Во изминатото деноночие во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вкупно 2.353, а се зголеми и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, јави МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, приклучени на апарати се 422 лица, 16 повеќе од вчера, а регистрирани се уште 23 смртни случаи. Од 2.353 новозаразени, половина- 1.159 случаи се во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Читать дальше...
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување мерка притвор за трoјца учесници во протестот за пресудата за случајот „Монструм“ што се одржа во петокот, а на кој беа повредени 11 полицајци. „Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 февруари учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“. Притоа тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила... Читать дальше...
Соединетите држави и Европската унија објавија координирани санкции против руски официјални лица во врска со труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Вашингтон денеска соопшти дека санкцииите се насочени кон седум високи руски функционери откако разузнавачите заклучиле „со голема доверба“ дека офицери од Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) стојат зад труењето со нервен агенс на Навални во август. Експерти на ОН бараат меѓународна истрага за Навални САД соопштија дека ќе ги објават... Читать дальше...
Имаме јакнење на безбедносните служби кои се под извршната власт, рече премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на прашање на новинарите дали е утврдено која институција потфрлила за случајот со бегството на обвинетиот Сашо Мијалков. На денешната прес конференција на која беше презентиран акцискиот план за борба против корупцијата, Зеав прашан за бегството на Мијалков рече дека државните органи сепак успеале да го натераат да се пријави, а порача и дека системот мора да се усовршува за да нема повторни разочарувања. Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје – 367. По Скопје градови со најмногу заразени лица се Прилеп, каде има 53 нови случаи, Куманово – 34, и Неготино – 29. Пријавени се вкупно 7 починати лица, од кои двајца пациенти се од Скопје (77г,74г) и двајца од Кичево (71г, 51г) , и по 1 пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г) Регистрирани се 368 оздравени пациенти. Читать дальше...
Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ побара затворање на границите на државата и забрзана имунизација, наведувајќи дека здравјето на граѓаните е во сериозна опасност. Ѓукановиќ рече дека бројот на починати е „страшен“, како и бројот на заразени од коронавирус, поради што е потребно навремено затворање на границата за влез во државата без ПЦР-тест, како и забрзување на процесот на имунизација на населението. За да успее тоа, како што рече, „мора да се издигнеме над сите поделби, да заборавиме... Читать дальше...
Со овој акциски план ќе се спречи корупцијата на Владата и ќе се расчисти со коруптивните остатоци од минатиот режим, рекоа денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски, на презентацијата на акцискиот план за борба против корупцијата. „Го усвоивме планот за борба против корупцијата наречен 'Акција 21'. Првите два приоритети се борба прочистување на правосудството и борбата против корупцијата, а планот е производ на политичката волја како Влада да се избориме против корупцијата“, рече премиерот Заев. Читать дальше...
Буџетот е во рамки на проекциите. Тој е во стабилна кондиција и во ниту еден момент за време на кризата не била доведена во прашање ликвидноста на буџетот, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими одговорајќи на новинарски прашања на средбата во Стопанската комора на Македонија. „Сите мерки што се преземени ја зголемија ликвидноста во економијата и ќе продолжиме со предлог-мерки за подобрување на кондицијата на економијата и годината да ја завршиме со позитивна стапка според планираното од 4,1 отсто“, рече Бесими. Читать дальше...
Михаил Горбачов, историскиот реформатор и последниот претседател на Советскиот Сојуз пред неговиот распд, денеска го одбележа својот 90-ти роденден, во карантин, „уморен“ како и сите други од ограничувањата поради ковид пандемијата, објави неговиот портпарол, пренесе АФП. Честитки дојдоа од целиот свет, а претседателот Владимир Путин, лидерот на САД, Џо Бајден, и германската канцеларка Ангела Меркел ги испратија своите најдобри желби, додаде Владимир Полиаков, портпарол на фондацијата Горбачов. Читать дальше...
Стотици киднапирани ученички од интернат во северозападна Нигерија се ослободени и се наоѓаат во просториите на владата на нигериската држава Замфара, изјави гувернерот на таа област. „Среќен сум што објавувам дека девојчињата се ослободени, тукушто пристигнаа во зградата на владата и се во добра здравствена состојба“, изјави гувернерот Бело Матавале за Франс Прес. Како што рече, вкупно 279 средношколки биле киднапирани минатиот петок и сите биле ослободени. Властите најпрво објавија дека 317... Читать дальше...
Еве една задача денес за делување на истражните органи и на самите таканаречени борци против корупција. Набавката за томографија се претвора во нова афера наречена коруптографија на министерот за здравство Вено Филипче, а се однесува на болниците во Кавадарци и Гевгелија, обвини денеска Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека трае драмата за набавка на вакцини, зад завесата се случува уште еден сомнителен тендер овој пат со набавка на томографи за потребите на двете споменати болници Кавадарци и Гевгелија. Читать дальше...
Ако идејата беше да се испише некоја нова и добра приказна Мирко Попов и „браќата“ по емоција и акција од ПМГ тоа деновиве го живеат. Потпишуваат три концерти во три недели во МКЦ, а деветтиот нивни албум „Fraternite“, најсериозното издание досега, полека го освојува и соседството.
Недоволниот капацитет на продукција и на фајзеровите и на сите други вакцини во светот дефинитивно е причината за доцнењето на вакцините кај нас, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој и понатаму тврди дека „навистина денови се во прашање“ и дека Македонија направила се што е потребно за што поскоро да стасаат вакцини против ковид-19. „Не сме членка на Европската Унија и сме надвор од земјите членки на ЕУ и во такви околности сме преземале дејствија коишто значат склучување на договори, склучување на анекси на договори... Читать дальше...
Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, договорија денеска претставниците од овој угостителски сектор со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. На средбата во Владата, што се одржа претпладне, Битиќи и Пауновски повторно истакнале дека заштитата на јавното здравје е најбитна, но и дека е важно да се зачува секое работно место. „Со петтиот пакет мерки, компаниите... Читать дальше...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во Сараево, предаде контингент од 10.000 вакцини на компанијата „АстраЗенека“, што Србија ѝ ги донира на Босна и Херцеговина (БиХ). На сараевскиот аеродром Бутмир, Претседателот на Србија беше пречекан од Претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик и бошњачкиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ. Хрватскиот член на Претседателството, Жељко Комшиќ, пристигнал подоцна, но не присуствувал на заедничкиот состанок. Вучиќ изјави дека овие вакцини „ќе спасат човечки животи во БиХ“. Читать дальше...
Здружението на жртвите на геноцидот во Сребреница во БиХ планира да тужи грчки доброволци, пред се членови на неонацистичката „Златна зора“ кои се бореа со Војската на Република Српска. Во овој геноцид во 1995 година, беа убиени над 8.300 Бошњаци. Пишуваат Аида Ѓугум и Џенана Халимовиќ.
На никого во земјава не му се нарушени правата, ниту на граѓаните кои се декларираат како Бугари, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на новинарско барање за коментар на барањата на бугарскиот претседател, Румен Радев, бугарските безбедносни служби да се ангажираат за заштита на правата на Бугарите во странство, вклучително и во Македонија. „Јас се надевам дека е информативен состанок во којшто сакаат да соберат информации од граѓани коишто се со бугарска определба, и ќе споделат некои информации... Читать дальше...
МАНУ деновиве е во центарот на вниманието со преименувањето и со изјавите на првиот човек за укинување на катедрите за македонски јазик. За новото име на оваа инситуција се бара решение заедно со Владата, а за втората тема од факултетот излегоа со демант.
Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали ќе го сменат името на партијата, согласно Преспанскиот договор со Грција, изјави дека тоа ќе се одлучи на следниот Конгрес, кој е единствениот орган кој тоа може да го направи. „На следните конгреси, тоа не можеме на Извршен одбор или на Централен одбор, тоа е Конгресот на партијата, којшто ретко се свикува. Од уставните промени сме одржале само еден конгрес, онлајн… Верувам дека во периодот пред... Читать дальше...
Деканката на филолошкит факултет Анета Дучевска негира дека кога било постоел документ за укинување на националните катедри. Оваа тема се отвори во јавноста откако претседателот на МАНУ рече дека се планира укинување, па потоа и професорката Јасна Котеска тврдеше дека има и таков документ.
Австрија и Данска во иднина повеќе нема да се потпираат на Европската унија (ЕУ) и ќе работат заедно со Израел на вакцина против коронавирусот, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц, пренесе АП. Пред да замине за Израел, Курц објави промена на курсот во стратегијата за борба против вирусот. „Во иднина веќе нема да се потпираме на ЕУ и заедно со Израел ќе произведуваме вакцини од втора генерација против понатамошни варијанти на вирусот во следните години, и заеднички ќе ги истражуваме можностите за лекување“, рече Курц. Читать дальше...
Државниот завод за статистика (ДЗС), денеска, преку соопштение, ги негира наводите објавени на социјалните мрежи и во некои медиуми, дека апликацијата за попишување на иселениците е пробиена, оценувајќи ги ваквите информации како неточни и деструктивни. Реакцијата доаѓа по објавата на програмерка од Македонија која тврди дека со користење на ВПН адреса, од Македонија ја пополнила апликацијата за попис која може да се отвори само од странство. „Во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса... Читать дальше...
Ахмети сè уште е единствената фигура во партијата, која може да ги обедини сите, вели аналитичарот Џељал Незири за последните случувања во ДУИ. Аналитичарот Сефер Селими вели дека Ахмети секогаш бил доста итар да биде во можност да ја одржи внатрешната кохезија.
Ние реагираме за секој случај и се радуваме на тоа што и колегите од Северна Македонија започнаа да реагираат затоа што на крај тоа се и нивни државјани, тие живеат таму. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Недозволиво е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување, изјави бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиерка, Екатерина Захариева, во интервју за бугарската БНТ, на прашањето за „Бугарите во Македонија“. Оваа нејзина изјава... Читать дальше...