Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Октябрь
2018

Новости за 30.10.2018

Десетици мигранти во БиХ префрлени во прифатен центар

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во Босна и Херцеговина соопштија дека десетици мигранти кои со денови кампуваа близу границата со Хрватска, се префрлени во центарот за мигранти во северозападна Босна. Полицијата соопшти дека мигрантите денеска се префрлени со автобуси, без инциденти, што би овозможило отворање на граничниот премин, кој беше блокиран по нивното пристигнување минатата недела. Мигрантите пристигнаа во областа со надеж дека ќе им биде дозволено да преминат во Хрватска. Меѓу нив и босанската полиција имаше судири... Читать дальше...

Ликовната поема на Ивана Настески изложена во КИЦ-Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Триесет и осум дела, слики и графики, ќе бидат изложени на деветтата самостојна изложба на Ивана Настески, што од 1 ноември се одржува во Културно-информативниот центар Скопје. Тематски поставката реферира на танцот и на играта како важен елемент од постоењето на човекот.

Пензионери во Србија протестираат поради намалени пензии

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку стотици пензионери се собраа во центарот на српскиот главен град на протест против намалувањето на пензиите и нискиот животен стандард. По денешниот собир на плоштадот „Никола Пашиќ“ во Белград, демонстрантите маршираа до Уставниот суд. Слични протести беа одржани во неколку други српски градови. Во февруари 2015 година, владата на тогашниот премиер Александар Вучиќ потпиша тригодишен договор за заем со Меѓународниот монетарен фонд, откако белград се заложи за мерки за намалување на својот долг и буџетски дефицит. Читать дальше...

Тетово се бори со употребата и продажбата на дрога

SlobodnaEvropa.mk 

Тетовската полиција во септември почна акција за справување со продавачи на дрога. Досега имало 150 приведувања. Во меѓувреме зголемен е бројот на лицата кои користат дроги во Тетово и околината.

Харадинај: формирањето на косовската војска не се однесува на 28 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека процесот на формирање на косовската војска не се однесува на датумот 28 ноември, како што претходно тврдеше српскиот претседател Александар Вучиќ. Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека има сознанија оти косовската војска ќе биде формирана на 28 ноември, кога се обележува Денот на албанското знаме. Инаку, Харадинај, пред утрешната седница на косовското Собрание на која ќе се расправа за дијалогот меѓу Белград и Приштина... Читать дальше...

НАТО и Русија ќе одржат воени вежби, Столтенберг очекува професионалност

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека очекува Русија да се однесува на „професионален“ начин, во услови кога оваа недела Руската морнарица и Западната воена алијанса ќе одржат вежби во иста област, во водите на норвешкото крајбрежје. Зборувајќи денеска, откако присуствуваше на воените вежби на НАТО „Trident Juncture“, во неговата родна земја Норвешка, Столтенберг потврди дека минатата недела воената алијанса била информирана за планираните тестови на Русија на ракети во меѓународните води на скандинавската земја... Читать дальше...

Османи: изборните реформи ќе бидат имплементирани за претседателските избори

SlobodnaEvropa.mk 

Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претседателските избори на пролет, се наш приоритет, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на средбата со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која.  Османи посочи и на останатите реформи кои ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европсакта комисија во април следната година. На средбата, како што соопшти СЕП... Читать дальше...

Уапсени две лица во Грција кои организирале превоз за мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Во два одвоени случаи грчката полиција уапсила две лица кои со комбиња имале намера илегално од Грција да изнесат вкупно 31 мигрант. Според извештаите на грчките медиуми двата случаи биле откриени во поширокиот регион на Кукуш, а мигрантите требало илегално да излезат од Грција и да влезат во Македонија. Грчката полиција соопшти дека во првиот случај 20-годишен странски државјанин, откако ги забележал полицајците од Тимот за превенција и борба против криминалот, ја зголемил брзината и со опасни маневри се обидел да побегне... Читать дальше...



Вучиќ: косовската војска ќе биде формирана на 28 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Имам сознанија дека на 28 ноември ќе биде формирана косовската војска, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на денешна прес-конференција по владината седница со Србите од Косово. Според него, Албанците имаат намера на Денот на албанското знаме да го прослават и одбележат со создавање војска на Косово, „Тоа е спротивно и на нивниот Устав и на сите меѓународни договори, и на Резолуцијата 1244 и на кумановскиот договор, и на Бриселскиот договор и на бриселскиот договор кој го имаат со НАТО“, изјави Вучиќ. Читать дальше...

Интернет гигантите ја предупредуваат ЕУ против данокот на дигитални услуги

SlobodnaEvropa.mk 

Шефовите на група технолошки компании предупредија дека данокот на дигитални услуги што го предложи Европската комисија ќе ги попречи иновациите и економскиот раст. Во писмото до министрите за финансии од ЕУ, 16 технолошки фирми, меѓу кои Спотифај, Букинг и Заландо, наведуваат дека предложениот данок би ја подрил целта на ЕУ за единствен дигитален пазар и дека би „го оштетил целиот бизнис кој е катализатор на економскиот раст и вработувањата во европската економија“. Европската комисија го претстави планот во март... Читать дальше...

Трамп сака да го укине државјанството според раѓање

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да потпише извршна наредба со која ќе стави крај на уставното право на државјанство за децата на нелегални имигранти или луѓе што не се државјани на САД, кои се родени на американска територија. Според 14 амандман од Уставот на САД, сите деца родени во САД имаат право на американско државјанство. Во дел од интервју за ХБО, кој беше објавен денесека, Трамп вели: „Ние сме единствената земја во светот каде што некој доаѓа и раѓа бебе и... Читать дальше...

Јанко Бачев на разговор во полициска станица

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев е на разговор во полициска станица поради закана која ја упатил преку социјалните мрежи. На фејсбук страната на „Единствена Македонија“ наведуваат дека нивниот претседател Бачев е приведен од страна на полицијата додека се движел кон партискиот штаб каде требало да оддржи состанок.

Вошки во две третини од софиските училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Во периодот од 18 до 28 септември во Софија биле проверени 178 училишта, и во 113 од нив биле откриени деца со вошки, соопшти Регионалната здравствена инспекција за главниот град (СЗРИ). СЗРИ на својата интернет страница денеска објави резултати од направените проверки во септември и тие покажуваат дека вошливоста преовладувала претежно во нижите одделенија, каде 58 отсто од откриените случаи биле кај деца од претшколски групи до четврто одделение, а 38 проценти од петто до седмо одделение. Во последните... Читать дальше...

По Рангелова, и Затуроска се повлекува од водењето на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката Лилјана Затуроска поднесе оставка од позицијата генерален секретар на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Пред неколку часа и претседателката на Унијата, Даниела Рангелова, се повлече од функцијата, затоа што, како што наведе, не сака да биде дел од партиското раководство што ја изолира ВМРО-ДПМНЕ. Затуроска, во објавата на Фејсбук, и се заблагодари на Рангелова за довербата што и ја дала во два мандати да биде генерален секретар на Унијата на жени. „Рангелова и тимот ја поставија Унијата... Читать дальше...

Шекеринска - Скандирањата на воената парада во Солун не се во духот на пријателство

SlobodnaEvropa.mk 

Скандирањата на воената парада во Солун против Договорот од Преспа не се во духот на пријателство и создавањето добрососедски односи, оцени вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на новите професионални војници во скопската касарна „Илинден“. Таа посочи дека од моментот кога е потпишан договорот, и во Грција и во Македонија постојат групи на луѓе, поединци, организирани групи кои се противат на новиот дух што, како што рече, сакаме да го наметнеме во регионот. Читать дальше...

Во фокусот на Владата само уставните измени околу Договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Владата не сака да коментира што конкретно ќе содржат уставните амандмани по предлозите на опозициските пратеници, Алијансата за Албанците и БЕСА. Но, фокусот е врз измените кои се однесуваат на Договорот за името. За експертите, останатите амандмани од партиите од албанскиот блок не се прифатливи.

ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Скопје почна предистражна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Како што соопшти ОЈО Скопје, предистражната постапка е покрената постапувајќи по две анонимни пријави. „Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од... Читать дальше...

Рангелова се повлекува - Не можам да бидам дел од раководство кое ја изолира ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката Даниела Рангелова поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, зашто, како што вели, не може да биде дел од раководство кое ја изолира партијата. Таа останува пратеничка.  Вчера, пратеникот Драган Данев рече дека веќе нема да биде координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, од партијата беа исклучени пратениците кои гласаа за почеток на постапката за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа, но и други видни членови и поранешни функционери... Читать дальше...

Каменос - Русија и Грција делат заеднички православни вредности

SlobodnaEvropa.mk 

Заедно можеме да помогнеме во решавање на проблемите кои го засегаат поширокиот регион на Балканот, рече министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос по средбата со неговиот руски колега Сергеј Шојгу. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за билатералните односи, прашањата поврзани со безбедноста во поширокиот регион на Блискиот Исток и Балканот, размениле мислења рускиот и грчкиот министер за одбрана на нивната вчерашна средба во Москва. „Грција и Русија имаат традиционални односи и на безбедносно и на дипломатско поле. Читать дальше...

Како Шилегов ќе ја исполни неговата „света должност“ за чист воздух?

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Скопје минатиот декември најави дека до 2021 година главниот град ќе стане зелена европска престолнина, а за една година управување со градот против аерозагадувањето исполни само една мерка, која, според екологистите, воопшто не е приоритет.

Осуммина загинати во невремето во Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Осум луѓе загинаа во невремето и поплавите кои ја зафатија Италија од неделата, соопшти цивилната заштита, додека бројни училишта ширум земјата денеска се затворени. Во голем дел од Италија има предупредување од поплави поради поројните дождови, а лошото одржување на речните текови само го влошува проблемот. Силниот ветер соборува дрвја, а четворица од загинатите на тој начин го загубиле животот во подрачјата на Неапол и Лацио. Италијанските медиуми јавуваат дека 170 луѓе, туристи и вработени во хотелите... Читать дальше...

Каменуван косовски автобус во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Автобус со патници од Косово е каменуван од засега непознати лица синоќа во српскиот град Крушевац, јави дописникот на МИА од Приштина. Еден од патниците во автобусот, Ука Халилај, заКосовската радио-телевизија (РТК) изјави дека нападот со камења, при што е распукана шофершајбната на автобусот, се случил минатата ноќ околу 22:20, а припадници на српската полиција пристигнале на местото на настанот 15 минути подоцна. Автобусот сообраќа на релацијата Приштина-Виена и по увидот на полицијата го продолжил патот.

Паркер се приближи до Сонцето

SlobodnaEvropa.mk 

Соларната сонда Паркер на НАСА се наоѓа најблиску до Сонцето од кој било вселенски брод досега. Паркер го надмина рекордот од 43 милиони километри до Сонцето, поставен во 1976 година од сондата Хелиос 2. Паркер ќе продолжи да му се приближува на Сонцето се додека во следната недела за првпат не помине низ короната, надворешната Сончева атмосфера, 24 милиони километри од површината на нашата ѕвезда. Паркер ќе се приближува до Сонцето 24 пати во текот на следните седум години, а најмалото растојание ќе биде само шест милиони километри. Читать дальше...

Ефикасна администрација или послушни кадри?

SlobodnaEvropa.mk 

По најавите на надлежните за реформи во администрацијата без отпуштања на вработени, а преку реорганизација на институциите, експертите оценуваат дека ефект може да се постигне само доколку се поставуваат „вистинските луѓе, на вистинските места“.

Пентагон испраќа над 5.000 војници на границата со Мексико

SlobodnaEvropa.mk 

Американското министерство за одбрана соопшти дека ќе испрати над 5.000 војници да ја „засцврстат“ јужната граница против мигрантскиот караван кој се движи низ Мексико. Генерал Терен О’ Шонеси им изјави на новинарите дека на границата веќе се наоѓале околу осумстотини војници и оти тие ќе останат таму до крајот на неделата. На границата со Мексико има и околу 2.000 припадници на Националната гарда. Карванот со мигранти извесно време полека се движи од Централна Америка кон север, но бројот мигранти почна да опаѓа.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *