Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Октябрь
2018

Новости за 16.10.2018

„Еко - не его Арт“ во Галерија КО-РА

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 50 дела на група на уметници и аматери создадени во комбинација со она што 99 отсто од популацијата го набљудува како отпад ќе бидат претставени на изложбата „Еко - не его Арт“, што од 17 до 24 октомври се одржува во Галерија КО-РА во Скопје.

Харадинај: Мостот во Митровица треба да се отвори од двете страни

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска зборуваше за иницијативата на градоначалникот на јужниот дел на Митровица, Агим Бахтири, за одржување спектаткуларен концерт на светската мега-ѕвезда Шакира по повод оторањето на мостот на Ибар, кој го дели градот на албански и српски дел.  Харадинај рече дека „нема нешто против“, но оти отворањето на тој мост не е некоја работа „за еден ден“. Затоа, го замолил Бахтири „да внимава“, поради деликатната ситуација во тој дел од земјата.  "Пред себе имаме три чувствивтелни теми... Читать дальше...

Кога нема сообраќајна култура има „лежечки полицајци“

SlobodnaEvropa.mk 

Кумановската опозиција обвинува за несоодветно поставени „лежечки полицајци“ на кои возачите се ги кршат колите. Градоначалникот Максим Димитриевски вели дека тие се поставени на барање на локалното население, затоа што возачите не се придржуваат до сообраќајните правила. Сепак, најави дека ако има грешки, тие ќе бидат поправени.

Ерменскиот премиер поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави дека денеска поднел оставка од функцијата, за да овозможи распуштање на парламентот и распишување  на предвремените избори. Пашинијан се залага за предвремени избори до крајот на годината по убедливата победа на неговиот блок во трката за градоначалник во главниот град Ереван, минатиот месец, во обид да ги собори своите политички противници, кои го задржаа мнозинството во парламентот. Поранешниот пратеник на опозицијата, Пашијан ја презеде функцијата во... Читать дальше...

Мичел до Мицкоски: Разочарани сме од челниците на ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, му испратил писмо на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое му порачува дека САД се разочарани од позициите на челниците на оваа партија, вклучувајќи го и него лично. "Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај... Читать дальше...

Собраниската расправа за уставните измени продолжува утре

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието на Република Македонија утре во 12 часот ќе ја продолжи седницата на која се расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. На вториот ден од расправата, Елизабета Канческа-Милевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека има непочитување на претседателот, законските одредби од Уставот и Деловникот на Собранието при склучувањето на договорот со Грција. Нагласи дека факт e оти Референдумот беше неуспешен и колку да се обидуваме... Читать дальше...

Украински авион се урна на вежби на НАТО, загинаа двајца пилоти

SlobodnaEvropa.mk 

Украински борбен авион се урна за време на воздушните вежби со земјите на НАТО, при што загинаа двајца пилоти, јави украинската армија. Портпаролот на воздухопловните сили на Украина, Јуриј Игнат, изјави дека Су-27 учествувал во 12-дневните вежби  " Чисто Небо" 2018 година, што се одржуваат во западна Украина ", објавија агенциите. САД и седум други земји на НАТО учествуваат во вежбите.

Украинскиот режисер Сенцов во многу тешка здравствена состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот режисер Олег Сенцов, кој  на почетокот на овој месец го заврши својот петмесечен штрајк со глад во рускиот затвор, можеби нема да преживее поради оштетување на своето здравје, изјави  неговата  братучедка во Украина . "Речиси сите негови органи се сериозно засегнати, вклучително и црниот дроб, срцето и мозокот", изјави Наталија Каплан за новинарите во Киев.   Сенцов, кој се спротивстави на преземањето на украинскиот полуостров во 2014 година, отслужува  20-годишна затворска казна  во северниот руски северен регион Јамало-Ненец. Читать дальше...



И пратеникот Љубен Арнаудов пуштен од домашен притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот Љубен Арнаудов кој е обвинет за случувањата во Собранието на 27 април минататa година, денеска е ослободен од домашен притвор. Тој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок, а со одлуката на  Апелацискиот суд  Арнаудов доби право да се брани од слобода. Судот ја донел одлуката по жалба на Арнаудов, кој понудил гаранција дека нема да бега, во износ од околу 300 илјади евра. Арнаудов, по денешното рочиште за случајот „27 април“, рече дека уште во јули имаат поднесено барање со кауција... Читать дальше...

Додик ќе го назначи Кустурица за советник

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелниот претседател на Република Српска и новоизбраниот српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека неговиот прв потег во Сараево ќе биде назначувањето на режисерот Емир Кустурица како советник. Во интервју за денешното издание на весникот „Вечерње новости“, тој рече и дека меѓу првите чекори ќе биде измена на Деловникот за работа на Претседателството на БиХ, но и поставување на знамето на Република Српска во зградата на Претседателството. " Мојот основен кабинет, како... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ побара Мицкоски да се обрати пред Собранието, Џафери не дозволи

SlobodnaEvropa.mk 

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Данев, во процедурално обраќање од собраниската говорница рече дека партијата поднела барање, во дебатата за уставните измени пред пратениците да има обраќање партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој не е пратеник. "Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Македонија, ние како пратеници и граѓаните, јас мислам и апелирам бидете на ниво на задачата која што ја извршувате и овозможете нашиот лидер Мицкоски да се обрати и пред Собранието и пред пратениците и пред македонските граѓани. Читать дальше...

Десетици загинати полицајци во напади на Талибанците во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици авганистански полицајци се убиени во два денешни напади на Талибанците во северен и централен Авганистан, неколку дена пред парламентарните избори кои милитантите се закануваат дека ќе ги нарушат. Неколку полицајци се убиени во напад во провинцијата Саманган, вклучително заменик шефот на провинцијата, изјави провинцискиот гувернер Абдул Латиф Ибрахими. Талибанските борци нападнаа и преземаа неколку пунктови во областа Дари Суф, вклучително и седиштето на полициското разузнавање, изјавија... Читать дальше...

Отстранети од судница адвокатите на обвинетите за „крвавиот четврток“

SlobodnaEvropa.mk 

Судскиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска ги казни со по илјада евра и ги отстрани од судницата сите адвокати на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април. Адвокатите се санкционирани откако се пожалиле и бурно реагирале на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок „С1“ во старата зграда на Кривичниот суд каде што беше префрлен поради технички пречки во новиот објект на судот. Адвокатот Еленко Миланов по излегувањето од судот изјави дека бранителите побарале... Читать дальше...

БЕСА: политиките на владата се тотално неуспешни

SlobodnaEvropa.mk 

Власта заборава да се грижи за секојдневниот живот на граѓаните кои се соочуваат со поскапување на цените, економска блокада, разновидни проблеми во образованието и здравството како и со наголемиот проблем - заминувањето на младите надвор од државата, соопшти БЕСА.   „Денеска сме сведоци дека по којзнае кој пат се покачува цената на нафтенитте деривати, отежнувајќи го повеќе буџетот на граѓаните и на бизнис секторот“, велат од кабинетот на Биљал Касами.  Оттаму наведуваат дека од почетокот на 2016 година нафтата имала цена 39 денари... Читать дальше...

Пратениците можат да ја отклучат вратата за членство во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

За два дена Македонија ги почнува пристапните разговори за членство во НАТО во Брисел. Министрите за одбрана и надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров, на пратениците им порачаа дека сега е време да покажат дека националните интереси се над партиските.

Иран го повика Пакистан да се справи со „терористите“ кои киднапираа граничари

SlobodnaEvropa.mk 

Иранската револуционерна гарда го повика Пакистан да се справи со осомничените милитанти кои киднапираа 14 припадници на иранските безбедносни сили на нивната заедничка граница. „Очекуваме Пакистан да ги контролира овие терористички групи кои се поддржани од некои држави во регионот и веднаш да ги ослободат киднапираните ирански сили“, се вели во соопштение на Иранската револуционерна гарда. Иранските медиуми денеска објавија дена 14 граничари, вклучително разузнавачи на Иранската револуционерна гарда... Читать дальше...

Заев: во Македонија има премногу поделби, треба да си простиме

SlobodnaEvropa.mk 

Секогаш сум бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор, има премногу поделби во Македонија и сите знаеме дека треба да си простиме, изјави премиерот Зоран Заев на собраниската седница за промена на Уставот на прашање на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој предложи лидерите на двете најголеми партии да донесат решение за иднината на државата.   „Апсолутно не ми паѓа на памет да влијаам врз институции или судовите“, рече Заев. Тој додаде дека името на државата не се менува, туку само се дополнува. Читать дальше...

Собраниска дебата за добивање време за преговори за мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците втор ден дебатираат за уставните измени со позиции веќе познати во јавноста. Политичките аналитичари сметаат дека со тоа се дава дополнително време за преговори за обезбедување двотретинско мнозинство.

Јавноста исклучена од сведочењето на загрозениот сведок за „крвавиот четврток“

SlobodnaEvropa.mk 

Денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април продолжи со испитување на загрозениот сведок „С1“, а со цел да биде заштитен претседателката на Судскиот совет Добрила Кацарска ја исклучи јавноста од денешното рочиште. Судијката Кацарска на денешното рочиште дозволи присуство само на ОБСЕ и претставник од Амбасадата на САД. Пред почетокот на рочиштето судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за посебен начин на испитување на загрозениот сведок, како и барањето на одбраната да... Читать дальше...

Помпео во посета на Саудиска Арабија за исчезнувањето на новинарот Кашоги

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Саудиска Арабија да разговара со кралот на земјата во врска исчезнувањето на наводното убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати Помпео во кралството откако разговараше со кралот на Саудиска Арабија за исчезнувањето на Кашоги. Трамп изјави дека кралот Салман „негирал“ било какво сознание за она што би можело да му се случи на Кашоги, кој пишуваше критички за саудискиот принц Мухамед бин Салман. Читать дальше...

Убиен еден украински војник и двајца сепаратисти на истокот на земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Украина соопшти дека еден од нејзините војници е убиен и тројца се повредени како резултат на судири со сепаратистите на истокот на земјата. Министерството за одбрана денеска соопшти дека сепаратистичките борци 37 пати го прекршиле прекинот на огнот во последните 24 часа, пукајќи со митралези, гранати и минофрлачи. Министерството наведува дека украинските владини сили убиле двајца сепаратисти. Сепаратистите поддржани од Русија соопштија дека владините сили 33 пати го прекршиле прекинот на огнот, употребувајќи исти видови оружје. Читать дальше...

Криумчарите со мигранти и натаму активни

SlobodnaEvropa.mk 

Иако западнобалканската мигрантска рута е затворена, сепак, преку криумчарски канали мигранти секојдневно ја преминуваат македонската граница и се упатуваат кон ЕУ. Од МВР посочуваат дека од почетокот на 2018 година до 23 септември, откриени се 43 случаи на криумчарење на мигранти.

Киднапирани ирански граничари на јужната граница со Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските медиуми објавуваат дека 14 граничари, вклучително разузнавачи од Револуционерната гарда, денеска биле киднапирани на јужната граница со Пакистан. Официјалната новинска агенција ИРНА известува дека граничарите биле киднапирани меѓу 4 и 5 часот наутро од терористичка група во областа Лулакдан. Лулакдан се наоѓа на околу 150 километри југоисточно од Захедан, главниот град на југоисточната провинција Систан-Блучистан. Од вкупно 14 киднапирани лица, двајца биле членови на разузнавачката... Читать дальше...

Италија бара ЕУ фондови за мали бизниси во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави дека на самитот на Европската унија на 18 овој месец ќе побара од лидерите на Унијата да им дозволат на Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој да финансираат мали и средни претпријатија во Русија како што и беше пред санкциите воведени во 2014 година. Според извори во Брисел, тешко ќе биде ваквиот предлог да биде прифатен на овој самит, но може да се очекува тоа да биде направено на состонокот на лидерите во декември. Италија... Читать дальше...

Истрага дали напаѓачот во Келн бил поврзан со екстремистите

SlobodnaEvropa.mk 

Се уште не се познати мотривите на мажот кој вчера два часа држел како заложник жена на главната железничка станица во Келн, а повредил уште две лица, соопшти полицијата, наведувајќи дека се води истрага дали тој бил поврзан со екстремистите. Сведоците наведуваат дека напаѓачот додека влегувал во ресторанот во кој фрлил молотов коктел изјавил оти и припаѓа на Исламската држава. Полицијата успеа да го уапси откако го застрелала, по што тој бил опериран во болница.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *