.  Во Њујорк е соопштено дека Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето со името“. Македонската влада се надева дека решение би можело да биде постигне во текот на оваа година. Читать дальше...

Ѕанакопулос: Грција направи остапки за името, на ред е Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос пред денешната средба во Виена за спорот за името изјави дека неговата земја во преговорите направила отстапки и сега е време и Македонија да ги направи неопходните чекори за постигнување договор. На редовен брифинг со новинарите тој ги повтори позициите на Грција која има два предуслови, односно сложено име и ерга омнес. Според него, Грција смета дека предусловите се логични и праведни.

Русија се надева на решение на ситуацијата во Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави денеска дека внимателно ја набљудуваат ситуацијата во Ерменија по новите протести во земјата. „Ние се уште сметаме дека се работи за домашно прашање и се надевам дека нашите ерменски пријатели ќе можат да ја решат оваа ситуација и ќе најдат стабилна структура и ќе донесат одлука врз консензус", рече Песков. САД и ЕУ повикаа на воздржаност и политички дијалог во Ерменија.

Киргистанскиот Парламент ја одобри новата Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Новата Владата на Киргистан положи заклетва во Парламентот по една недела откако беше распуштена претходната. Членовите на новиот кабинет предводен од Мухамедкали Абилгазијев беа одобрени по само неколку часа откако пратениците го избраа Откурбек Јамшитов за државен обвинител по неговото номинирање од страна на претседателот Соронбаи Јиенбеков. Владата на претходниот премиер Сапар Исаков беше распуштена откако пратениците не и изгласаа доверба.

За Тачи дијалогот со Србија е единствениот пат напред

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека дијалогот со Србија е тежок, исто како и посветеноста за помирување. Но, тоа според него, е единствен пат да се оди напред. Тој истакна дека следните денови и недели ќе бидат одлучувачки за консолидирање на Косово како држава. Тачи на форумот "Идната декада на Косово: Унапредување на реформите, регионалната соработка и европската интеграција", порача дека договорот е во полза на двете земји и тоа го олеснува патувањето кон ЕУ.

Коѕијас по Виена на средба со Столтенберг

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас утре во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Грчки медиуми јавија дека во фокусот на разговорите ќе биде спорот за името меѓу Македонија и Грција, како и односите на земјата со Турција.

Разгледувањето на извештајот на СЈО повторно одложено

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедници денеска повторно го одложи разгледувањето на шестмесечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство. Претседателот на Комисијата Александар Кирацовски информираше дека разгледувањето на извештајот ќе биде во петок или во текот на наредната недела. Според него, со тоа им се остава повеќе простор на сите пратеници да го разгледаат извештајот.

Како да се намали високата невработеност кај младите?

SlobodnaEvropa.mk 

Над 24 проценти од младите луѓе ниту се вработени, ниту се во образовниот процес, ниту, пак, на обука. Економската состојба и невработеност ги тера младите да размислуваат да студираат во странство. Состојбата ја влошува дисбалансот меѓу образовниот систем и пазарот на трудот.

Талибанците најавија пролетна офанзива во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците соопштија дека почнуваат со пролетна офанзива во Авганистан. Милитантната група во соопштението објавено на нивната веб страна наведува дека најмногу ќе се фокусираат на “убивање и заробување на американските освојувачи“. Како втор приоритет, посочуваат, ќе им бидат внатрешните поддржувачи на Американците, односно авганистанските власти и сили.

Со добри закони и финансиска независност до слободни медиуми

SlobodnaEvropa.mk 

Иако според најновиот извештај на „Репортери без граници“, Македонија бележи благо подобрување на состојбата со медиумите, таа сепак е најлошо рангирана на Балканот. Упатените велат дека има уште многу работа за надминување на наталожените проблеми.

Заев очекува исчекор во спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува исчекор од денешната средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц. Тој по потпишувањето на годишната програма за вработување, порача дека верува во двајцата министри, а и тој самиот е оптимист за решавање на прашањето. „Има напредок кој ни дава причина да направиме исчекор и на денешната средба во Виена. Европскиот однос, преку дијалог... Читать дальше...

Рохани против нов нуклеарен договор и со критика до Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани изрази сомнежи за легитимноста на барањата на лидерите на САД и Франција за нов нуклеарен договор меѓу светските сили и Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон по средбата во Белата куќа истакнаа дека тие сакаат да преговараат за нов договор со Иран кој ќе го надмине нуклеарниот договор од 2015 година. „Зошто и со кое право“, порача Рохани за нивниот предлог. За време на телевизиско обраќање Рохани го нарече Трамп неискусен трговец... Читать дальше...

ЕУ со повик до Русија, Иран и Турција за Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ги повика Русија, Иран и Турција да направат поголеми напори за намалување на борбите во Сирија. Таа говорејќи на конференцијата за Сирија во Брисел истакна дека трите земји имаат посебна одговорност за да обезбедат услови за примирје и да извршат притисок врз владата на сирискиот претседател Башар ал Асад за нејзино враќање на преговарачката маса. Според Могерини, има ескалација на воените активности во Сирија што е спротивно на она што ветиле дека ќе работат Русија, Иран и Турција.

Нови протести во Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници Ерменци повторно излегоа на протести низ улиците на Ереван предводени од опозициски лидер Никол Пашинијан откако преговорите кои тој требаше да ги одржи со владејачката Републиканска партија беа откажани. Пред два дена премиерот Серж Саркисјан поднесе оставка од функцијата поради протестите. Пашинијан порача дека Републиканската партија се обидува да ја искористи оставката на Саркисјан и има за цел на остане на власт. Тој истакна дека не смеат да дозволат да биде назначен нов премиер... Читать дальше...

Заврши средбата во Виена, преговорите за името продолжуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Заврши средбата во Виена за разликата за спорот за името на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот во спорот Метју Нимиц. Тој рече дека процесот продолжува во наредните недели.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *