Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Сентябрь
2018

Новости за 18.09.2018

Путин и Орбан продолжуваат со плановите за нуклеарна централа

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан се согласија да продолжат со проектот за изградба на два нови реактори во нуклеарната централа Пакс во Унгарија. Тие го соопштија ова по денешните разговори во Москва. Орбан, сепак, посочи дека проектот се соочува со пречки во однос на лиценцирањето, дозволите и регулативите на ЕУ. Претходно, оваа година, Австрија поднесе тужба до Европската комисија поради одобрението за проширување на нуклеарната централа Пакс. Австрија, која нема нуклеарни централи... Читать дальше...

Димитров - Голема е одговорноста Уставниот суд да го земе клучот од рацете на граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Голема е одговорноста во овој момент, кое било тело, дури и Уставниот суд клучот да го земе од рацете на граѓаните. Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров на прес-конференцијата со германскиот колега Хајко Мас, одговарајќи на новинарско прашање што ако Уставниот суд го стопира процесот за референдум. Уставниот суд утре треба да одлучува за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. Читать дальше...

За една декада преполовен бројот на ученици во Дебар

SlobodnaEvropa.mk 

Ако се направи споредба на сегашните бројки на ученици со оние од пред една декада, бројот на учениците е намален за околу 60 отсто, велат властите во Дебар. Причини за намалениот број на ученици се иселувањето и намалениот наталитет.

Општина Битола ќе стопанисува со градските паркинзи

SlobodnaEvropa.mk 

Општина Битола ќе формира јавно претпријатие преку кое ќе стопанисува со паркинзите и јавниот превоз, оти преку сегашниот концесионер многу малку пари се слевале во градската каса. Опозицијата, пак, обвинува за популизам на власта пред референдумот.

Се урна скеле во Мадрид, повредени и затрупани работници

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку петмина градежни работници се повредени, а двајца се затрупани при уривање на скеле на луксузен хотел во Мадрид, информира тамошната Брза помош. Скелето на шестиот хотел на луксузниот хотел Риц се урнало нешто по 16 часот по локално време. Пожарникарите се обидуваат да дојдат до најмалку двајца затрупани луѓе.

Десет повредени во сообраќајна несреќа кај Долно Палчиште

SlobodnaEvropa.mk 

Десет лица се повредени од кои едно со потешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14.30 часот на регионалниот пат Пирок - Тетово кај селото Долно Палчиште, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Во несреќата учествувале две возила со тетовски регистарски таблички, Форд транзит што го управувал З.М.(49) од Боговиње и Мицубиши Пајеро што го управувал Н.А.(36). Во сообраќајката возачот на Пајерото Н.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош... Читать дальше...

Блуз и соул фестивал 2018 - „фестивал на мускули“

SlobodnaEvropa.mk 

Со учество на ШЕЈКДАУН ТИМ ЕНД РИТАМ РИВЈУ од Белгија, КРИС ГРЕЈ ЕНД БЛУЗПЕНД од Данска, Д ГЕМБЛЕРС и Д БЛУЗХАМЕР од соседна Србија и нашите КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД и Васја Ивановски како диџеј, од 21 до 23 септември, во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, во Пивница Темов, ќе се одржи 22 издание на „Блуз и соул фестивал“.

Дачиќ - Немаме намера да ги менуваме границите со сила

SlobodnaEvropa.mk 

Никој нема намера да ги менува границите со сила, тоа ќе биде со договор или нема да се случи, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, нагласувајќи дека и меѓународниот принцип предвидува неменување на границите со сила. Шефот на српската дипломатија истакна дека сите земји, освен Велика Британија и Германија, поддржуваат постигнување компромисно решение меѓу Белград и Приштина и не се мешаат во тоа какво ќе биде решението. „Германија и Велика Британија се спротивставуваат... Читать дальше...



Мас - На дофат ви е историска шанса, искористете ја

SlobodnaEvropa.mk 

Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето право и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одлуката е во рацете на граѓаните, истакна министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.  Според него, решавањето на спорот за името е важен чекор во правец кон Европа. „Македонија идната година може да почне преговори со ЕУ. Читать дальше...

Папас - Сакаме да го убедиме Каменос за корисноста на Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Претендираме да ги убедиме и Панос Каменос и неговите пратеници за корисноста на Договорот од Преспа и верувам дека ќе го постигнеме тоа, а грчкиот Парламент ќе го ратификува овој договор, вели министерот за дигитална политика на Грција, Никос Папас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“. Коментирајќи ги ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, Папас вели дека во изминатите години „соработката со Каменос се покажала пофункционална од тоа што многумина мислеле“ и изразува увереност дека... Читать дальше...

Баздникин - Од одлуките во наредните недели ќе зависи иднината на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Република Македонија доживува клучен момент во својата историја, а од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на државата, порача денеска новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација Сергеј Баздникин на предавањето на акредитивните писма на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. „Од голема важност е тие да бидат донесени строго во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава. Да претставуваат недвосмислен одраз на волјата на граѓаните на Република Македонија... Читать дальше...

Македонските возачки дозволи признаени во Германија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и германскиот амбасадор Томас Герберих денеска ја потпишаа Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи.  Со потпишувањето на декларацијата македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи. ... Читать дальше...

Тритерол во демантот потврдува дека возеле ученици во Берово

SlobodnaEvropa.mk 

Демант на Тритерол на објавен текст на 14.09.2018 за јавна набавка во општина Берово за организрање на превоз на ученици Комисијата за јавни набавки на училиштето во Oпштината Берово, во постапката за прибирање на понуди за организирање на превоз на ученици, по одржаниот состанок на 31.08.2018 го избрала “Тритерол” како најпогоден понудувач. Поради ургентноста на јавната набавка, и со цел учениците да не останат без превоз на првиот ден од учебната година, телефонски ја известиле подружницата на... Читать дальше...

Ѕанакопулос: Преспанскиот договор ќе биде изгласан во грчкиот Парламент

SlobodnaEvropa.mk 

„Очекуваме и се надеваме на позитивен резултат на референдумот, бидејќи сметаме дека ова ќе биде првиот и одлучувачки чекор за Договорот од Преспа да стапи на сила. Му посакуваме успех на господинот Заев и го очекуваме резултатот“, изјави портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, јавува МИА.  На денешен брифинг со новинарите, Ѕанакопулос порача дека и покрај ставовите и позициите на коалицискиот партнер во Владата Панос Каменос, договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент и ќе биде изгласан... Читать дальше...

Тачи: компромис со Србија само преку корекција на границите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека договор во дијалогот за нормализација на односите со Србија е можно да се постигне единствено со компромис, за кој, како што оцени, потребно е да се изврши корекција на границите, јавува БЕТА. Тачи на прес-конференција рече дека договор меѓу двете земји „би отворил европска перспектива за Косово. „Стабилноста на Косово е тесно поврзана со зачленувањето во меѓународните организации, а тоа не можеме да го постигнеме без перспективни добрососедски односи. Читать дальше...

Данкан: се надевам дека младите ќе покажат интерес за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Тука сме во момент што е многу значаен за земјата и можам да кажам дека договорот што го потпишаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев е извонреден чекор за иднината на Македонија, порача британскиот министер за Европа и Америка Сер Алан Данкан. Тој истакна оти се надева дека луѓето ќе учествуваат на референдумот на крајот на месецов. „Сметам дека тоа ќе биде значаен чекор напред за Македонија и верувам дека сите, а особено младите луѓе ќе покажат интерес за одлуката. Ова е одлука за вас и јас... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против премиерот Заев

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ денска во Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за како што наведуваат, повик на поткуп при избори на јавен митинг во Крива Паланка. Од партијата истакнуваат дека тоа е спротивно на чл. 160 и чл. 162 од Кривичниот законик. „Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности кои што се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Читать дальше...

Македонскиот јазик „сеуште несе“ лекторира

SlobodnaEvropa.mk 

Неправилна употреба на интерпункциски знаци, па дури и грешки од типот на слеано пишување на „сеуште“ или „неможе“ често се појавуваат во Законите, соопштенијата и во информациите објавени на интернет страниците на државните институции.

Ахмети: Референдумот е клучот за влез во НАТО и ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Најголемата вредност на Договорот од Преспа е што конечно нема веќе сонувања за нови конфликти, конечно земјата и регионот чекорат кон една одржана стабилност, зачленувајќи се во најголемата политичка - воена организација НАТО и Европската Унија, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети при денешна посета на Општина Боговиње.   „Не сакам да создадам илузија дека нема да се случи зачленувањето во Европската Унија, бидејќи е процес што може да одземе многу време, но не и бескрајно, бидејќи клучот е на 30 септември... Читать дальше...

Продолжува рочиштето за „Траекторија“

SlobodnaEvropa.mk 

Рочиштето за предметот на СЈО „Траекторија“ денеска продолжи во Кривичниот суд со слушање на прислушувани разговори, за кои одбраната бараше да биде исклучена јавноста. Во разговорите се слуша како поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски го советува поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески да одберат голема градежна компанија од Кина која ќе им помогне да добијат кредит, бидејќи како што вели, тие си имаат свои луѓе кои посредуваат со кинеските банки. Одбраната на Пешевски рече дека во разговорите во кои учествува тој... Читать дальше...

Најмалку 20 загинати во судир меѓу автобус и цистерна во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 20 се загинати и 20 други се повредени во судир на автобус и цистерна во централен Иран, соопштија официјални претставници. Несреќата се случи доцна вечерта на 17 септември на автопатот меѓу градовите Кашан и Натанц, околу 200 километри јужно од главниот град Техеран. „Цистерната се повлече настрана, удирајќи го автобусот предизвика експлозија и оган“, изјави командантот на сообраќајната полиција, генерал Мохамад – Хосеин Хамиди. Автобусот носел патници од Техеран во градот Керман, на југоистокот на земјата.

Германски лекари: рускиот активист Верзилов најверојатно бил отруен

SlobodnaEvropa.mk 

Германски лекари во болница во Берлин, каде се лекува рускиот активист Пјотор Верзилов, велат дека најверојатно бил отруен. „Впечатокот и наводите кои ги имаме сега, како и оние што ги обезбедуваат колегите од Москва, укажуваат на тоа дека е многу веројатно дека станува збор за труење“, изјави доктор Каи-Уве Еккарт на денешна прес-конференција. Неговиот колега доктор Карл Макс Ајнхауп додаде дека нема друго објаснување за тоа што Верзилов бил во таква состојба и дека нема докази дека тој страдал од долгорочна болест. Читать дальше...

Хан: Информирајте се и гласајте за вашата иднина

SlobodnaEvropa.mk 

Вратата на ЕУ е отворена, но вие сте тие кои одлучувате дали ќе ја искористите можноста на 30-ти септември, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. На политичките лидери им порача од референдумот да не прават политички настан, бидејќи како што рече сега не е време за политички игри

Сирија ненамерно срушила руски воен авион над Средоземното Море

SlobodnaEvropa.mk 

Руското Министерство за одбрана соопшти дека сириската воздушна одбрана ненамерно соборила авион за надзор над источното Средоземно Море, убивајќи 15 воени лица. Портпаролот на Министерството Игор Конашенков денеска изјави дека сириските сили го урнале рускиот воен авион претходната вечер, осудувајќи ги, како што ги нарече“, „неодговорните дејствија на израелската армија“, објави руската државна новинска агенција ТАСС. „Ова е апсолутно спротивно на духот на руско-израелското партнерство“, цитиран е Конашенков. Читать дальше...

Сирија по грешка урнала руски воен авион над Средоземното Море

SlobodnaEvropa.mk 

Руското Министерство за одбрана соопшти дека сириската воздушна одбрана, по грешка, соборила руски авион за надзор над источното Средоземно Море, убивајќи 15 воени лица. Портпаролот на Министерството Игор Конашенков денеска изјави дека сириските сили го урнале рускиот воен авион претходната вечер, осудувајќи ги, како што ги нарече“, „неодговорните дејствија на израелската армија“, објави руската државна новинска агенција ТАСС. „Ова е апсолутно спротивно на духот на руско-израелското партнерство“, цитиран е Конашенков. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *