Нови 999 позитивни на коронавирус, 21 починат
Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 999 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.566 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 117.437. Починати се 21 пациент во изминатото деноноќие сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава моментално е 3.424 лица. Во моментов во земјава има 14.176 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство. Читать дальше...