Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Сентябрь
2018

Новости за 30.09.2018

Ванхауте – Решението со Грција сè уште е можно

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот посредник на ЕУ за решавање на политичката криза во Македонија, Петер Ванхауте, им честиташе на многуте граѓани кои го поддржуваат Преспанскиот договор и европската иднина и ја повика владата да не поднесува оставка, туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што, како што пишува во пораката на Фејсбук, тоа е нејзина „проклета должност“. Тој рече дека нема цензус за референдумот, но оти владата од 2016 година не направила сериозни напори за прочистување на избирачкиот список. Читать дальше...

Телефонски разговор Заев - Ципрас

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас имале телефонски разговор по завршувањето на гласањето на референдумот, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА, пренесува МИА. Грчката агенција цитира владини извори според кои за време на разговорот Ципрас го пофалил Заев за неговата „одлучност и храброст да продолжи со спроведувањето на договорот.“

Обработени 80 проценти од избирачките места: „За“ гласале 91,2 отсто, „против“ 5,86

SlobodnaEvropa.mk 

Според обработените 80 проценти од избирачките места што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,2 проценти или 458.053 граѓани, а „против“ биле 5,86 проценти или 29.448 граѓани. Неважечки се 2,94 проценти.  Последниот податок за излезеноста што ја објави ДИК е од 18:30 часот кога одѕивот бил 34,09 проценти. Се очекува ДИК на прес-конференција да излезе со првични неофицијални податоци.  Граѓаните на Македонија на денешниот... Читать дальше...

Хан: Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени дека гласовите „за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа. „Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното „да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата“, напиша Хан на Твитер. Тој очекува сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство, во интерес на земјата.

Грчко МНР - Грција ги почитува одлуките на граѓаните на соседната земја

SlobodnaEvropa.mk 

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но Грција го почитува изборот на граѓаните од соседната земја, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на резултатите од референдумот, кои ги коментираат како контрадикторни. Во соопштението од грчкото МНР, објавено нешто повеќе од час и половина по завршувањето на гласањето велат дека „Грција одблиску, но со соодветна дистанца, ги следи случувањата“, а исто така, „останува обврзана кон Договорот од Преспа“... Читать дальше...

Референдумот за власта успешен, за опозицијата дебакл

SlobodnaEvropa.mk 

Околу една третина од регистрираните гласачи гласаа на референдумот за промена на името и за членство во ЕУ и НАТО. Премиерот Зоран Заев рече дека огромното мнозинство граѓани кои гласаа го избрале европскиот пат за Македонија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека референдумот е неуспешен.

Три момчиња загинаа од експлозија на мина во источна Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца ученици се пријавени дека се загинати, а еден е повреден во експлозија на мина во град контролиран од сепаратистите во источна Украина. Сепаратистичките лидери во регионот Доњецк изјавија дека експлозијата се случила на 30 септември во индустрискиот град Хорливка, 30 километри северно од градот Доњецк. Во областа беа забележани тешки борби меѓу сепаратистите поддржани од Русија и украинските владини сили. Градоначалникот на Хорливка Иван Приходко на социјалните медиуми напиша дека загинатите... Читать дальше...

Заев - ВМРО-ДПМНЕ да ја почитува волјата и одлуката на граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на гласањето на референдумот изјави дека успехот е заеднички и на граѓаните и на земјата. Тој вели дека без разлика на организираниот бојкот од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, секако, како што вели, со чесни исклучоци, очекува дека огромно мнозинство од граѓаните кои гласаа го избрале европскиот пат за Македонија. „Гласот на граѓаните на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом.... Читать дальше...



Излезноста до 18:30 била 34,09 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Излезноста на референдумот до 18:30 часот била 34,09 проценти, по обработени податоци од 85 отсто од гласачките места, информира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Излезност од над 50 отсто има во општините Липково и во Сарај, каде што на гласање излегле над 67 отсто од граѓаните. „Генерална оценка од ДИК е дека денот помина добро, атмосферата, тука, а и надвор во целата држава, беше многу добра, со исклучок на одредени инциденти кои се појавија во попладневните часови“, рече Дерковски. Тој рече дека инцидентите биле брзо решени.

Цивил – Без сериозни инциденти, но со голем број помали нерегуларности

SlobodnaEvropa.mk 

Набљудувачите на Цивил – Центар за слобода, јавуваат за нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи. Претседателот на организацијата, Џабир Дерала, вели дека е референдумскиот ден изминува без сериозни инциденти, но со голем број помали и поголеми нерегуларности. „Овој ден ќе го запомниме по масовното кршење на изборниот молк и попречување на гласачите да ја изразат својата волја на референдумоте“, рече Дерала. Од Цивил забележуваат и дека на социјалните мрежи се врши груба кампања со стигматизација на тие што гласаат... Читать дальше...

МВР – Фотографирање гласачи, навреди, кинење гласачко ливче

SlobodnaEvropa.mk 

На еден час пред затворање на гласачките кутии, МВР информира за седум попречувања на гласањето на неколку избирачки места. Во текот на денот од полицијата соопштија за уште 13 инциденти за време на гласањето. Во СВР Скопје било пријавено дека во село Горно Коњаре, скопско, набљудувач враќал луѓе кои оделе на гласање. Во Полициската станица Берово женско лице телефонски пријавило дека околу 11:30 часот пред влезот на гласачкото место број 8 во село Будинарци, беровско, имало симпатизери на политичка... Читать дальше...

Вучиќ ќе бара поддршка од Путин за „ситуацијата во Косово“

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека ќе побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин за „ситуацијата во Косово“ кога двајцата лидери ќе се сретнат во Москва во наредните денови. Вучиќ на 29 септември изјави дека Косово „дефинитивно ќе биде фокус“ на разговорите. Српските медиуми известуваат дека средбата меѓу Вучиќ и Путин ќе се одржи во Москва. „Ќе го информираме Путин за последните случувања и ќе побараме негова поддршка на сите меѓународни форуми“, изјави Вучиќ додавајќи... Читать дальше...

Повеќе од 830 загинати во земјотресот и цунамито во Индонезија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 832 луѓе загинаа во земјотрес и цунами во индонезискиот остров Сулавеси, според националната агенција за катастрофи. Заменикот претседател Јусиф Кала денеска изјави дека конечниот број на загинати можно е да биде „илјадници“, бидејќи многу региони се уште не се пребарани. Портпаролот на Националната агенција за ублажување на катастрофи Пуро Нугрохо соопшти дека и натаму е ограничен пристапот до многу области на островот погодени од катастрофата. Нугрохо рече дека има многу пријави... Читать дальше...

ДИК: Излезноста до 17 часот – 28,93 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Излезноста на денешниот референдум до 17 часот е 28,83 отсто, но тоа е од преброените 87,25 проценти од гласачките места, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски, на прес-конференција. Претседателот на ДИК рече дека приговорите што биле доставени до Комисијата, се отфрлени, оти немало основа да ги прифатат. „Се работеше за луѓе што не се нашле на избирачкиот список, меѓутоа не ни можеле да се најдат, тие или менувале лични документи, или не поседувале важечки лични исправи, што значи дека немаат основ да бидат на избирачкиот список“... Читать дальше...

Во Сарај постигнат цензус до 17 часот, Ново Село со најмала излезност

SlobodnaEvropa.mk 

Најголема излезност на референдумот до 17 часот има во Општина Сарај, каде што на гласање излегле скоро 17 илјади гласачи, односно над 54 отсто од запишаните избирачи. Во Липково гласале над 41 отсто од избирачите, во Центар над 40 отсто, а во Карпош и во Арачиново над 38 отсто од регистрираните избирачи. Најмала излезност има во Општина Ново Село, каде што до 17 часот на гласање излегле над 1500 луѓе, односно под 14 отсто од регистрираните избирачи. Во Илинден гласале 14,47 отсто од избирачите... Читать дальше...

МОСТ – Излезноста на референдумот до 16 часот била 26 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Излезноста до 16 часот била 26 проценти со маргина на грешка од +/-0,4 отсто, информира претседателот на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов. Тој рече дека на гласачко место во Чаир, 11 лица не се пронашле на избирачкиот список. На избирачко место во Општина Центар регистрирани се 12 случаи на групно гласање.

МВР - Уште шест инциденти за време на гласањето

SlobodnaEvropa.mk 

МВР регистрира уште шест нови инциденти за време на референдумското изјаснување по претходно евидентираните седум. Како што соопшти, во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во село Визбегово, семејство дошло на гласање со нивниот малолетен син кој фотографирал во просторијата. Лице од Брвеница пријавило дека кога одело на гласање со неговата сопруга, В.С. му упатил навредливи зборови. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во СВР Тетово... Читать дальше...

Најголема излезност до 15 часот во Сарај, најмала во Ново Село

SlobodnaEvropa.mk 

Најголема излезност на референдумот до 15 часот има во општина Сарај, каде што на гласање излегле над 11 илјади луѓе, односно над 36 проценти од регистрираните избирачи. Во Центар гласале над 15 илјади луѓе, односно скоро 35 отсто од запишаните избирачи, во Карпош над 17 илјади луѓе, односно над 32 отсто. Излезност од над 30 отсто имало уште во Крива Паланка и во Липково. Најмала излезност, пак, има во Општина Ново Село, каде што до 15 часот гласале над 1.100 луѓе, односно под 10 проценти од запишаните избирачи. Читать дальше...

Мирен референдумски ден, со мала излезност

SlobodnaEvropa.mk 

Излезноста до 17 часот е 29 отсто. Набљудувачите јавуваат за неколку технички проблеми при гласањето. ОЈО кривично ќе се гони момчето кое нападна тројца полициски службеници.

Кривична пријава за момчето кое нападна полицајци пред гласачко место во Ново Лисиче

SlobodnaEvropa.mk 

Кривично ќе се гони момчето кое нападна тројца полициски службеници во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за време на гласањето, информира јавниот обвинител Џељал Бајрами. На уапсениот ќе му биде поднесена кривична пријава за Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Со овој настан не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало некакво влијание кон гласачите во остварување во гласачкото право, вели Бајрами.

ДИК: до 15 часот на референдумот излегле 22,56 % гласачи

SlobodnaEvropa.mk 

Како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК), до 15 часот правото на глас на референдумот го искористиле 334 илјади и 75 граѓани, или 22,56 насто. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски на прес конференцијата изјави дека денот минува во демократска атмосфера и оти бројот на инциденти е минорен.

Излезноста во Дебар до 15 часот 22,5 отсто, во Центар Жупа 16 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Референдумскиот процес во општините Дебар и Центар Жупа се одвива без проблеми со зголемена излезност во попладневните часови. Претседателката на општинската изборна комисија во Дебар, Елмира Бакали, информира дека излезноста на референдумот до 15 часот е 22,5 отсто. Според неа, правото на глас до 15 часот го искористиле 4.138 лица од вкупно запишаните 18.318 гласачи. Во оваа општина се гласа на 27 избирачки места. „Во општина Центар Жупа до 15 часот гласаа 1.066 лица или 16 отсто од вкупно... Читать дальше...

МОСТ - Гласањето без проблеми, регистрирани неколку технички проблеми

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот на референдумот е 16 отсто, со маргина на грешка од +/- 0,32 отсто. МОСТ наведува дека од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени се неколку информации за неколку за технички проблеми. На гласачко место во општина Демир Капија, на гласач му било дозволено да гласа без да биде проверен во Избирачкиот список. Повикана е ОИК, по што е направен записник во кој е констатирано дека ќе има повеќе ливчиња од потписи во списокот... Читать дальше...

Во Тетово најактивни, во Желино најпасивни во регионот

SlobodnaEvropa.mk 

До 13 часот од 83.191 граѓанин со право на глас во рамки на општина Тетово по референдумското прашање се изјасниле 16,79 % или 13.949 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија. Шест часа по почетокот на гласањето општина Тетово во регионот бележи најголема излезност на граѓаните. По Тетово, следи општина Теарце каде гласале 15,20% од 22.054 гласачи. Процент од 11,97 од 10. 200 жители бележи општина Јегуновце. До 13 часот во Боговиње гласале 13,61% од избирачите. Во Брвеница 12,09%... Читать дальше...

На гласање на 91 година

SlobodnaEvropa.mk 

Велика Новевска од општина Новаци на 91 година излезе да гласа. На гласачкото место таа се појави заедно со снаата која пак со штаки дојде на гласање зашто ја имала повредено ногата. „За години не прашувајте, деведесетката ја заминав, но должност ми е да си го остварам своето гласачко право. Гласаме и за помладите и за нас да биде добро“, рече баба Новевска. Новаци е една од општините со најголема површина во Македонија, но се вбројува и меѓу оние со најмалкубројно население. На површина од 753... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *